Author Topic: Ми требаат спецификации за трафово  (Read 2084 times)

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Нема шанса освен да го скршам пластичето
А да пробаш со упаљач да го грееш и пополека со онаков (-) штравцигер да го поткреваш?Јас мислам дека ќе успее ;) ;D
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline Syrus

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 480
Нее бе пробав нејќи тврда е пластиката многу

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Нее бе пробав нејќи тврда е пластиката многу
Ништо тогаш,батали го...Освен да ја скршиш пластиката друго ништо не останува ;D ;)
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Види вака сега за точна пресметка треба да се растури трафото и да се измери отворот на касетката со шублер (за прецизно мерење) или поточно да кажам ширината по должината на отворот на касетката, а вака како што гледам од око, односно по големината на трафото спред мене би било негде околу 120W.

Offline Syrus

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 480
Не бее што ви е, трафо од нишки телевизор дупло помало е 100 вати а овој огромен спрема него 120 :D

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male

а што не пробаш да го оптовариш- ни да гршиш пластики ни ништо. Подетално како-што имаше во форумов - во основа 1-3омски отпорник, ќе видиш напон (треба да е паднат, во спротивно не оптоварено максимално) ќе пресметаш.

Offline Syrus

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 480
Не ве разбирам како со отпорник. Утре ке го носам кај мотачот ке кажи

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Не бее што ви е, трафо од нишки телевизор дупло помало е 100 вати а овој огромен спрема него 120 :D
Е добро де јас реков вака од око, а ти одма го зема за озбилно, ај тогаш нека биде околу 200W  ;D ;).

Offline Syrus

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 480
хахах по желба а??

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Не по желба туку на прв поглед ми заличе како оние од црно-белите телевизори и затоа ти пишав околу 120W, бидејки ти не нагласи од што си го извадил  ;).

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
право да ти кажам онака од око би му дал 300W, дека имам едно трафо (мислам) дека е слично со ова, ке му ги измерам димензиите утре и ке ти пишам ако не си нашол до тогаш...

а и ако е залиено, не е проблем да се растури, ама ова како што го гледам заварувано е...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: Ми требаат спецификации за трафово
« Reply #26 on 22.12.2010, Wednesday, 02:56:12 (Edited 22.12.2010, Wednesday, 13:56:16) »
види овде Гига иам добро објаснето http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1715.msg13200#msg13200

Еве на што поточно мислам :

Има пресметки за да дознаеш колкава струја (а со тоа и моќност) може да извади определен трансформатор на неговиот излез (кои јас искрено не ги знам, ако некој ги знае нека пише), но доста комплицирани се (барем колку што сум гледал нешто, чат пат), треба да се познава дебелината на жицата на секундарната намотка (што некогаш тешко може да се открие, особено ако е олопен целиот трансформатор), димензии на јадрото и типот на јадрото... претпоставувам уште некои други податоци, но не знам кои. Поедноставна метода (јас барме ја имам користено) за да дознаеш (од прилика) колкава струја може да даде на излез трансформаторот е следнава. Купи некој отпорник од 0.47 оми и моќност од 20W (можеш да најдеш и од некој стар телевизор ваков отпорник). поврзи го меѓу краевите на секундарната намотка на трансформаторот. Ако напонот на излез од трансформаторот е на пример 20V, тогаш струјата што би портекла низ отпорникот (доколку може да ја даде таа струја трансформаторот) би била околу 40А. После врзувањето на отпорникот, вклучи го трансформаторот во струја види дали почнува веднаш да загрева отпорникот или не. Ако почене веднаш да загрева, исклучи го трансформаторот (да не го изгорш случајно отпорникот). Ако не загрева многу, повторно исклучи го трансформаторот и измеѓу едниот од изводите на трансформаторот и едниот од изводите на отпорникот врзи амперметар кој мери наизменична струја и види колкава струја повекува отпорникот. Истовремено врзи и волтметар за наизменичен напон на краевите на отпорникот (или ова можеш да го направиш и одпосле, одкако ќе ја измериш струјата и повторно го врзеш отпорникот на трансформаторот). Види колкав е напонот на краевите на отпорникот (сигурно ќе биде помал одколку кога трансформаторот работи во „празен од“). Помножи ги вредностите на напонот и струјата што си ги измерила и (приближно) ќе ја добиеш моќност која може да ја даде трансформаторот. Само пази, овие мерења треба да ги вршиш релативно брзо бидејќи доколку трансформаторот не може да ја даде моќноста која отпорникот може да ја „поднесе“, трансформаторот ќе се „мачи“ и ќе пробува да испорача моќност која не може да ја „даде“, па поради тоа ќе почне за релативно кратко време да грее. Доколку отпорникот почне брзо да грее, значи дека најверо трансформаторот може да испорача струја со јачина од околу 40A, но ова не мора секогаш да е точно, отпорникот може релативно брзо да почне да грее и доколку струјата што тече низ него е околу 30А (на пример). Сепак, како што реков и претходно, овој метод е само приближен, колку да видиш дали може со мали или без никакви проблеми конкретниот трансформатор да напојува некој уред.

Offline Syrus

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 480
Трафово мислам дека е од некој УПС ама не сум сигурен

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
a зш не пробаш вака Гига како што пишал?

Offline Syrus

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 480
Утре планирам да го носам кај Галото на мотање ке ми треба за појачало 150 ватно мислам дека примарот е здрав.