иако палењето на коледарски огнови кај нас се смета за пагански обичаи и е против она што го проповеда православната црква, кај нас скоро во цела македонија се палат тие огнови, некои места огновите ги палеа вчера, но по правило бадниковиот оган/ коледе се пали на бадник/коледе а не ден порано
така ние си имавме собрано да не претерам ама едно 10-15 кубици дрва
и сабајлево кон 4-5 сатот си го запаливме огнот
е сега околу шетање по куќи, порано како помали сме шетале и убаво ни беше
сега пошто сме „поголеми“ срамота било да се шета, ама сакаш нејќеш ќе одеш до кај комшиите кај што имаат некоја постара баба и уште не влезен ќе ти ги наполни џебовите со јаболка костени колачиња и слични работи
е јас имам навика за коледен џебовите да ми се полни со костени, кога ќе одам кај тоа малското коледе (каде што сите сме од иста фамилија (едно 15-тина куќи)) кое ни е само на пошироката фамилија родниње и пријатели, и сите се знаеме што е најважно!, земам вадам костените земам една лопата црпам од тоа жарот од коледето и си ги печам на страна
па после кој сака од луѓето може да земе
и некогаш ако заборавам да испечам некој костен одма луѓето ме потсеќаат да земам да наредам да се печат
така да ова нас ни е една така прилично голема слава каде што нема карање расправање или мешање политика и слични работи сите се весели (и повеќе или помалку пијани) кој ќе дојде од страна на коледето нема бркање, него се части со тоа што има моментално намаса и така
јас малку офф топик заминав ама мислам дека не е проблем, ако е проблем кажете ќе избришам