Значи вака, го имате видено засилувачот кој имам намера да го правам, така за истиот имам осмислено контрола со користење на микроконтролер.
Што ме носи до прашањето кој микроконтролер да го искористам/купам/нарачам како примерок?
Значи мене ми треба микроконтролер што ке може да ги контролира следниве работи:
- 17 DPDT Релеи [3 за Излезите и 14 за Влезовите]
- 3 PGA2310 Интегралци
- LCD/VFD Екран
- IR Сензор
- LED индикатори за влез/излез
- OnBoard KeyBoard [За контрола на опциите на засилувачот]