Здраво Devil,
Многу слична шема имам користено прилично одамна, исто на LPT порта.
Но сум ја користел со софтверче кое ми работеше на Win95. Не сум го пробал на WinXP.
Дури софтверчето имаше setting, да одбериш дали со логичка 1 или 0, се активира VPP, и слично.
Обично, под Win95 (освен преку driver-и), како и под DOS, дозволено е директно обраќање и запишивање во регистрите на чипот за LPT. Под WinXP тоа е повеќе стегнато и треба таа комуникација да оди обавезно преку driver-и.
Колку што го запазив разговорот, ми изгледа дека проблемот е само во софтверчето.
Само пробај побарај софтвер, друг, за иста/слична шема, кој може да работи под WinXP.
Или други варијанти: направи си dual-boot на компјутерот на харддиск, или пак ако може одделно boot-абилно CD со Win95 па само кога ќе програмираш ќе покренуваш Win95 со овај софтвер кој ти кажуваат дека работи под Win95.
P.S.
Поентата ми е само да побараш и на други места софтверче кое работи на WinXP, не мора само од кај што е понудена шемата/плочката, бидејќи шемата е многу стара, и веројатно на Интернет ќе најдеш и по-нов софтвер за истата шема.... Јас не го знаев овај програматор под името "Tait".
Поздрав.