Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Побарувања => Topic started by: MetallicA on 11.07.2013, Thursday, 23:03:04

Title: Регенеративно радио
Post by: MetallicA on 11.07.2013, Thursday, 23:03:04
не знам дали ова е соодветно место за оваа тема, но во секој случај можете да ја преместите ако сметате дека има потреба до тоа :P. инаку моето прашање е дали некој има сретнато од овие радиа, и дали има пробано да направи со некоја од лампите што ги има по македонија, бидејки како што гледам на интернет сите користат некои стари триоди..... и доколку го има некој испробано дали ке може да постави шема, бидејки навистина ме заинтересира оваа работа ;D.


повеке информации за што дрдорам цело време....  ;)
Code: [Select]
http://en.wikipedia.org/wiki/Regenerative_circuit
Title: Одг: Регенеративно радио.
Post by: stiffy on 11.07.2013, Thursday, 23:39:07
повратна врска?!  ???
Title: Одг: Регенеративно радио.
Post by: MetallicA on 12.07.2013, Friday, 00:18:03
па така изгледа незнам и јас точно затоа прашувам ::). како велат срамота е да не знаеш не е срамота да прашаш. :)
Title: Одг: Регенеративно радио
Post by: GigaWatt on 12.07.2013, Friday, 04:58:17
повратна врска?!  ???

Што има толку чудно, секаде се користи, мора да се користи. Само што најчесто е негативна, во конкретниов случај е позитивна.
Title: Одг: Регенеративно радио
Post by: ivica.s on 12.07.2013, Friday, 10:43:41
Јас имам направено две-три ама не со ламба. Може и со BJT и JFET транзистор да се направат. Инаку моите приемници беа за SW опсегот и беа ептен осетливи. Мана им е што ќе мора нон стоп да ја подесуваш регенерацијата за да имаш добар прием. Инаку може и SSB сигнали да примаш релативно добро.
Title: Одг: Регенеративно радио
Post by: DX-er on 12.07.2013, Friday, 12:18:24
Јака работа е ова радиово, но да се најде детална шема и секако потребната лампа ;) Ивица, ако не ти е тешко стави некоја шема што ја имаш направено (со транзистор).
Title: Одг: Регенеративно радио
Post by: ivica.s on 12.07.2013, Friday, 12:47:42
Оваа беше шемата:

Code: [Select]
http://www.tuberadio.com/receivers.html
Интересно е што 2n2222 може да се замени со BC549/548/547. MPF102 многу тешко се наоѓа (наоѓаше) кај нас, па полесно е истиот да се замени со BF244 кој го има во Алфа. Инаку и JFET-от може да се замени со BC547 и за мое изненадување работеше перфектно.  :)

Треба да се бара транзистор со ниско засилување (hfe вредност од околу 100) односно со суфикс A (на пр. BC547A).  Ако се користи транзистор со преголемо засилување приемникот многу нагло преминува  од 'тишина' во регенерација па малку потешко е да се намести за добар прием.
Title: Одг: Регенеративно радио
Post by: MetallicA on 12.07.2013, Friday, 13:03:49
јас поголго време го гледав ова радио али нигде не видов со некоја лампа што би можела да се најде кај нас....а ниту на форумов имаше ваква тема па си реков ај ке прашам. инаку доколку не најдам некоја шема со лампа ке ја пробам оваа со транзисторот, патем на едно место стретнав пишуваше дека со ова можело да се ловат и радиоаматерски бранови. :)
Title: Одг: Регенеративно радио
Post by: batka on 12.07.2013, Friday, 14:43:59
Ова е многу стара опција и не сум сретнал по форумиве некој да се интересира во моментов за ова варијанта за приемник.Сега најчесто се користат  и се изработуваат приемници со директна конверзија,кои ги има во повеке верзии: ламби,транзистори,специјализирани ИК.Директната конверзија е начин со релативно едноставни приемници да се слушаат кратки бранови,доста се селективни ,имаат солидна осетливост,но бараат добра антена.
Title: Одг: Регенеративно радио
Post by: ivica.s on 12.07.2013, Friday, 15:58:24
јас поголго време го гледав ова радио али нигде не видов со некоја лампа што би можела да се најде кај нас....а ниту на форумов имаше ваква тема па си реков ај ке прашам. инаку доколку не најдам некоја шема со лампа ке ја пробам оваа со транзисторот, патем на едно место стретан пишуваше дека со ова можело да се ловат и радиоаматерски бранови. :)

Да можат да се ловат и радиоаматерски станици. Јас на 80 метра ги фаќав. Особено на познатата фреквенција за балкански муабет од 3725 КHz. :)

Во принцип, за било која фреквенција може да се изработи, од 100 КHz па до над 100 MHz. Се зависи од индуктивноста на намотките и вредноста на променливите кондензатори. Инаку батка е во право ова е ептен стара опција. Вакви приемници има уште од 1918 г. (да, 1918 година) односно се измислени скоро веднаш по измислувањето на триодната ламба. Потоа нормално ламбите се заменети со транзистори.

Инаку регенеративното радио е всушност радио осцилатор во кој се внесува фреквенцијата која треба да се прими. На пример ако треба да примите фреквенција од 10 мегахерци, приемникот веќе осцилира на таа фреквенција. Тоа се постигнува преку врска преку која дел од излезот се носи на влезот (базата или gate-от) од транзисторот. Со ова се добива нешто како фидбек (фонија) на фреквенција која е одредена од L2 и C3 во мојата шемата.  Со ова драматично се зголемува осетливоста и селективноста на приемникот во споредба со кристално радио за таа фреквенција.  Со променливиот кондензатор C5 се контролира нивото на излез кое се носи назад на влез. Со помош на овој кондензатор приемникот се доведува во состојба во која тој е на раб на осцилација за прием на AM сигнали. Ако треба да се прими SSB или CW сигнал, приемникот се доведува во слаба осцилација. Со   ова, самиот приемник го "регенерира" супресираниот носач кој е карактеристичен за овие сигнали.  
Title: Одг: Регенеративно радио
Post by: GigaWatt on 12.07.2013, Friday, 16:38:18
Претпоставувам дека кога се користеле триодите, се користела позитивната повратна врска бидејќи самите триоди немаат големо напонско засилување поради нивната внатрешна негативна повратна врска, па поради тоа и морало да се направи позитивна повратна врска за да може да се постигне потребното напонско засилување. Претпоставувам дека овој дизајн се провлекувал низ времето, од електронски цевки, до транзистори, FET-ови и MOSFET-и, па затоа и останал како таков до ден денешен ;).