Author Topic: EADGHE штимач за гитара  (Read 1235 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
EADGHE штимач за гитара
« Opened on 20.01.2011, Thursday, 18:15:17 (Edited 20.01.2011, Thursday, 21:06:06) »
Ова е шема на штимач за електрична ( може и за акустична ) гитара! Првите два транзистора се едноставен пп за гитара со голема влезна отпорност и може да се користи и како гитарско пп бидејки има излез за во излезен појачувачки степен.Третиот транзистор има ЛЕД која свети кога жицата е наштимана .Осцилаторот со НЕ555 има 6-то степен преклопник кој преклопува по еден тример за секоја жица посебно.Секој тример се подесува на определена фреквенција,која може да се измери на излезот пин 3,каде пишува ; фреквенцметар.
Во таблицата се дадени фреквенциите на поедини жици за гитара почнувајки од 6-тата (најдебелата) која дава најниска фреквенција.Се напојува од 9В батерија или адаптер,а напонот е стабилизиран со 8,2В зенер диода.Д1 и 2 се германиумски ,од типот АА120.... или слични.На влезот се вклучува некој сигнал генератор или  синусен осцилатор со позната фреквенција и  се поставува на определена фреквенција .Со тримерот се врти се додека не се постигне мах. сјај на ЛЕД.Тоа се повторува за секоја жица посебно.Пожелно е да се стават што подобри тримери,по можност повекеобртни.Повторувањето се изведува и неколку пати со тоа што се остава уредит да се загрее,т.е. да постигне работна температура.Ако се работи за електрична гитара таа се вклучува на влезот и се штима,а акустичната се штима преку вклучен микрофон!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: ЕАДГХЕ штимач за гитара
« Reply #1 on 20.01.2011, Thursday, 18:59:02 »
може ваљда и на наштимана гитара да се наштима? а на местото од лед-диодата да се стави ву(она со стрелки) метар?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: ЕАДГХЕ штимач за гитара
« Reply #2 on 20.01.2011, Thursday, 19:06:30 »
Може да се стави и инструмент со стрелка ,ама треба уште еден степен ( дарлингтон)  за поголемо појачување (осетливост) на инструментот со стрелка.А наштимана гитара... дали си сигурен дека е вистина наштимана?! ;) Ова сепак е уред кој треба првото штимање да го направиш со познати фреквенции т.е. да биде преку некој генератор и фреквенцметар!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: EADGHE штимач за гитара
« Reply #3 on 14.03.2011, Monday, 09:06:30 »
кога реков наштимана гитаран, мислев на тоа некој по слух да ја наштима гитарата, а потоа да ти помогне при штимање и ан уредот, некој пто има осет за музика да речам..  ;)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: EADGHE штимач за гитара
« Reply #4 on 14.03.2011, Monday, 16:19:54 »
Ако си толку добар  :D :D не ти треба штимач!! ;)За да се штима гитарата вистински добро ,се користи некој инструмент (свирче,уред...).И најголемите мајстори не штимаат * на слух*! Ова е добро и ако има бука,ако не можеш да се приклучиш на појачувач да си ја наштимач гитарата.За акустична гитара само ставаш микрофон на влез и пеоцедурата е иста!

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Одг: EADGHE штимач за гитара
« Reply #5 on 14.03.2011, Monday, 17:05:12 »
После неколку чаши (или флаши ) ::) се е наштимано не ти треба штимач а  ни мајстор  :D :D :D :D

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: EADGHE штимач за гитара
« Reply #6 on 14.03.2011, Monday, 18:54:29 »
епа ја како што зна стариов мој штима на цд, пушта музика и према песна, е сега пошто свиркаат уште по "церемонии" верува дека ќе му се најт, барем првот пола саат(дур се наштимат публиката :) )