Македонски форум за електроника

Други технологии => Компјутерска технологија и софтвер => Topic started by: Jovicar on 09.08.2016, Tuesday, 17:55:07

Title: Вклучување на таблет без батерија?
Post by: Jovicar on 09.08.2016, Tuesday, 17:55:07
Имам еден кинески таблет...

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/yeahpad.jpg)

... како овој на сликата, неговата батерија е тотално мртва, бидејќи таблетот го користам во автомобил додека се вклучи на прво палење на колата со оригинален полнач од 2А треба да возам  од прилика 1 саат. Ја извадив батеријата но без неа воопшто не се вклучува. Од ибеј нарачав step-down од 12в на 3.7, но не ми стигна 2 3 пати. Дали има начин како да го стартувам таблетот без батерија, и цело време да покажува дека 'батеријата' e полна. Дали може да изгори доколку му ставам директно 5в на пиновите од батеријата?
Title: Одг: Вклучување на таблет без батерија?
Post by: TeslaBt on 10.08.2016, Wednesday, 01:15:31
Мислам дека нема да изгори. Но можиш едноставно со две силиконски диоди да го падниш напонот од 5V на 3.8.  ;) Пробај го ова 99.9% би требало да работи
Title: Одг: Вклучување на таблет без батерија?
Post by: GigaWatt on 11.08.2016, Thursday, 01:25:05
Мислам дека нема да изгори. Но можиш едноставно со две силиконски диоди да го падниш напонот од 5V на 3.8.  ;) Пробај го ова 99.9% би требало да работи

Како што пиша TeslaBt, врзи две диоди (обични, не брзи или шотки) во серија со Vcc од полнач за телефон за во кола (даваат 5V на излез), измери напон, ако е околу 3.7V, 3.8V, не би требало да има проблем ;).

Исто така, провери дали на самата батерија има некоја електроника и дали е врзана со три жици за main board на таблетот. Ако е врзана со 3 жици, ќе мораш да ја извадиш и електрониката од батеријата (најчесто лесно се вади, нема оклоп како што имаат батериите на мобилните телефони) и на нејзе (на електрониката од батеријата) да ги врзеш напонот за напојување на таблетот.

Ако има само две жици кои излегуваат од батеријата до main board, само врзи го предложеното решение од TeslaBt и би требало да работи ;).

Не е лошо да ставиш и кондензатор од 1000uF/10V на излез од целата конструкција... можно е да падне напонот по диодите, ако некој пат повеќе струја повлече таблетот или нешто слично, па да варира индикаторот за ниво на батерија кај таблетот... кој го знае, можеби има некоја софтверска заштита и да гаси ако забележи варирање на напонот од батеријата. Пробај, види, ако работи добро и без кондензаторот, изостави го, но ако прави проблеми (гаси на шашма, сам влегува во некои battery saving modes, итн.), стави го кондензаторот ;).



А може да ставиш и батерија од стар мобилен телефон ;). Така ќе може барем малку да тера и без напон за напојување, а и нема да мораш да ги правиш преправките на полначот за мобилни телефони ;).
Title: Одг: Вклучување на таблет без батерија?
Post by: Jovicar on 11.08.2016, Thursday, 19:55:08
Со една диода се вклучи но преку USB полнач во штекер. Батеријата стои 99%,98%, но кога ќе го приклучам на полнач за во кола 2,1А таблетот се вклучува и веднаш штом ке се појави позадината turning off, connect charger и се гаси, и после тоа 2 3 пати не боотира повеќе од андроид логото одма се гаси. Му ставив кондензатор со различни капацитивности од 1000uF, 1500uF duri i 3300uF и повторно не сака да се вклучи. 
Инаку полначот за мобилен е output 5v 0.85A со него пали, а тој во кола 2,1а и 1А и неќе да запали. Идеја како да го решам овој проблем?
Title: Одг: Вклучување на таблет без батерија?
Post by: GigaWatt on 12.08.2016, Friday, 04:25:17
Измери колкав напон даваат полначите на излез пред и по диодата? Да не дава тој за кола значително понизок напон (на пример 4.5V)?