Author Topic: 5G - опасност по здравјето или не?  (Read 81321 times)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Re: 5G - опасност по здравјето или не?
« Reply #60 on 15.04.2020, Wednesday, 21:58:28 (Edited 15.04.2020, Wednesday, 22:16:33) »
Дали тие статистики се директно поврзани со 5Г или некоја друга безжична технологија?
Има многу причини за зголемување на несакани абортуси, рак и глупавост кај луѓето. Алкохол, цигари, дрога/сите дроги (без разлика што викаат наркоманите), сите тие се работи кои доброволно се користат, повеќе пати е докажано дека се штетни и се директно поврзани со рак, абортуси/дефекти кај новороденчиња, моронизам.
Незнам зошто се скока сето тоа и се и се препишува на 5Г за која уште ништо не е докажано.
Пак ќе кажам, не викам дека 5Г е штетна, не бранам ништо само пробувам бидам реален и објективен, коментираме за технологија, мислам дека суеверија баење и магии немаат место на форум за  електроника/технологија.
Значи према тебе сите што имале спонтан се наркомани, пијаници морони ?
Алкохолот дрогата и цигарите ти се личен избор, 5г то нема да можеш да го избереш.

Не викам јас дека сите кои имале спонтан абортус е поради тие причини, но алкохол, дроги, цигари се потврдени дека имаат влијание на здравјето на луѓето и нивната употреба/злоупотреба се причина или дел од причините за спонтан абортус или за здравствени проблеми кај новороденчиња. Има докази/истражувања кои го поврзуваат користењето дроги, алкохол цигари за време на бременоста со проблеми во бременоста, несакани последици врз новороденчињата или спонтан абортус.
Додека ти причината за зголемените статистики ја најде во 5Г, како и зошто незнам.
Кога почна да се тестира/користи 5Г а кога успеаа да се направат статистички анализи/споредби со зголемен број на луѓе со рак/тумор, спонтани абортуси и слични проблеми, или само да се каже нешто колку да се нападне и обвини 5Г?

Точно е, алкохолот, дрогата и циарите се избор, сите знаат дека се штетни, докажано е повеќе пати. Огромен број на луѓе свесно и самоиницијативно избираат да се троват со разноразни глуости секојдневно, а потоа се обвинува 5Г за зголемено тоа золемено другото, третото. Така е поклесно, да се обвини непознатото и тоа врз кое немаме влијание, некој друг да ни е крив. Ако ги обвиниме работите кои можеме да ги контролираме ќе треба да прифатиме дека сами сме си криви за тоа што ни се случува а не некоја виша сила.
Сите негативни работи и се припишаа на технологијата особено сега на 5Г, јас лично очекувам некој да излезе на телевизија или на интернет и да каже дека поради 5Г луѓето премногу пијат, пушат се дрогираат, дека 5Г ги тера на самоуништување.
Пак ќе кажам, незнам дали 5Г е штетна или не, но сигурен сум дека не е причинител за сите гомн...и кои и се препишуваат.
А кај пишав па дека сте последици се само од 5г? него дека технологијата има удел. Факт е дека е зголемен бројот на канцери и несакани абортуси. Ти велиш, не луѓето пијат се дрогашат пушат цигари од то е. Ја вела не е само од тоа. Колку има ни пијат ни пушат ни се дрогираат, па починале од рак или имале несакан аборус. Со ними што прајме ? Од кај се тие забоувања? Не велам дека е од 5г, ама од нешто е, во повеќето случаи поим немаат од што е. Велам да се испита, па да го пуштат. Цигарите догло време си ги терале, па тек после напревиле испитувања и кажале дека се штетни. Исто и алкохолот. Од кај да знаеме дека ова е 100% сигурно ?

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Разговараме на тема 5Г и нејзиното влијание врз здравјето на лугјето. Твојот коментар
Quote
Провери статистика за заболени од рак и несакани абортуси
директно асоцира на поврзаност помеѓу 5Г и зголемениот број за тие статистики. Како да се свати тоа? Јас го свакјам како директно обвинување на 5Г за тоа.
Темата стана многу субјективна и отиде многу OFF TOPIC. Мислам дека кажав се што можам/знам да кажам на темата.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Quote
Ако треба да се одговори на прашањето „Дали 5Г е штетна?“, краткиот одговор би бил: „Не повеќе од другите безжични технологии што веќе ги користиме секојдневно“.

А ова го изостави, а ;D.

Quote
Како што ќе се зголемува присутноста на 5Г, така ќе расте и бројот на научни студии поврзани со ефектите од 5Г.

Муабетов до 5G ме асоцира на тоа кога Едисон правел секакви заговори за да го спречи воведувањето на наизменичната струја на Тесла.  ;)

Ај... еве вака да гледаме на работите. Најди ми една работа, освен потребите на определени IoT уреди (практично, само автономни возила, кои, да се разбереме, се дааааалеку од масовна употреба), која го оправдува воведувањето на 5G и поради која можеме да кажеме дека, да, во денешно време, навистина е неопходно да имаме 5G. Една најди ;D.

Паралелата ти паѓа во вода од старт. Ако мислиш на оние кои врескаат „корона = 5G“ на FB, да тоа е простата раја... за жал, се погоди короната да е во исто време како и почетокот на воведувањето на 5G, инаку, пак ќе речам, целото воведување на 5G ќе пројдеше глатко и без (скоро) никакви проблеми, иако уште лани, на почетокот на 2019-та, определени научници изразија загриженост поради високите фреквенции кои ги користи 5G, но пред се поради огромниот bandwidth кој се дава на располагање на 5G на овие фреквенции. Намерно го болдирав ова бидејќи ова беше вистинската причина поради која се дигна мала фама уште лани, но помина скоро сосема незабележано од медиумите и широките маси... и сосема нормално зошто помина така... „Што? Фреквенции, 5G? Спектар, bandwidth ???... ОК, ај ја да си се вратам на манијачење на профили 8).“. Ова е типична реакција на необразована и незаинтересирана раја за ништо друго освен п*чки, е*ење (и мажи и жени се такви, не се лажете да мислите дека само мажите сакаат да се плескаат), варање и се останато што спаѓа во доменот на „ниски страсти“. Ваква не е состојбата само кај нас, низ цел свет е ваква... за жал.

И затоа сакам да го потенцирам ова. Сега сите оние кои, оправдано и со факти, сме загрижени за користењето на оваа технологија, се гледани како „будали“ од страна на научните кругови бидејќи не ставаат во иста клапа со оние кои се дерат „корона = 5G“ на FB.

Така да, паралела меѓу она што било во времето на Едисон и Тесла и ова, нема. Едисон бил свесен за супериорноста на наизменичната струја над еднонасочната, ама повеќе пари имало во еднонасочна (бакар, негови уреди, негови луѓе монтери, итн.) и повеќе му чинело да се преферира едноснасочната во однос на наизменичната. Затоа и пробувал да го оцрни Тесла. Впрочем, ова е стандарден пристап кон било кој проблем во капитализмот. Ако не можеш да го тепаш, оцрни го она што го направил, по можност и него, и никој нема да сака да го користи тој изум ;).

Никој од нас не пробува да ја оцрни 5G. Само пробуваме да ги натераме оние кои се надлежни и одговорни за стандардизација на овие технологии да не пристапуваат кон воведување на вакви новитети со став „како чемо, лако чемо“. Овој пристап им поминува децении наназад (до пред 20-тина години, исто беше и со 4G, недоволно испитана беше и таа, но за нивна среќа, немаше корона тогаш ::)) и редно време е да престане и сериозно да си ја работат работата за која еден куп луѓе во тие организации се платени и шетаат низ светов со цел „као се доусовршуваме во струката“ (::))... епа ако е навистина така, време е да покажате што сте научиле по симпозиуми и семинари, нели ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Разговараме на тема 5Г и нејзиното влијание врз здравјето на лугјето. Твојот коментар
Quote
Провери статистика за заболени од рак и несакани абортуси
директно асоцира на поврзаност помеѓу 5Г и зголемениот број за тие статистики. Како да се свати тоа? Јас го свакјам како директно обвинување на 5Г за тоа.
Темата стана многу субјективна и отиде многу OFF TOPIC. Мислам дека кажав се што можам/знам да кажам на темата.
Како што е напишано, наведено е колкав е процентот на пушачи, откриени причинителини не откртиени.
Безжичните технологии ( поточно мрежи) се длабоко нвлезени во бизнисот, па нела да хидиш бш најомилен лик да испитуваш штетно влијание на безжичните системи врз живиот свет. Замисли бизнисмен без било каков мобилен, без меил, посериозна фирма без web....

____________
Не верувам дека Тесла како примарна цел на безжичната комуникација замислил фотки "со муцето најсwатко", и збирање лајкови.
Точно дека ураниумот релативно баѓи не зрачи, и е далеку полош од рф зрачење, ама према муабетот ај па да се удриме на разврт и блут, и онака ќе умриме од ураниумот, се^ друго е ништо во споредба со него.

Offline milika

  • Нов член
  • *
  • Posts: 24
Се имa свoјa двoјнa прирoдa aјде сaмo смиренo вo духoт нa тoa еден виц. Шта је бре oвo Мујo ви имaте више прелoмa кoстију негo изгoреницa. Ах друже дoктoре пa другoви ме гaсили лoпaтoм секoе дoбрo.  :D

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Иначе ја увек сум за скара пред 5г. ете ако е штетно и тоа и тоа, одбирам доброволно да се трујам со скарата, барем убо ќе ми е дур јада... :)

Offline milika

  • Нов член
  • *
  • Posts: 24
Скaрa не oди без пивo тaкa е зa пoлнo уживaње :D

Offline Пријателот

  • Нов член
  • *
  • Posts: 21
Провери старистика за заболени од рак и несакани анортуси.
Кај мене, во населба најстарата базна станица која беше поставена е околу 2000та година ( на една куќа) . По 15 годинми,  во радиус од 50м- 100м имаше 3ца починати од рак. Еве да е случајност и "случајност" според описот на СЗО, мислам дека би требало да се води медицински дневник од страна на Медицински факултет ( пред да се воведе нова технологија). Тој дневник треба да го води секоја држава.

Quote
Ако треба да се одговори на прашањето „Дали 5Г е штетна?“, краткиот одговор би бил: „Не повеќе од другите безжични технологии што веќе ги користиме секојдневно“.

Code: [Select]
https://www.fakulteti.mk/mobile/news/15042020/dali-5g-e-shtetna-objasnuva-doc-d-r-valentin-rakovikj-profesor-na-feit

Го прочитав известувањето кој го опфаќа и другите базични техногии. Известувањето е јасно:
-   СЗО : единствениот здравствен ефект од полињата на РФ, идентификуван во научните прегледи, е поврзан со зголемување на телесната температура (> 1 ° С) од изложеност со многу висок интензитет на поле.
што значи , постои кумулација на енергија која е предуслов да се извршуваат хемиски или биолошки реакции.
Јавноста сигорно ја интересира дали тие можат да влијаат на здравјето на животната околуина или луѓето?
На пример. Базните станици се фиксни системи , представуваат континуирани процеси, за кои се тежнее да се за глобална  масовна употреба . Ако тие се поврзави со зголемување на телесната температура (> 1 ° С) на животинскиот свет во природата, тогаш тој  1 ° С кај рептилите во фаза на инкубазија е предуслов за оневозможување на  нивна репродукција и постоење како вид. Разликата од 1 ° С во периодот на инкубација, овозможува појава на машки или женски единки. Со постојано изложување на кумулација од базните станици при термпературни зголемувања од > 1 ° С, се допринесува за нивно исчезнување (линч). При што ќе е евидентно негативното влијание на базните станици врз животинскиот свет.
Ти пишав и предходно, ако технологијата може да опстои во употреба како семи континуаран процес, ќе е во ред. Ако не може ,ќе биде за дисконтинуирана употреба. Имаш замена за интернет ( друга технологија, оптика,.. итн), не е проблем.
Очигледно, во известувањето на СЗО не се дадени никакви податоци како технологијата ги поминала сите анализи , пресметки во механичкото, хемиското, биолошкото, топлинското (термолабилните хемиски реакции) , ... , влијание на технологијата. Такво нешто не постои. Секоја технологија додека не ги помине предходно наведените постапки, не може да биде пуштена во масовна, делумна или специјална употреба, како и  во глобална, локална, лична, комерцијална или само научна примена. Според резултатите се ноисат одлуки. Да ве потсетам , постојат индустриски капацитети кои се изградени и никогаш нема да се користат, затоа што резултатите тоа не го дозволувааат .
Прелиминарно ако те интересира како одат чекорите или дискусиите за секоја технологија, во каков степен може да биде прифатена или се употребува, појди до Технолошки факултет. Погледај колку се ригорозни при одбрана на теза за употреба на некоја технологија.
Јас мислам :
Ако треба да се одговори на прашањето „Дали 5Г е штетна?“, краткиот одговор би бил: „Не повеќе од другите безжични технологии што веќе ги користиме секојдневно
со изјавава во одбрана на тема дали 5г е штетна , нема да поминеш.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
"Кај мене, во населба најстарата базна станица која беше поставена е околу 2000та година ( на една куќа) . По 15 годинми,  во радиус од 50м- 100м имаше 3ца починати од рак. Еве да е случајност и "случајност" според описот на СЗО, мислам дека би требало да се води медицински дневник од страна на Медицински факултет ( пред да се воведе нова технологија). Тој дневник треба да го води секоја држава." Епа ако се направат на 200 метри, прецизна статистика ќе биде оневозможена, оти секкао тука не се фактор само безжичните технологии, но колкав е нивниот удел и дали имаат удел нема прецизни одговори.

Offline Пријателот

  • Нов член
  • *
  • Posts: 21
Епа ако се направат на 200 метри, прецизна статистика ќе биде оневозможена, оти секкао тука не се фактор само безжичните технологии, но колкав е нивниот удел и дали имаат удел нема прецизни одговори.
Примерот се однесуваше буквално за првите куќи во радиусот на предавателот.
Мое мислење е дека се нема ни пробано да се соберат податоци, па нормално, не е можно да постојат никакви анализи.
Постојат и други анализи кои треба да се направат за секоја технолохија, да се провери штетноста (може ќе пропуштам да спомнам некоја) , но се значајни.
Кога се прави анализа, за да се добие влијанието на некоја технологија, при поставување на варијаблите на проценка , мора да се земе во предвид микро и макро влијанието на технологијата . Како и микро или макро влијанието на технологијата врз климата кои се одразуваат на животната средина, кои исто така може да и пресудат на една технологија (да ја модифицираат, комбинираат , заменат, изоставуваат или отстранат).
На пример: 1 фабрика, 1 кола , 1 базна станица немаат влијание глобално да ја менуваат климата, па не се фактор при проблемот со глобалното затоплување.
Но кога ќе треба да се соочиш со намерата и масовната бројност предпоставена глобално да се поставуваат базни станици , каде според СЗО јавното известување  посочува постоење на температурна промена во околината на полето на изложеност, еве тогаш и оваа технологија  (базните станици)  влегува за анализа и дискусија со другите технологии и индустрии да се проценува колкав е нивниото влијание во промената на климата на глобално ниво.
Накратко, доволно е напишано од мене.
Ако постојат други погледи кои треба да се погледнат, анализираат , вреди да се спомнат тука. Тоа нека е допринос во делот за собирање на податоци, нешто што треба постојано да се прави.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ние си дрндаме, карванот си врви... тоа е тоа :-\.

Не е вака само кај нас, секаде е, така да, не се замарам премногу. Како за сите, така и за нас.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Видеото тера на размислување!

Code: [Select]
https://www.facebook.com/PravoNaSlobodu/videos/2707777982879098/
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline milika

  • Нов член
  • *
  • Posts: 24
Поставиле huawei 5g бaзнa стaницa и нa мoнт еверест некaде нa шест илјaди метри не нa нaјвисoкиoт врв мислaм сaмиoт врв 8848 метри негo пoнискo. Тестира хуaвеи и шест ге без никaкoв прoблем без дa ги oметa никoј штoм имa силa и пари немa мнoгу прaшувaње сo пoлнa силa рaбoтaт 8)
Code: [Select]
https://www.the-sun.com/news/768340/5g-tower-installed-mount-everest-using-yaks/

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Re: 5G - опасност по здравјето или не?
« Reply #73 on 06.05.2020, Wednesday, 22:04:06 (Edited 06.05.2020, Wednesday, 23:01:41) »
Значи овај ко вели дека има празнини во знаењето за влијание на микро бранови врз живи организми, што остана за другите да тврдат дека 100% нема штета ?
Code: [Select]
https://www.fakulteti.mk/news/06052020/akademik-leonid-grchev-za-5g-i-zrachnata-mokjnost-na-novite-uredi?fbclid=IwAR3TNFCxrBdq_wYRaDbwlGa1v7ScJzIxIQRQkaGaEZQQyRJs7q3BLabWVWk

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 731
  • Gender: Male
Тоа му е научен труд.