за грејни тела да не се уклучуваат на претворувач заради тоа што на почеток влечат поголема струја заради тоа не е препорачливо или има некоја друга причина за тоа???
Не ја разгледав шемата детално, но обично овие инвертори работат на база на високофреквентни осцилации кои ќе генерираат определено електромагнетно зрачење, а земајќи ја во предвид и формата на лемилото, може да делува како антена и да индуцира електромагнетно поле со определена јачина во уредите со кои се леми со леткумот, па тоа електромагнетно поле ќе индуцира напон со определена вредност и ако станува збор за дигитални CMOS кола и MOSFET транзистори, има големи шанси да го изгориш уредот додека лемиш
. Овој ефект го нема кога леткумот работи на стандарден мрежен напон со фреквенција од 50Hz бидејќи фреквенцијата е ниска
.
Ова што го пишав е по некоја моја логика, искрено, не сум пробал да врзам леткум за ваков инвертор
. Ако некој има повеќе информации, нека пише дали грешам или не
.