Македонски форум за електроника
Други технологии => Автоматика => Topic started by: BorceBT on 10.10.2009, Saturday, 01:46:44
-
Овој прекинувач може да вклучува (или исклучува) сијалица кога на пример ќе се стемни. Колото е едноставно, сите делови се достапни и може секој да го направи а веројатно ќе му најде убава примена.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=49.0;attach=12733)
Листата на деловите и вредностите е следна:
R = Фото отпорник
R1 = 4,7 K
R2 = 1,2 K
R3 = 2,2 K
R4 = 1,2 K
R5 = 1,2 K
R6 = 2,7 K
R7 = 100 K тример потенциометар
C1 = 10 μf/16V
TR1 = BC547
TR2 = BC547
TR3 = BC557
D1 = 1N4148 диода
RELAY = 12V релеј со струја на контактите од минимум 2 ампери.
Прашајте за точниот распоред (база, емитер, колектор) на транзисторот да ви запишат на ливче ако немате книга.
Со R7 тримерот се подесува осетливоста на светлост (со проба).
Во зависност од тоа кои контакти на релето ќе ги користите може да направите сијалицата (или некој уред) да зе вклучува или исклучува кога ќе има или нема светлост на фото отпорникот.
-
супер работа,јас сега изработувам едно ама со TL071.
-
Ако на некого му треба за поголема снага јас можам да му дадам шема за со контактор(склкпка) и временско реле за поголеми потрошувачи пр. севетло во зграда или некој вентилатор кој треба да работи некое време па да запре по определено. ;)
Post Merge: 16.01.2010, Saturday, 15:58:53
Инаку овој електронскиов е супер за помали потрошувачи или пак да се комбинира со контактор и да се добие на моќност
-
Супер шема и коло но...
Ова не спаѓа под „Автоматика“. Автоматика или автоматизирање на процес претставува автоматизирање на некој процес од индустриска страна, некој индустриски процезс или пак некоја машина.
-
Прочитај ја книгата „Електроника и Автоматика“ од Светислав Шилер ;) Идеата на авторот е од ваков едноставен „светлосен прекинувач“ човекот стига со користење на истата идеа до робот кој всушност му носи чаша вода на притисок на копче ;)
Што сакам да кажам, значи немора во овој дел од форумот да има само целосни автоматизирани машини, може и поединечни елементи (на пример сензор за проаѓање на објект пред него) така да и овој склоп со малку фантазија може да се употреби во некоја машина или едноставно како обичен автоматски светлосен прекинувач, кој како сака.
-
Прочитај ја книгата „Електроника и Автоматика“ од Светислав Шилер ;) Идеата на авторот е од ваков едноставен „светлосен прекинувач“ човекот стига со користење на истата идеа до робот кој всушност му носи чаша вода на притисок на копче ;)
Што сакам да кажам, значи немора во овој дел од форумот да има само целосни автоматизирани машини, може и поединечни елементи (на пример сензор за проаѓање на објект пред него) така да и овој склоп со малку фантазија може да се употреби во некоја машина или едноставно како обичен автоматски светлосен прекинувач, кој како сака.
Кул. Ова би можело да го искористам за активација на мојот супер-дупер злобен робот кој ќе се активира само навечер и додека народот спие тој ќе шета по пространството и ќе планира како да го уништи светот со помош на едно кесе со вода.
-
Борче,нешто фали во шемава.Си ја направил ли ти? Комшијава ја правеше,ама не ја направи.Колкава вредност стави за фото отпорникот?
-
јас ја имам правено и работи супер, околу фото отпорникот, имаше само една вредност мислам дека беше или 1к или 10к не сум сигурен треба да проверам
-
Чудна работа ЛДР -от беше со отпорност од само 500 оми,па и мене ми даде малку проблеми.Прво грееше,а потоа со преправка само ке окинеше и не сакаше да исклучи.Ставив отпорник од 330 оми редно,тримерот го симнав на 50 к,заедничкиот емитерски отпорник од 1,2 го променив во 2к2,а оној во базата на Т2 го намалив на 1,8к и се си дојде на место.
-
Еве ја оригиналната шема со вистинските вредности на елементите.Извини Борче,твојава никако не успеавме да ја проработиме ;) Морав да ги изменам твоите вредности,па ја најдов ова шема,со тоа што
со овие вредности работи 100% .
-
Колкав потрошувач може да се поврсе на оваа шема.
-
Колкав потрошувач може да се поврсе на оваа шема.
Па зависи колку ампери струја може да издржи релето, ако може доста голема јачина на струја да издржи (3, 4, 5 ампери), може и греалка ако сакаш да приклучиш ;) (под претпоставка дека релето се приклучува на мрежен напон).
-
Дали некој го има направено овој склоп со реле и дали работи ?
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=49.0;attach=6332)
-
Треба да го преправаш и малку да експериментираш со елементите.Еве две шеми проверени во работа со ИК и транзистори.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=49.0;attach=6334)
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=49.0;attach=6336)
-
Ова шо е втората шема со операцискиот на 12 V неможи да работи оти кај ке најдам реле на 9 V.
-
Ова шо е втората шема со операцискиот на 12 V неможи да работи оти кај ке најдам реле на 9 V.
абе ти само обично реле од 12волти стави и терај.Немај гајле направи го со 12волтно реле. ;) ;D ;D
И стави слики да видиме што си направил,откако ќе го изработиш
-
Ко така треба 12 V да е напојувањето.
-
12волти е напојувањето.Така треба
-
Ја напрајв ова шема на протоборд, ама не работи. Ако ја има некој напраено нека дај нешто помош или упатства ?
П.С: R8 треба да е фотодиода од тие белите или фототранзистор ( портокалева гла )
(http://pic.mk/images/photocellb.jpg)
-
R8 е фото отпорник :), со промена на светлина си ја менува отпорноста, јас имав една испитана шема да ја најдам ќе ти ја дам :)
-
Се извинувам, го имав забораено тримерот на маса да го врзам. Го врзав и проработе.
А степенот на светлина и темнина на фототпорнико зависи од тримерот оти не бара тотална темнина за да префрли релето ?
-
како што се намалува светлината така се зголемува отпорникот на фото отпорникот, а кога релето ке се активира зависи од поставеноста на тримерот...
-
Дали со овај димер ке можи да се пуштат да светат од тие неонките вртени ? И ако неможи ве молам за објаснување ?
-
може, ова е како обичен прекинувач, и не е димер...само гледај кај ке го ставаш LDR-от (Light Depending Resistor) да не го фаќа светлината од неонката, дека цело време ке се пали и гаси неонката...
-
Бидејќи сум почетник ако можи да објасниш шо е то димер ?
-
ако разбираш англиски еве ти убаво објаснето од википедиа
http://en.wikipedia.org/wiki/Dimmer
накратко со него се менува јачината на сијалицата, дали појако дали послабо да свети
-
Фала, ке го напраев ама неонка имам всоба.
-
овој склоп што е можеш да го користиш за неонка, зашто тој функционира како нај обичен прекинувач, ама димер неможеш...оваа шема не е за димер :)
-
Хаха, во ред, од преѓе те разбрав. А за димер имаше некој постирано со лед да свети зад прекидачот. Ке можи само лед диода да се врзи како индикатор во темница да биди без димер ?
-
Сакам да ја направам шемата но на нејзе сакам да приклучам потросувач(сијалици) со мокност од околу 1 КW какво реле ке ми биде потребно и дали ке може сијалиците да ги поврзам на 220 V.ako може малку објаснување.позз
-
Еве шема со тиристор директно на 220V
-
Kakov фото отпорник би требало да се употреби во шемата
-
Обичен фото отпорник од 1-10К
-
батка ова шемата што ја постира тестирана е ?
-
Да,само јас сум ја направил десетина пати.
-
батка ја направив шемата ама не проработе, му кладов BT152 транзистор.
-
Ако си му ставил транзистор,нема да проработи сигурно.Не ставајте премногу јаки тиристори со висок праг на окинување.Иначе шемата е од книгата * Мала школа електронике 5 дел* и се продава и во КИТ -форма во Србија.Провери имаш некаде грешка,Најдобро пробај со ТIC106 тиристор,
-
Хаха... со тиристор мислев, иначе ке пробам со ТИК106 како шо велипш.
Споено мислење: 03.05.2012, Thursday, 16:36:30
Му менав ТИК106М ама пак не проработе.
-
Супер тема, можеби е стара темава, но искрено вакви работи барав, и искрено со вакви работи и ке почнам!
-
samo ne pocnuvaj so uredi sto rabotat direktno na 230v da ne napravis belja....
p.s. od mob sum
-
samo ne pocnuvaj so uredi sto rabotat direktno na 230v da ne napravis belja....
p.s. od mob sum
Не би согледал никаква опасност од некоја беља, имаш шема според шема се правиш, ако е грешна шемата можеш да направиш тогаш беља
-
уба работа, колку поедноставен, толку подобар склоп...јас имав напраено сличен склоп едноставен, со реле ама и како сензор може да се стави се...ptc, ntc фото отпорник, детектор на ниво, но овде за оваа употреба подобро е изгледа ова затоа што нема потреба од посебно напојување, а и крепи поголем потрошувач :D