Македонски форум за електроника
Други технологии => Електроенергетика => Topic started by: MARK123 on 26.11.2016, Saturday, 15:16:33
-
Сакам да си направам мал компресор .
Имам мотор danfoss модел sc15b.
Според datasheet-ot видов која е стартна а која е работна намотка.
Бидејќи моторот го земав без ништо (без стартно реле) го поврзав со кондензатор од 80uF кон стартната намотка (според datasheet) и моторот се вклучи.
Работеше некои 2-3 мин и се исклучи самиот .
Видов дека има некоја термичка заштита внатре која се исклучува кога ќе загрее .
Пробав и со уште еден кондензатор бидејќи видов дека има и типови на мотори со start и run capacitor.
Поврзав кондензатор од 12uF да биде run capacitor.
Кога моторот се вклучи и постигна брзина рачно го откачив кондензаторот од 80uF и остана само кондензаторот од 12uF.
Моторот продолжи да работи но се случи истото, после 1-2 мин моторот се исклучи.
На сликата што ја прикачив ги прикажав првиот случај(лево) и вториот случај (десно).
Во што би можело да биде проблемот ...
Да напоменам дека е пробано и со стартно реле од друг тип на мотор embraco но со тоа воопшто не се ни вклучи.
-
А вака да пробаш. На сликата L и N смени ги, обично на заедничкиот извод ја поврзуваат фазата. И без работен кондензатор, значи само со стартен како шо пиша од 80uF и од ко ке тргни моторот, по 2-3 сек исклучи го кондензаторот. Пред да го стартоваш моторот, пожелно е со ампер клешта да видиш шо ке се дешава со амперите низ моторот. И по 1 мин од ко ке тргни види со рака фатиго како ке биди. И кажи шо ке испадни.
-
Можеби е истечено маслото за подмачкување што треба да го има внатре.
-
Да ја пробав и таа варијанта предходно само со кондензаторот од 80uF , после стартување на моторот рачно го одспоив но моторот се исклучи.
Во врска со маслото бидејќи незнаев колку има му доставив 200ml за секој случај не е на одмет(имав предходно зачувано масло од друг мотор од фрижидер ).
-
Убаво ти пиша najdo, види колку струја влече кога ќе влезе во работен режим. Ако јачината е константна (не зголемува) и не е преголема (според спецификациите за потрошувачка на моторот), можно е лошо да е димензионирана заштитата... или можеби така треба да работи... иако, да бидам искрен, тоа не ми изгледа како нормален начин на работа.
-
Ништо од моторот ... прегоре ,најверојатно имал некаков проблем бидејќи брзо загреваше во празен од а на моменти и тешко стартуваше.
Го сменив на одпад за друг од мотор од замрзнувач кој си имаше и стартно реле, функционира па ќе видиме...
Ви благодарам на сите
-
Добро иначе то со маслото шо му дотуре, прво да го извадеше требаше старото, па послем ново да му туриш (на ново мислам на ново чисто масло, скоро или воопшто неотпаковано) колку шо треба (спрема инфото за моторот) и трето е то шо незнам шо масло му кладе ама сите мотори не работат со исто масло т.е има масла за мотори шо се многу подложни на влага и такво ако му имаш шибнато одма по дефолт намотките ке изгорат од киселините шо ке настанат внатре поради влагата која ја содржи.
-
Епа тогаш ајде помош за другиов мотор :) .
Од него излезе 35ml масло што предпоставувам дека е мн малку па му го доставив маслото од предходниов мотор околу 250ml.
Значи се на се околу 280ml .
Денес го тестирав во боца, до 6-7 бари го оставив .
Супер работи и не грее воопшто , стана млак после работа од 10мин и тоа под оптеретување .
Е сега бидејќи налепницата е оштетена неможам да го видам моделот на моторот(можам и да го сликам па можеби ќе го препознаете моделот или според тоа што останало од налепницата ) и затоа незнам какво масло треба да оди во него и слично .
-
Ако знајш од колку литри беше замрзнувачот (ако го извадовте таму на лице место моторот ) можи ке го најдиме според капацитетот на моторот и маслото. Иначе да се прај да е топол (млак) мора то така да биди. А шо боца искористе како резервоар ?
-
Незнам од колку литри бил замрзнувачот бидејќи веќе беше изваден само ми рекоа дека е од замрзнувач.
Инаку искористив мала боца со волумен од околу 10 до 12 литри дебело зидна а може да се користат и боци од фреон имам и таква само што требаше да и се завари цевче за влез за манометар и слично а оваа веќе ми беше спремна .
Ќе пробам утре да го сликам моторот и налепницата па можеби ќе дознаеме нешто...
(http://www.mediafire.com/convkey/f2b8/v73snpv146u7s5kzg.jpg)
-
Ајде другар постави слики
-
Нешто се случува неможам од вчера да ја отворам темава .
Инаку моторот е модел necchi esm 5 ,ми помогна еден пријател околу негово пронаоѓање , но веќе не се произведуваат ,сигурно е стар модел и на интернет неможев да најдам никаква спецификација за него.
-
Нешто се случува неможам од вчера да ја отворам темава .
Резолуцијата на attachment-от е преголема и скриптата се буни.
Искрено, не мора да ставате слики со толкави резолуции. Нема поента за конкретниов проблем. Не мора баш да се гледа секој детал од 'рѓата ::).
-
Ќе земиш поголема количина моторно масло и цевката кај што трга воздух ќе ка мрцкаш по малце во маслото. Кога ќе почне да го исфрла маслото значи е полн, ќе одтуриш една 10-тина масло и ќе си доде таман. Не е лошо да го испериш малце со нафта предходно на ист начин(бидејќи и нафтата подмачкува доволно) и масло према пропис, некое поретко најверојатно, немој да му липниш 20 w50.
До кај 70-тина степени во ред е да загеева, зависи и на кој притисок работи...
-
На Р12 фреон е шо да ги прат поќе. Да те видат со овај во Германија, апсана одма те клават ;D. Иначе минералните масла се компактибилни со овај и постарите фреони.
-
Нема да компресира фреон, колку што разбрав. Има и минерални по не вискозни( по ретки). До сега сите масла што сум ги водел за оомшресори биле прилично не вискозни(ретки)
-
http://www.varaceair.com/products.do?item_id=15962
Имам вакво масло дома ново , дали би можел ова да го искористам,мислам дека е и поретко малку...
-
Пошто ќе го користиш за воздух, не за фреон да, може. И оижелно е на влезот да ставиш дехидратор, односно оние што ја тргаат водата од воздухот... или на излез се ставаа...
-
На излез ... поточно на влез во боцата сепаратор ќе ставам за вода и масло ,бидејќи низ воздухот поминува и масло што го исфрлува моторот.
-
Не би требало да фрла масло, али нема да е на одмет. И со водата нема да имаш проблем.
-
Претпоставувам на готовите (фабричките) компресори за воздух, нема монтирано филтер за влага пошто на самата боца има вентилче од долу за испуштање ?
-
Да, ама често треба да испушташ. Вака ќе ти е пред очи резерварчето за вода и мирна глата... Мада нема водата да биде 100% одстранета али тоа што ќе остане е незначително и ќе ти го штеди алатот и резервоарот за воздух. Патем за која намена ти е?
-
Да навистина Марк чим сакаш гледам да и треба настојуваш добро ладење да има што ќе правиш со него сигурно за нешто озбилно го спремаш или навистина за која намена ти е не кажа јас на пример ги пумпав гумите на велосипедите ;D