Почитувани,
Интересно е да се нагласи кај оваа склопка е што исклучува и ако има "одвод" и на нултиот проводник.
Имено, досега претходно се опишани одводи од фазниот (или фазните) проводници (како можен квар во самата инсталација) и квар/одвод во самиот уред.
Истотака, и да нема никаков квар во приклучениот уред, ниту кај фазните проводници, туку само нултиот проводник некаде да "допира" на заземјување, односно да има "одвод" на нултиот проводник, повторно дел од повратната струја од уредот (се разбира ако е поголема од декларираната на склопката), нема целосно да се врати назад низ нултиот проводник до склопката, и ќе настане дисбаланс, и склопката ќе исклучи.
Се разбира, овај квар може да настане и внатре во самиот уред, односно "одводот" внатре во уредот да биде поблиски до нулата отколку до фазата.
P.S.
Да ги поделиме потрошувачите во две категории: (1) потрошувачи кои се приклучуваат на штекер во ѕид (уреди кои можеш да ги исклучиш со кабел/утикач од штекер); (2) потрошувачи кои се постојано поврзани на електричната инсталација (уреди како мало бољерче во кујна, голем бољер во купатило, греалка во купатило, и др.).
Ако имаме квар внатре во уред од тип на потрошувачи (1) и ако кварот е од типот "одвод" поблиску до нулата, за да можеме повторно да ја вклучиме склопјата, ќе мора уредот да го исклучиме од штеќер.
Ако имаме квар внатре во уред од тип на потрошувачи (2), и ако кварот е од типот "одвод" поблиску до нулата (и неможеме да го исклучиме од штеќер бидејќи е тврда врска), и ако таа инсталација до тој уред е заштитена со обичен монофазен осигурувач, тогаш и со исклучување на тој осигурувач (за да се исклучи доводот на електрична струја до уредот) повторно нема да може да се вклучи склопката; бидејќи осигурувачот до тој уред само го прекинува фазниот проводник а не и нултиот проводник, а проблемот се детектира на нулата.
Затоа, за вакви потрошувачи, може е паметно да се употребат осигурувачи кои го штитат фазниот проводник, но при исклучување го прекинуваат и нултиот проводник (на нултиот проводник е само прекунувач кој е управуван од осигурувачот на фазниот проводник). Така да, кога би се исклучил таквиот осигурувач, би се прекинал и нултиот проводник, па и да има квар во уредот со "одвод" кај нулата, ќе може склопката да се вклучи (за да може на други места во куќата да имате електрична енергија) бидејќи ќе нема да детектира проблем кај нулата..... Се разбирара заземјувањето треба да е постојано поврзано (не се прекинува).
Поздрав,
mkfe.
Споено мислење: 15.08.2012, Wednesday, 08:43:43
Здраво SaleSK,
Не смееш да спојуваш нула со заземјување после склопката во таблата.
Јас се извинувам што сум бил непрецизен претходно (несвесно непрецизен), кога сум рекол "... нуловање во самата табла, а до штеќерите се носи одделна жица за заземјување ...", но сум мислел во таблата пред склопката.
Ако добро те сватив, кај тебе, нулата на почеток е поврзано со заземјувањето, уште кај трансформаторот во населбата. Плус, може да се рече дека нуловањето е пред Вашата табла, односно пред склопката.... ако е така, тоа е доволно, и е во ред (евентуално само за тоа осигурај се - провери - дека е така).
P.S.
Генерално/општо, јас не би препорачал да се преспојуваат (општо) две жици на повеќе (места) од една точка (иако се тие галвански на исти потенцијал), освен ако за тоа нема специјална причина/објаснување/ситуација.
Поздрав,
mkfe.