Не е баш дека цела деценија ќе работи со истото гориво, тоа е сместено во шипки, во вид на цилиндрични пелети наредени една врз друга. Една пелета е еквивалент на отприлика еден тон јаглен, е сега модерна термоелектрана којзнае колку тони јаглен троши дневно, така да ако гледаш споредбено за иста количина произведена струја релативно брзо би се потрошило и нуклеарното гориво.
Складирањето на потрошеното гориво е у ствари и најголемиот проблем, пошто им го оставаш на илјадници генерации што доаѓаат, во наше време може нема да истече негде, али со тек на годините кога ќе кородираат бурињата што го чуваат ќе отиде во почвата, од таму во подземните води и после сегде по ред. Да не зборам што досега којзнае колку буриња се исфрлени во океаните и веќе таа радиоактивност се шири низ цел свет.
Да не ме сфатиш погрешно, и фосилните горива се исто зло, да не се вртеа толку пари во нив до сега веќе ќе имавме ладна фузија и практично неограничена енергија, ама нема профит во тоа...