Решението на шемата може да се употреби секаде каде што треба да се управуваат две светилки, а инсталацијата е со две жици до нив, со прекинувачот S1 се пали/гаси светилката La1, а со S2 светилката La2, независно една од друга. Тоа се прави на тој начин што мрежниот напон се исправува со диодите, полу-исправениот напон се пегла со кондензаторите С1 и С2, така што напонот на краевите од светилките е 230V и тие светат со полн сјај.
Капацитетот на кондензаторот се одредува според моќноста на светилката, на шемата е даден пример за 100W светилка, за други моќности капацитетот приближно се пресметува според формулата:
C = 32 x P / 100
каде што:
C = капацитет на кондензаторот во uF
P = моќност на светилката во W