Кондензаторите што се наменети за филтрација на звук(не во напојувашето) довоно е да се 5 волти, врви само сигнал, но во пракса тешко да најдеш биполарни од 5 в, стандард се 50в.
Пааааа... не би рекол. Поради сигурност, би ставил кондензатори со минимален работен напон од 25V (не само во напојувачката секција, туку секаде). Во секциите наменети за одвојување на филтерот од останатите секции (во конкретнава шема, од првиот post, јас никаде не видов кондензатори за спрега, но треба да има со капацитивност од барем 1uF и максимален работен напон од 50V, пластични, не електролитски... освен ако не се врзува на излез од засилувач филтеров, тогаш доволно е да има само еден конензатор за спрега на излезот од засилувачот).
ја анализирав шемата на batka и печатената плочка со елементите врз него и имам прашање!
Шемата од batka е всушност истата шема од првиот post, само ставена е во pdf
.
1. Во самата шема нема ниеден кондензатор, а на печатената плочка со елементите врз него постојат два кондензатори 4,7/35v ??
Тие се користат за стабилизација на напонот за напојување
. Пожелно е да се стават, но не мора ако напојувачката секција е изведена добро
. Во секој случај, не пречат, така да, остави ги
.
2. 100нф кондензаторите дали да бидат керамички или „блок“(мислам на другиот формат во вид на кукиште со прави агли )
Да, треба пластични да бидат, блок кондензатори
.
3. Дали керамичките од 0.2 мф и 0.4мф на печатената плочка со елементите врз него се заменети со 0.1мф ?
C4 со вредност од 0.2uF (200nF) е изведен со два од по 100nF врзани во паралела. C5 со вредност од 0.4uF (400nF) е изведен со два кондензатори, еден од 220nF и еден од 100nF (очигледно авторот се премислил или пресметал дека за оној кондензатор со вредност од 400nF е подобро да се постави кондензатор со капацитивност од 320nF... не знам зошто, има стандардна вредност од 330nF, така да, овие два може да се заменат со еден од 330nF, не би требало да има некоја забележителна разлика, освен тоа, овие кондензатори имаат толеранција од 10%, така да, дури и да се постават два во паралела, капацитивноста сигурно ќе им варира меѓу 300 и 340, 350nF).