Дигитална електроника > Сè останато

Микропроцесори низ форумот

(1/2) > >>

Primology:
Здраво момци,

Јас сум нов бев на поминување ама еве викам уште една тема чисто да дознаам повеќе околу форумот и вас.

Ме интересира колку од луѓето тука се занимаваат еве со Микроконтролери ,модули за истите(од секаков тип) ,а реално и било што поврзано со нив. Ме интересира вашата опрема, почетоци, проекти итн.
Доколку имате време, било што поврзано со темата ве бодрам споделете го! :))

Кој тип/марка на микроконтролери ја користите или ја симпатизирате ?
На кој начин вршите дебагирање ,користите можеби посебна опрема ?
Врз која архитектура е вашиот (омилен) микроконтролер базиран ?
Дали за хоби проектите бирате микроконтролер или целите кон најмоќниот ?
Кој тип проекти најмногу ви носат насмевка ,HMI ,GUI ,Audio ,некој тип периферијали итн ?
Што ве навлече и кога дознавте дека ова ве опушта да го работите како работа или хоби ?
Кога почнавте ,дали со помош на некого или самите ?

Ова се прашања како за старт доколку ви е потребен почеток, но околу одговорот земете си целосна ваша контрола и оформете го на начинот на кој вие сакате!


Во исчекување на вашите одговори,
Primology
Споено мислење: [time]13 Мај 2017, 11:43:12[/time]Да си го споделам и јас своето..

Почеток: Имав 12-13 години ,немав појма што се ама знаев дека многу ми се свиѓаат! Прв пат ги видов во Логинг Електроникс со големи цени итн. Малку по малку дознавав што и како се микроконтролери. На тие години од познавање на програмирање имав само Pascal ,Batch Scripting, C / C++.
Главно користев батч скрипти поради тоа што ми беа лесни многу и обожавав да играм со конзолата.

Омилени ми се некако PIC-ови ,најмногу имам во нив инвестирано. Со целосните девелоперски плочи ги покривам скоро или сите фамилии на пикови од 8 битни до 32 битни. Забавни ама малку скапи. За хоби најпаметен избор (барем според мене) ви е Arduino од Али Експрес..

Од опрема имам:
• PICKit 3
• EasyPIC v7
• EasyPIC Fusion v7
• Arduino UNO
• Arduino Due
• Orange PI
• ESP8266

Од компајлери:
• mikroC ,mikroBasic ,mikroPascal (сите за сите)
• Arduino IDE
• EasyTFT и EasyGLCD
-- после оваа линија се е непотребно--
• MPLAB X IDE / XC8 XC16 XC32
(повеќе од пола ги имам и избришано поради тоа што ретко ги употребувам)

Чиповите нема поента да ги наведувам, меѓу омилените домашни ми е P32MZ2048ECH124 @ 200MHz / 300DMIPS ,но да би бирал би го заменил за P32MZ2048EFH144 @ 252MHz / 415DMIPS. :o

Зошто ардуино ? Евтино. Купи го ,вгради го цело во проектот. 300денари цело од али експрес ,добиваш и сериска комуникација и се друго..
mE PIC споредено со Arduino Due ?
• Пикот е побрз за дупло, ретко осетливо зависно од проектот.
• Пикот е поскап за дупло ;D

Од софтвер за пик признавам главно само mikroC и сето останато ми е некако мртво, документација ,библиотеки итн.. MicroChip пробуваат нешто цело време али не им е најсјајно ,имаат сега нешто ситно споено со Микроелектроника ,бев повикан во Белград во mE HQ каде што двете компании држеа некој тип воркшоп.
Микроелектроника нудат одлични компајлери снабдени со доста библиотеки како и форум.. али изгор се за хоби.. меѓутоа затоа ардуиното владее кога доаѓаат во игра библиотеки ,туториали ,проекти како и со цената.

Сите ги сакам меѓутоа треба да имаш доста материјални средства за да си играш со EasyPIC-от.. Целата опрема вклучувајќи ги и компајлерите додека од друга страна ардуиното е "џабе"..
Имате проект во некој компајлер на mikroE, а го немате целиот компајлер ? Било кој AVR ,ARM, PIC ,dsPIC , PIC32 ,FT9XX, 8051.. пишете не е проблем ќе ви ги пуштам кај мене на компајл.

Еве некој дел од опремата што ја користам.



и така.. тоа е тоа.. демек хоби (и Freelancer работев/ам ете ај..) ;D ::)

GigaWatt:
Ајде еве, ќе почнам нешто ;).

Немам кој знае што од опрема, PICkit 2, клон, ама доволен ми е за потребите ;). И debugger-от е одличен ;). Е сега, некогаш знае да рипне линија ;D, ама можеби е и до IDE-то (mikroC). Не сум го пробал debugger-от во комбинација со MPLAB.

Имам работено на некои проекти, пред се за контрола на определени индустриски процеси, ама ништо прекомплицирано. Направи ова ако запре она, почекај толку и толку, провери тоа и тоа па продолжи... графички приказ на дисплеј, контрола на машина преку мени... далеку од тоа дека измислував топла вода.

Проектите се proprietary. Купени се заедно со source и сите салтанати, така да, практично, веќе не ги ни поседувам, па по таа логика, не смеам да ги споделувам јавно.

За лични мои потреби, могу малку имам работено со микроконтролери... почнав да работам во IT и некако се отиде во таа насока.

Да се навратам на темата.

Arduino не би користел за сериозни проекти. Лесен е за работа и контрола, ама layer upon layer upon layer... нешто ќе се икомпајлира на шашма во определена комбинација на алатки и ете ти проблем :S. Лично сметам дека комбинацијата compiler --> machine code е најдобра... општо, не само во светот на мкроконтролерите. Ако нешто не е во ред, една од две причини се можни: си направил грешка некаде (во 99.9% од случаите) или компајлерот кикснал некаде (во 0.1% од случаите, но сепак, се случува). Е сега, измножи ја оваа веројатност во toolchain-от на Arduino и ќе стигнеш до некоја прилично голема бројка. Ако toolchain ти е IDE --> Compiler --> Machine code и ако згора на тоа, се е интегрирано во една алатка, шансите за кикснување на некој од нив се прилично мали. А да не го заборавиме и фактот дека има bootloader... ако тој не се подигне, не се подига ништо.

Е сега, ефтин е и ако планираш проект со него за лични потреби (систем за иригација на бавчата ;D или нешто слично), да, би се одлучил за Arduino. Лесен е за работа и контрола, не треба некое посебно предзнаење (освен C... т.е. да програмираш), а и да киксне нешто, тука си, лесно може а го корегираш. Ама ако ти зависат сериозни пари од тоа дали работи тоа чудо или не... не, не би се ослонил на него.

Primology:
Се согласувам доста со тоа што го кажа, а за твоите проекти мислам дека се одлични и нема потреба да си ги споредуваш со некој поголем проект, секој проект си носи свои барања и со самото тоа што ти си го добил тоа што си го барал тоа е одлично!

Да ,и јас ардуиното не го сметам за нешто сериозно меѓутоа многу луѓе фрлаат раце по него... Нутела.. (за мене е само крем) меѓутоа луѓето повеќе се радуваат кога гледаат нешто како трепка отколку да му покажеш нешто покомплицирано..

stiffy:
Еве јас да кажам шо имам....

прво, срам ми е да кажам дека скоро и да не знам да програмирам микроконтролери а иам 20год. Имам некоја основа...имам учено и програмирано pic, конкретно се работаше за пробувања и експериментирање, па за да имам солиден избор на регистри и еден куп пинови...користев 16F877...за учење солиден е и моќен, ни 1% не искористив од можностите - логично.  :P

Исто правев еден минијатурен проект со 16F84, како шо кажа гига...уклучи, почекај, исклучи, ако - тогаш. Можев да го изведам и со 12F ама незнаев поинаку тогаш.

Програмирање Ардуино...искрено толку е висока платформата и толку многу библиотеки се достапни, па лесно е програмирањето шо искрено не ни го сметам за програмирање. Си имам програмирано роботска рака, 3 степени на слобода, 4 серво моторчиња....ама не е нишо посебно. Во секој случај за играње, интересна работа е :D (ќе го постирам кодот и нацртот ко ќе ми е готово се)

Моментално дизајнирам “развојни околини“, ако може така да се наречат (а не може). Се работи за обична dumb board, со микроконтролер, и сите основни периферни компоненти како што се: напојување, осцилатор
 пинаут и ICSP пинаут за штекање на pickit2,  за полесна реализација на било кое коло, реализирајќи го остатокот на бредборд. Планирам да ги користам за да си ги проширам знаењата, да куцам да експериментирам, онака за во слободно време.     
 (И тие ко ќе ги завршам ќе ги постирам - летово  :P)

И исто за подобро навлегување и изучување на архитектурите и сл. сакам да научам асемблер да куцам :D

Од опрема, имам пик кит 2 клон, задоволен сум...најмногу е користен за готови кодови.

Користам microC од микроелектроника за пик (freeware). Софтверот шо е од ардуино за ардуино и processing за комуникација.

То е то, од мене :D

п.с. колку те кошташе плочава шо е на сликава од микроелектроника?
ппс дан имате шема/плочка за pickit2 со зиф сокет, т.е. го имам програматорот само на него да укл зиф сокет :D


Primology:
Одлично, не си го потценувај знаењето ,ти знаеш нешто што јас не знам и обратно. Програмирање е широк поим за мене, претставува слобода и не мораш да знаеш се.

Плочите на микроелектроника чинат грубо 11.000 ~ 13.000 денари без разлика која сите се одприлика таа цена ,на сликата има две плочи ако нешто те интересира поконкретно кажи.

п.с. шема немам никаква.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version