Има полесен начин да го решиш проблемот со недостатокот на USB порти. Многу луѓе не знаат, но на матичните плочи има многу повеќе од 4 задни USB порти и две предни. Најчесто (барем на поновите матични плочи, LGA775 па нагоре) има околу 8 или 10 USB порти, зависи од матична плоча до матична плоча и од производител и големина на матичната плоча. Значи, имате 4 задни USB 2.0 конектори и уште 4 или 6 UBS 1.1 порти кои се поврзуваат преку кабли за задниот или предниот дел од куќиштето. Тие порти што ги викаат Front USB Port се всушност само две од вкупно 4 или 6 порти кои можат да се врзат со додатни кабли за задниот или предниот дел. Всушност, реално гледано, не постои нешто како Front USB Port конектор на матичните плочи, тоа се само додатните USB 1.1 порти. Така да, со додатни кабли, можеш да си ги врзеш останатите 2 или 4 порти (две се искористени за Front USB, остануваат уште 2 или уште 4 порти кои се неискористени на самата матична плоча) за задниот дел од куќиштето. Портите се најчесто означени како USB_5_6 или USB_7_8 на самата матична плоча, имаат по пет пинчинња (конектори) во ред., а најчесто се поставени во два реда, по две порти од еден конектор (така се изведени конекторите, да можеш да приклучиш по две порти од еден конектор). Само пази да не го згрешиш распоредот на Vcc и GND на конекторите, можеш да го изгориш уредот кој ќе го приклучуваш на USB портот. Најдобро, види како оди распоредот на каблите (Vcc и GND) на Front USB конекторите и води се според нив (најлчесто, црвената е Vcc = +5V, а црната е GND).
А можно ли е да се изработи некоја заштита на која ќе го приклучувам
usb hub- от , ...
Многу просто, ќе ставиш 5.1V зенер диода
. Иако, морам да признаам, не знам како ова ќе влијае на SMPS компјутерско напојување, но еднаш видов во едно custom made SMPS напојување баш зенер диода за да се држи константен напонот, така да, би требало да функционира
.