Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Микроконтролери => Topic started by: Devil on 01.02.2010, Monday, 22:23:27
-
Значи дизајнот е следен
дали може некој да го разгледа и да кажи што мисли
делови не планирам да вадам односно ептем ако е неопходно
се работи со програматор со вградено надворешно напојување и бафер за сигналот за да може да работи на секаков вид компјутери. Идејата е од мака настаната пошто имав проблеми со користење на подолг кабел ( се губеше сигналот ) и проблеми со лаптоп не сакаше да програмира и тн. и тн. , не е бито многу тоа
ми треба совет ваш или поправка ако има негде нешто :D
шемата
(http://i64.servimg.com/u/f64/12/64/31/28/th/mfe_pr10.png) (http://www.servimg.com/image_preview.php?i=89&u=12643128)
пошто квалитетот на прикачената слика не е најдобар ако некому му треба можед а ја симне од атачмент
-
Нема никаква шема :) дали не е допро прикачена ако можеш на ново да ја прикачиш
-
имаше некој проблем малку наново ја прикачив ;D
-
Кое коло го користиш како бафер ако е 7407 тоа е со отворен колектор и си мислам дека кога има "1" на влез на излез ке даде "0" може да е до тоа проблемот и со колкав кабел се обидуваш да го пренесеш сигналот бидејки со сериска комуникација неможеш да пренесеш многу неколку метра само додека со паралелна комуникација може многу повеке
-
1. Моја препорака е да користиш CMOS кола од серијата CD а не TTL од серијата 74хх за бафери бидејќи серијата CD без проблем работат на напони кои тебе ти требаат за сериска комуникација (+ - 10V).
2. Моја препорака е да се прави само бафер за обичниот JDM програматор. Бафер можеш да направиш со (не го сакам но некогаш мора) MAX232 и готово. Земи datasheet и види. Се што треба да направиш е да го ограничиш влезот на MAX232 да му доаѓа максимум +5V и 0V (со отпорник и зенер диода нормално) од серискиот порт и проблемот е решен, значи: колку и да е долга жицата или да се работи за сериски порт на лаптоп ќе имаш барем +5 волти за да го „отворат“ MAX232. MAX232 генерира свои напони +10V за 1ца и -10V за 0ла кои може да ги приклучиш на обичен JDM програматор.
3. Мислам дека ќе ти требаат барем 2 MAX232 бидејќи JDM освен Rx и Tx сигналите користи и други и за нив ќе ти требаат додатни бафери (MAX232 има 2 влезни и 2 излезни бафери).
-
Еве една идеа за бафер со кој си мислам дека ке работи во замена на max 232
(http://img168.imageshack.us/img168/5220/img0728u.th.jpg) (http://img168.imageshack.us/i/img0728u.jpg/)
-
Да, тоа е totem pole, но ќе има проблем, имено Devil сака и кога ќе има лап-топски COM порт (кој дава 0 и 5 волти) тие да се „преведат“ во +10 и -10V. Овој бафер ако има на влез +5V и 0V на излез ќе даде... +5V и 0V, така?
-
Си мислам дека може и вака доволни се +5 и -5 волти на базата за да се поларизираат дирекно транзисторите и на колекторите се донесе напон од 10 до 12 волти .Коа ке дојде на NPN транзисторот 1(+5волти) напонот што е на колекторот од + 10 до +12 ке го даде на емитерот а коа ке дојде 0(-5волти) напонот на колекторто на PNP транзисторот -10 до -12 волти ке го даде на емитерот и двата емитера идат кон програматорот
Ако грешам поправиме
-
а оти толку комплицирате, ако не ставам 7407 ќе ставам 7406 или како е
зошто да ставам толку сега додатоци?
-
Ако сакаш да ставиш 7406 ке треба сериски да споиш 2 бафери бидејки е Inverter baffer а најубаво да направиш како што кажа Борче со MAX232.Ако ставиш ваков бавер пак ке имаш проблем со програмирање со лаптоп пак ке има на излез од баферот +/- 5 волти само ке има поголема струја
-
да ама затоа има транзистори
мене не ми треба секој пин да биде на +13.4V, само MCLR е толку а другите се +/- 5В
спомна погоре дека со транзисторите ако донесам „0“ ќе ми се појави „1“ на излез
тоа се случува ако се користат ПНП типови на транзистори
во мојот случај се НПН и ќе биде исто како што ќе се добие на влез така ќе има и на излез
-
Ако користиш бафер 7407 тогаш ако на влезот дојде 1 на излезот ке има 0
А ако користиш баферот со транзистори кога ке дојде 0 односно(-5волти)на бaзата од PNP транзисторот на излез ке има 0 односно (-10 до -12) волти истото се однесува и за NPN транзисторот само он се поларизира дирекно со логичка 1 (+5 волти)
А исто и MAX 232 кога на влез ке има 1(+5волти) на излез ке има 1(+10 волти)
"1"= +10 волти
"0"= -10 волти
-
Еве види
на првата слика е со НПН и од десно слика од осцилоскопот
(http://i64.servimg.com/u/f64/12/64/31/28/th/bafer_10.jpg) (http://www.servimg.com/image_preview.php?i=90&u=12643128)
не се познава најдобро бојата ама излезот е онај со правоаголна форма
и еве со ПНП како изгледа
(http://i64.servimg.com/u/f64/12/64/31/28/th/bafer_11.jpg) (http://www.servimg.com/image_preview.php?i=91&u=12643128)
исто како и претходно тој со правоаголна форма е излез
-
Значи реков во мојот пост дека наједноставно е да направиш бафер за обичниот JDM наместо да измислуваш нов програматор. Ако измислуваш нов програматор на база на сигналите што ги добива JDM и да можеш да го програмираш со сетинг за JDM во софтверот за програмирање тогаш направи со бафери логички но како што реков користи серија CD40xx бидејќи издржуваат повисоки влезни напони и напони на напојување.
-
Еве види
на првата слика е со НПН и од десно слика од осцилоскопот
(http://i64.servimg.com/u/f64/12/64/31/28/th/bafer_10.jpg) (http://www.servimg.com/image_preview.php?i=90&u=12643128)
не се познава најдобро бојата ама излезот е онај со правоаголна форма
и еве со ПНП како изгледа
(http://i64.servimg.com/u/f64/12/64/31/28/th/bafer_11.jpg) (http://www.servimg.com/image_preview.php?i=91&u=12643128)
исто како и претходно тој со правоаголна форма е излез
Тоа е се ок само сакам да ти кажам дека ако користиш 7407 ке го инвертираш сигналот наместо на базата да дојде 1 ке дојде 0 и погрешен податок
-
ама јас не разбирам зошто ако се користи 7407 да се инвертира сигналот, колото е обичен бафер не е инвертор, 7406 е инвертор
-
Идеа: А, да направиш да биде со опто-изолатори како 4N35? :)
-
ама јас не разбирам зошто ако се користи 7407 да се инвертира сигналот, колото е обичен бафер не е инвертор, 7406 е инвертор
Затоа што е open collector излезот ;D
-
ама јас не разбирам зошто ако се користи 7407 да се инвертира сигналот, колото е обичен бафер не е инвертор, 7406 е инвертор
Отвориго datasheet на 7407 и ке видиш дека кога има на влез 1 на излез ке има 0 и обратно
-
и јас се мислев за таа идеа со опто-каплери и некако најпаметно би било тоа
а за ти што велиш од CD серијата дај предложи нешто
па така кажете дека колото не чини, а да ставам PNP транзистори ? ќе го бива ?
-
Битребало да работи со PNP транзистори само ке треба да се преправи целиот дизајн на програматорот
-
не цел ќе ја преправам ако стигнам, малку сум зафатен сега не можам