исто незнам зошто си ставил потенциометар на анодата?
Volume control....
Со ова ја менуваш и работната точка и пправа на цевката, не само Volume-от. Потенциометар за контрола се става на влез, а не на изез од засилувач.
Тек сега видов. Како ти е поларизиран тебе grid-от? Никако? Само му носиш сигнал и толку?
Поларизација за grid-от можеш да направиш преку R2, место него ќе ставиш два сериски врзани отпорници. Прво измери колкав пад на напон има на R2, а потоа види колку сакаш да ти биде напонот за поларизација на grid-от и со пропорции определи колкави треба да бидат вредностите на двата сериски врзни поотпорници. Од нивната спојна точка го земаш напонот за поларизација на grid-от. Во овој случај ќе треба да ставиш и кондензатор за DC одвојување на влезот. Доволно ќе биде 1uF/63V пластичен.
и онаа мрежата од два паралелни отпорници од 390оми?
Сакав отпорот на потенциометарот да не паѓа под одредено ниво, и одлучив да ставам отпорник ~200 оми, 5W, немав таков, па ставив два од 390 оми, 5W паралелно.
Да знаеш, има едно правило. Се поставува „оригиналната“ шема, онаква каква што си ја замислил, а не како си ја извел (освен ако не е некоја специфична ситуација во прашање, паралелна врска на отпорници за да се добие помала вредност не е специфична ситуација). Значи, за во иднина, да знаеш, пишуваш 200Ohm и тоа е тоа, а ти како ќе ја изведеш шемата, тоа е твоја работа.
и 62в се премалку за лампа што е предвидена да работи на 200-300 волти.
Искрено, ако можев и на 9 волти ќе го направев предпојачалото... Мислам дека работи одлично, акоо го оставиме настрана брумот...
I don't wanna burst your bubble, but... цевка на низок напон :S... тоа е исто како да чуваш ротвајлер во кутија за кондури. Не иде. Тие се наменети да работат на висок напон, а тоа што на некои сајтови има некакви шеми со по една или две 9V-ни батерии, тоа е друга работа. Си играат играчки. Нешто слично на оние кои инсталираат Win7 на PI со 16MB RAM. Да, успеаја, ама дали е тоа практично
. Се разбира дека не. Муабетот е „еве, успеавме, инсталиравме и се подига“. Дечки, браво за напорот, одлично, ама ова е практично неупотребливо, се подига половина час и му требаат 15 минути за да отвори Word
.
Исто е и ова. Нема поента. Да, работи, ама како работи :S... едвај, ја мачиш цевката :S.
Со отпорникот на анодата се поставува Load curve и според неа се одредува работната точка т.е. биасот или мирната струја што во твојот случај е обратно, според работната точка треба да бираш load curve со потенциометарот,
Јас имав ставено потенциометар како катоден отпорник, и забележав дека при 1к има најмалку изобличувања при било која вредност на анодниот потенциометар.
Ти изгледа на шашма си го работел засилувачот иако неколку пати ти посочив линкови на кои е објаснет принципот на работа на цевките и пресметките како да пресметаш аноден и катоден засилувач. Ако сакаш да работиш без пресметки, ОК, ама тоа е во принцип несериозен проект. За се има пресметки, па и за ова. Емпириски се одредуваат само вредности кои се претешки за пресметување или нема пресметки за нив. Пресметките за овие едностепени засилувачи се буквално 3 или 4 формули, ништо повееќе. Но, како сакаш. Изборот е твој.
Во секој случај, овој проект, барем за мене, е само експеримент и не може да се смета за сериозен дизајн.
Напојувај го греачот од цевката со еднонасочен напон и едниот од пиновите од греачот врзи го за маса. Вака, греачот е на недефиниран потенцијал. Пробај со било кој од двата пинови на греачот. Со оној со кој вади подобар резултат, со него терај.
Доволно е само преку грец дикректно на греач и некој од пиновите од ламбата на минус на напојување да го врзам?
Не, ти треба стабилизиран еднонасочен напон. Значи, барем грец и кондензатор за филтрација, а пожелно е и коло за мек старт (како што пишав претходно). Негативниот пол од стабилизираниот напон го врзуваш за некој од пиновите на гречот. Кој... ти пишав, пробај со двата пина. На кој ќе добиеш помал брум, на тој остави го.
Сепак, пази. Не е исто да имаш наизменичен напон со ефективна вредност од 12V и потоа да го исправиш и сметаш дека истата ефективна вредност ќе ја добиеш. Максималната вредност на наизменичен напон со ефективна вредност од 12V е 12V*1.41=16.92V. Ако наизменичниот напон го исправиш, ќе имаш еднонасочен напон од 16.92V (минус 1.4V пад на напон од грецот, се сведува на околу 15.5V, што е за 3.5V повисоко од 12V). Пази што правиш. Ако греачите на цевката се напојуваат со константен напон (кај некои цевки, греачите се напојуват со константна струја), во datasheet-ови, напонот се дефинира преку неговата ефективна вредност. Значи, на пример, греачот може да се напојува со наизменичен напон од 6.3V, но ова е неговата ефективна вредност. Ова значи дека ако го напојуваш греачот со еднонасочен напон, ќе треба да го напојуваш со еднонасочен напон со вредност од 6.3V, а не исправен и филтриран наизменичен напон со ефективна вредност од 6.3V.