Можеш да направиш image со Acronis True Image.
Побарај ја програмата на торент.
Процедурата е следнава:
Инсталираш оперативен систем (свежа инсталација), потоа драјвери, потребните програми, кодеци... го средуваш оперативниот да биде во најдобра форма.
Потоа ја инсталираш програмата, и со wizard-от чекор по чекор правиш image (има туторијали на нет како се прави image-от).
Го снимаш image-от некаде на D: драјвот/партицијата.
И на крај со програмата земаш обично cd и го правиш бутабилно.
Кога ќе се расипе оперативниот систем поради х причини, го ставаш бутабилното цд, го рестартираш пц-то и го местиш биос-от да бутира од цд.
Кога ќе се појави програмата од бутабилното цд, ќе те праша каде ти стои image-от (во D:) и каде треба да се направи бекап (во C:).
Процедурата трае во зависност од тоа колкав е image-от, отприлика од 5 до 20 минути.
Ова е поедноставна процедура со која добивате тазе инсталација на оперативен систем со сите пропратни драјвери и програми без да губите време со часови инсталирајќи посебно ОС, драјвери, програми...