Еве уште една мислам интересна и корисна градба која што ја направив пред одприлика 8 месеци, мислам, и која што сеуште работи без при тоа да прегори ниедна сијалица. Шемата и hex фајлот е превземена од руски колега, од каде и што приложувам линк. Имено во оригиналот е направена плочка предвидена да се стави во кутија која е правена по Руски стандард и кај нас како таква е неупотреблива. Јас ја направив да можи да се стави во наша кутија која што по димензии е 60мм. Плочката е направена во Sprint layout, шемата е направена во Splan 7.0 , а истата шема ја приложувам и во JPG формат. Исто така го приложувам и оригиналниот hex фајл. Истиот можи да се најди и во оригиналниот линк кој што го приложувам.
Што е интересното кај овај уред. Како прво, работи скоро со секој далечински управувач кој што го користите дома, за разлика од слични уреди кај кој што треба да се користи било кој далечински но со тоа што командите треба да се "учат". Овај уред, со притисок на било кое дугме од далечинското, и задржување од 4 сек. влегува во така да го наречам АКТИВЕН МОД, при што е спремен сијалицата да ја запали, угасни, постепено запали, постепено угасни односно да се подеси на било кое ниво на осветлување кое ни е потребно. Исто така доколку се заборави сијалицата запалена, на пример доколку се замини некаде, после 12 сати сама се искључува. Има и други наредби кои се ставени од нашиот колега од Русија а кои можат и да се видат на оригиналната страна.
ПРЕДУПРЕДУВАМ, ОВАЈ УРЕД РАБОТИ ДИРЕКТНО НА 220в и е потребна крајна внимателност при работата со него.
Уредот е сместен зад обичен прекинувач за звонче на кој што се продупчени 2 мали отвори, едниот за лед диода а другиот за Инфра ред приемникот, кој што е сместен односно залепен зад тој отвор. Двата отвори се со големина на употребената ЛЕД диода. Самиот прекинувач се користи за да можиме да ја запалиме или угасниме или регулираме сијалицата, без да се користи далечинскиот управувач, на пример кога влегуваме ноке дома. Имено ако се притисни брзо и отпушти, сијалицата се пали и обратно а доколку се држи прекинувачот, полека се гаси или пали.
Па мислам дека тоа би било скоро се околу овај уред. Доколку има прашања, ке одговорам на нив. Да нагласам дека овај уред е предвиден за снага до 500 Вати и тоа само за обични сијалици со влакно а не смее да се користи за на пример неонско осветлување. Исто така пропуштив да кажам дека пригушницата во оригиналот беше намотана воздушно, но така зазема голем простор, па јас ја намотав на округло феритно јадро и треба да биди 10 uH. Во зависност од употребеното тело, некаде 7- 10 намотки со што подебела жица. Истата мислам дека не е критична, но сепак не е лошо да се зачува пропишаната вредност.