Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Предзасилувачи => Topic started by: nikola_bb on 07.02.2012, Tuesday, 13:20:12
-
Го изработив аудиконвертерот за лампашки звук од емитер 11/2010. Добро функционира со тоа што имам ставено и потенциометар бидејќи користам различни извори на звук. Кутијата, лампата и подножјето ги имам земено од LordZi. Убаво излезе целото еве и слики само малце се лоши дека со мобилен:
(http://pic.mk/images/fJscT.jpg)
(http://pic.mk/images/wfuE.jpg)
(http://pic.mk/images/5n3ET.jpg)
-
одлично изработено ;D само сакам да те прашам колку пари те коштаа сите делови?
А нели во Емитер,имаше 2 преклопника,каде ти е тој вториот?
-
одлично изработено ;D само сакам да те прашам колку пари те коштаа сите делови?
А нели во Емитер,имаше 2 преклопника,каде ти е тој вториот?
За друг проект од емитер веројатно мислиш. Сите делови ме коштаа малце под 20евра
-
И, каков звук вади? Го обојува малку дигиталниот звук, го прави помек? Проба вршеше со PC или со CD плеер?
-
Проба вршев со цд плеер со цд-а од џез музика списанието, го омекнува звукот. Кога си оди преку оптика е некако по оштар по дефиниран, преку ова е поразлеан некако и ме изненади како убаво ги обојува вокалите