Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Сè останато => Topic started by: batka on 24.11.2012, Saturday, 23:45:57
-
Барајки по шемите за ИЦ бариера наидов на една стара заборавена шема,некогаш многу актуелна и правена.Со било кој ИЦ далечински може да се вклучува/исклучува некој уред (еден клик вклучува- вториот исклучува) ,а сетоа тоа е индицирано со две ЛЕД.Едноставно.
-
Колеги некако ова интегралецов и ИР приемников каде да се најдат ??? ги има ли во Гац или пак БТ? или треба да се маткам по нет да порачувам па да чекам ?
-
Интегралецот сигурно го има и не е скап, околу 20-30ден., ИР ако не на друго место би требало да го има во логинг, инаку на негово место може да се стави било кој друг ИР приемник предвиден за 38kHz, дури и некој изваден од расипано ТВ или сл.
-
овие ир диодите ги има во видеата најчесто :))
-
Хмм.. Колеги јас ја напраив шемава али некако НИКС АРБАЈТЕН xD Не работи .. Кога го приклучувам само едната (црвената) диода свети... ги најдов деловите значи ништо не импровизирав од (телевизиски и видеа приемници) тоа приемникот е ТSOP 1138 А на шемава е 1738 :S и интегралецот исто HCF4017BE незнам дали нешто овие зезаат што не се оргинал или врска неам :S П.С Не е до транзисторите нозете и тие работи пошо прво ги проверив па ги ставив и плус и ги заменив да не сум направил евентуална грешка али не :S
-
треба да провериш дали на пин 14 од интегралецот има некаков сигнал, тоа би било лесно доколку имаш осцилоскоп, провери го распоредот на изводите од овај сензорот да не е поинаков некако
-
Како што кажа Девил провери дали иде сигнал на пин 14 на 4017. Може да пробаш и преку 1К отпорник да донесеш + напојување на 14 -ката.При тоа извади го транзисторот и пробај.Со еден допир треба да се промени состојбата и да светне зелената.Тогаш повтори ја постапката и состојбата треба да се смени ( да свети црвена ЛЕД).Ако тоа е во ред оди понатаму ,провери го транзисторот( дали е исправен ,дали е правилно поставен ,дали е ПНП...).Ако и тоа е во ред,провери ја приемната диода или некој елемент во тој дел,Уредот е повекепати направен и шемата сигурно работи.Дај сликај и стави на Форум,да видиме ,можеби имаш некаде грешка.
-
Слична шема има во последниот или препоследниот емитер, иначе за ИР диодата можиш и TSOP31238 да му акниш, на иста фреквенција работат, 50ден е во алфа бт.
-
Ако може некој да нацрта во некое програмче како би изгледала ППК шемата само да ја принтам и да ја залепам на плочката... :SS пошо вака не ми иде со рачново цртање.
-
Како што кажа Девил провери дали иде сигнал на пин 14 на 4017. Може да пробаш и преку 1К отпорник да донесеш + напојување на 14 -ката.При тоа извади го транзисторот и пробај.Со еден допир треба да се промени состојбата и да светне зелената.Тогаш повтори ја постапката и состојбата треба да се смени ( да свети црвена ЛЕД).Ако тоа е во ред оди понатаму ,провери го транзисторот( дали е исправен ,дали е правилно поставен ,дали е ПНП...).Ако и тоа е во ред,провери ја приемната диода или некој елемент во тој дел,Уредот е повекепати направен и шемата сигурно работи.Дај сликај и стави на Форум,да видиме ,можеби имаш некаде грешка.
Направив како што ми кажа батка али само свети едната диода нон стоп кога транзисторот е изваден, а кога е ставен си свети така како што треба со едно ставање едната со друго другата :S слика не сум во можност да ставам бидејќи УСБ кабелот врска неам кај ми е забатален ...
Споено мислење: [time]20 Април 2013, 17:33:52[/time]
И уште нешто што приметив земав волтметарот и ставам да видам дали до пин 14 иде напон кога свети едната диода (црвената) и другата диода (зелената) и во двата случаи добивам до пин 14 8.44V што мислам дека не е баш логично :S а на излезот имам ставено лед диода уште една кога свети зелената диода излезот е активен кога свети црвената не е активен :S , а ги менувам која диода да свети а која не со тоа што го откачувам од напојување и со повторно ставање се пали едната, па потоа кога пак ќе го откачам и ставам другата диода се пали ..
-
Прво 8V на пин 14? На шемата е 5V!! Понатаму можно е ИР диодата да е во ктаток спој и да го држи откочен транзисторот-провери на база колку е напонот! транзисторот е ПНП и види дали е исправен и поставен правилно.Откачи го транзисторот на влезот и преку отпорник од 1К донеси + напон.Ако е 4017 врзано во ред и исправно флип флопот мора да работи,Види дали 4 и 15 се добро споени!Не стави монтажна шема да видиме да не имаш грешка во поврзувањето.Значи диодата,транзисторот и ИК се проблем,освен ако е се наоколу (пасивните елементи) во ред.
-
Братче 5в е точно шемата во право си али јас го напојувам со 9В батерија :D и малце е испразнета транзисторите 1000 пати ги сменив те обратно те вака те така не и не и не евентуално да е тоа ИР приемникот зафркнат нешто али има и отпорник пред него така да незнам дали би можело да го изгори дека го напојувам од 9в у пм :S Иначе нормално со донесување + на 14 си се мењаат состојбите на диодите :S А сеа едино утре да зеам транзистори нови само. Интегралецотт и проврзувањето на околните елементи се океј 1000% 100 пати проверив!
-
Тогаш,братче сликни ја убаво плочката од двете страни да видиме каде грешиш.И стави си ти 5 V, преку стабилизаторче,а не некои испразнети батерии!!??? 8)
Споено мислење: 22.04.2013, Monday, 00:25:26
Ако велиш дека со + напон се менува состојбата на флип флопот смени го ПНП транзисторот,потоа оној елко 100мФ и диодата.Секако,исправно ли ти е далечинското? ;) 8) Имав еднаш таков случај- не работеше далечинското ! ;D
-
Иначе колеги најдов што е работата т.е мислам дека е. Отиден е ( изгорен) ИР приемникот на еден даташит видов дека работи од 2.5В до 5.5 В а јас имам 8, нешто така да нов ИР приемник ќе земам па ќе ви кажам што сум направил секако интегралецот е океј он трпи и 9в па нагоре слободно :D За слика ќе ставам батка само да го пробам уште ова и кабелчето да го побарам во мешанијава од кабли, 100% немам утка во шемата при цртањето на плочата ама како викаат србите никад не кажи никад :D
-
Па да ти кажам уште кога рече на 8V си го работел уредот мислев да ти речам дека си ја прегорел диодата,ама ти велеше си испитал и ок била! Рече имала отпорник ;D ;D Па се е школа,ајде најди друга и пробај,а ако сакаш со 9 V батерија ,стави стабилизатор 7805 и готова работа.