Види, ако направи транзисторски појачувач може да си дозволи да го напојува со 12В и овој дублер и да даде достојно во АБ класа некои 30-35 вати и ке биде се во ред.Кога се работи за хибриди и мосни споеви треба да се работи со големи струи и постои можност за повелекување,па се користат посебни електролити за одржување на напонот. Средината е некаде околу можноста да се искористи ниската импенданса (2 оми) на некои мосни споеви и со стандардните 12-14В да се добие 20-30 Вати по канал,што е сосем доволно за просечен автомобил.Подобро би било да купите и вградите подобри и поефикасни(поскапи) звучници и стандарден 4х40 вати ЦД/радио со УСБ влез,така што ке добиете добар и пред се квалитетен звук,а ке заштедите на акумулатори!
Секој си има право на свое мислење, но јас не се согласувам со оваа констатација. Имено TDA1562Q е хибриден засилувач за во кола, кој може да испорача 50W, и тој е во Н класа. А сто е разликата од АВ до Н класа, само менаџирањето на напојувањето. Патем овој конвертор, заедно со засилувач од АВ класа е она што се вика Н класа или се во едно има во TDA1562Q. И на тој инвертор кој работи на сличен принцип (со прелевање на полнеж) му се потребни само 2 кондензатори од 4700uF, а не 2 од по 1F (Разликата е 25 пати што во цена е многу). И тоа коло кошта некаде окулу 300 денари, и заедно со сите елементи нема да помине 600, додека со твоето решение само инверторот ке биде поскап од 1000 денари + засилувачот, за слични резултати. Ако се нафати некој да прави ваков boost конвертор со индуктивен елемент, се на се нема да има поголем трошок од 500 денари (контролер+МОS, кондензатори и индуктивитет). Па кој што сака нека одлучи и нека прави, ние сме тука да ги изнесеме фактите, што е економски исплатливо а што не.