Македонски форум за електроника
Други технологии => Електроенергетика => Topic started by: BorceBT on 02.03.2010, Tuesday, 11:23:18
-
Тука ставајте шеми и информации како е најдобро да се поврзуваат електричните светилки
-
Еве една проста шема за со конрензатор напонот на краевите е 220 V
(http://www.pic.mk/images/1267550407.jpg)
имено ако се поврзе според оваа шема потрошувачката е следна :
без кондензатор 0,43 А косинус фи 0,50
а со кондензатор 0,23 А косинус фи 0,93
п.с не знаев како да напишам микро фаради и косинус фи па затоа вака пишав се надевам не се лутите и ќе разберете за што се работи . ;)
-
Супер, ова ќе врши работа ;)
-
еве го тоа што го ветив пред скоро една недела детална табела и шематски призаз на компензирање на неонки од различна јачина
(http://www.pic.mk/thumbs/pictur1267803006.jpg) (http://www.pic.mk/?v=pictur1267803006.jpg)
-
Браво браво.
-
“без кондензатор 0,43 А косинус фи 0,50
а со кондензатор 0,23 А косинус фи 0,93 “
Мерните уреди (броила) во домаќинството се мерачи на активна енергија и ако кос. фи е помала вредност тоа значи би требало да не се регистрира таа потрошувачка како чист потрошувач од пр. 36W.
Мерената струја со кондензатор е помала но со чисти 36W.
Мпжеби на оваа тема е потребно да се отвори нов наслов и да видиме која комбинација е најдобра(доходовна) во нашите домаќинства.
-
не те разбрав убаво што мислиш што е подобро со или без кондензатор ???
-
Темата е поделена тука пишувајте за тоа како се поврзуваат светилките
а во другата тема пишувајте во врска со вашите искуства
-
Иако не верувам дека има некој кој не го знае ова сепак еве една шема (колку да ја имаме на странава) како правилно се поврзува обична волфрамова светилка
(http://www.pic.mk/images/1268333182.jpg)
-
Знаеш што ни фали овде? Една интересна работа, ни фали следно ако можеш да надеш:
Како да поврземе два засебни прекинувачи кои вклучуваат една светилка, имено: ако со едниот прекинувач ја вклучиме светилката со другиот да можеме да ја исклучиме и обратно. Ова го имам видено во куќи на скалилата. Дали имаш таква шема? Знам дека постојат специјални прекинувачи за тоа и сигурно е едноставно да измислам шема за тоа но да не измислувам топла вода дали имаш ти таква шема?
-
кај мене е така на скалилата во спалната и во ходникот али еве гледаш не сум го прашал татко ми како се поврзувани ај коа ке го питам ке постирам ако некој не ме превари иначе е со обични прекинувачи
-
Еве еден пример како да се поврзат повеќе светилки да се палат во групи . На шемата е прикажано како да се палат две по две а по желба може да се комбинира една со три или други комбинации по желба . Ова шема најчесто се користи за лустери со повеќе светилки но за да може да се користи е потребно да се има кабел со три жици !
(http://www.pic.mk/images/1268421421.jpg)76
А шема за наизменично палење на светилки во некој нареден мој пост .
-
Знаеш што ни фали овде? Една интересна работа, ни фали следно ако можеш да надеш:
Како да поврземе два засебни прекинувачи кои вклучуваат една светилка, имено: ако со едниот прекинувач ја вклучиме светилката со другиот да можеме да ја исклучиме и обратно. Ова го имам видено во куќи на скалилата. Дали имаш таква шема? Знам дека постојат специјални прекинувачи за тоа и сигурно е едноставно да измислам шема за тоа но да не измислувам топла вода дали имаш ти таква шема?
Баш сега ќе прашував за ова, и мене вака ми се поврзани сијалиците по скалите. Ако знае некој какви се тие прекидачи на каков принцип работат и се поврзуваат ќе го замолиме да ни објасни.
-
а не може тоа да се изведе со некој бистабил кој ќе има 2 тастери и доколку се притисне на некој од ним ќе се вклучи и ако се притисне уште еднаш ќе се исклучи, на излез ќе има едно реле и по потреба светилки и можете да додавате колку сакате тастери :D
да се искористи шемава
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=178.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=178.0)
или пак вакво нешто ;D
(http://www.charlespetzold.com/blog/2007/09/ThreeWaySwitch.png)
-
Да да да... Ова на сликава мислам дека би функционирало. Кога ќе го видиш многу едноставно изгледа ама ајде смисли го... :D
-
Има некој да стави (или да нацрта) шема што ја користат инсталатерите баш за оваа работа?
-
Да еве го тоа што го барате ;)
(http://www.pic.mk/images/1268492322.jpg)
-
ова треба од 3 места да се пали/гаси сијалицата???
-
Да па тоа е и поентата да може да се пали и да се гаси од повеќе места и при тоа секогаш важи едно правило прекинувачите секогаш се местат по следниов ред : наизменичен , вкрстен , наизменичен , вкрстен , наизменичен .
Така ќе може ако имаш куќа на три спрата од секој спрат да можеш да го палиш или гасиш светлото .
Овој тип се користи најчесто за долги ходници или скали но може и секаде каде сакаме независност при палење односно гасење на светлата .
-
Знам дека наизменичен прекинувач се наоѓа лесно но дали лесно се наоѓа вкрстен прекинувач во продажба?
-
Да тоа е прекинувач кој има шест позиции (штрафчиња) и најчесто на четирите од нив има поставено жици во форма на икс (вкрстено се поврзани) а во последно време се среќаваат и такви на кои сами треба да им ги поврземе ама во железарите ќе ти кажат дека тие се што ги бараш
-
Знам дека наизменичен прекинувач се наоѓа лесно но дали лесно се наоѓа вкрстен прекинувач во продажба?
македончево наше е заостанато за електроника и автоматика, а за електрика треба само да побараш...сите тие се станадардни работи кој треба да ги има во скоро сите подобро снабдени продавници за електрика
-
а не може тоа да се изведе со некој бистабил кој ќе има 2 тастери и доколку се притисне на некој од ним ќе се вклучи и ако се притисне уште еднаш ќе се исклучи, на излез ќе има едно реле и по потреба светилки и можете да додавате колку сакате тастери
да се искористи шемава
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=178.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=178.0)
или пак вакво нешто
Не дека не може да се искористи и ова но многу ќе се искомплицира работата ЗОШТО :
Како прво ќе треба да се изработи шемата на плочка, ќе трба да се поврзе на трафо, од секоја позиција од каде што ќе сакаш да вршиш вклучување или исклучување ќе треба да враќаш кабел до плочката за да реагира релето и ...
Како фторо цената на чинење ќе биде многу по висока во однос на класичниот начин но сепак ако некој сака да проба нека го направи и нека пише тука колку е ефикасно и колку чини ;)
-
не мора да се прави со трансформатор
има оние полубранови или како с евикаат насочувачи со пасивни елементи и грецов спој
е дека треба да враќа кабли треба ;D
или пак ќе си направи инфраред прекинувач па ќе може од сегде да ја вклучува, се разбира треба да има оптичка видливост
-
Se izvinuvzm so upagam ali me interesira so povece od tri prekinuvaci, so bi rekol zoran : naizmenicen vkrsten , naizmenicen vkrsten kako bi se toa povrzalo slikovito. Blagodaram.
-
Таман работа, не упаѓаш и слободно пиши, но само ако може на кирилица :)
-
Se izvinuvzm so upagam ali me interesira so povece od tri prekinuvaci, so bi rekol zoran : naizmenicen vkrsten , naizmenicen vkrsten kako bi se toa povrzalo slikovito. Blagodaram.
Шема ако сакаш можам и да ти нацртам само нислам дека ќе разбереш и вака па ајде да пробаме :
Шемата е иста само што после фториот наизменичен го врзуваш фториот вкрстен па третиот наизменичен исто како што си ги врзал првите . Ако не разбра пиши па ќе цртам шема . ;)
Споено мислење: 14.03.2010, Sunday, 11:55:14
Еве шема како се поврзуваат две светилки да се палат и гаснат од две места
(http://www.pic.mk/images/1268564370.jpg)
од прекинувачи се користат наизменични прекинувачи и во овој случај не е потребно да се стави вкрстен прекинувач затоа што палењето и гаснењето ќе се врши само од две места ако сакаме од повеќе тогаш ќе мора и вкрстен како што е прикажано на другите шеми .
-
Да па тоа е и поентата да може да се пали и да се гаси од повеќе места и при тоа секогаш важи едно правило прекинувачите секогаш се местат по следниов ред : наизменичен , вкрстен , наизменичен , вкрстен , наизменичен .
Така ќе може ако имаш куќа на три спрата од секој спрат да можеш да го палиш или гасиш светлото .
Овој тип се користи најчесто за долги ходници или скали но може и секаде каде сакаме независност при палење односно гасење на светлата .
Јас се извинувам, не ја гледам шемата,.... но мислам дека мора сите во средината да се вкстени прекинувачи (со шест изводи); а само крајните прекинувачи може да се наизменични (со три изводи). Се разбира, вкрстен прекинувач може да се искористи за наизменичен, но не и обратно....

еве ти шема како оди врзувањето. :)
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=669.0;attach=8688;image)
-
стaрa е темaвa, нo се решив дa кoментирaм :) бaш ми требa пoследнaвa шемa, пa сaкaм дa прaшaм кaкo нa истaтa дa пoврзaм три сијaлици вo пaрaлелa?дoкoлку еднa прегoри дa рaбoти кoлoтo сo oстaнaтите две? ми требa зa вo влез :)
-
Сам си одговори на прашањето... :D На сијалицата од шемата паралелно врзи уште две... ;)
-
Уште едно дополнително прашање, може ли некој да ми потврди дали вака правилно е врзан унакрсниот прекинувач? :P дали сите унакрсни се исти со редоследот на штрафовите на прекинувачот? X
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/105_00_105_01_105_02.png)