Гледам се зажести расправава па и јас да се вклучам малку, можеби ке разјаснам некои работи. Торус е геометриска фигура, и немора да имаш некои огромно искуство од трансформатори за да препознаеш торус. За тој што незнае торус изгледа исто како внатрешна гума напумпана од кола. Ете тоа е торус, а оној трансформатор на сликана, не е торус, и слеп може да види. Мокноста на еден трансформатор се пренесува од примар на секундар, преку магнетната енергија во јадрото. И тука нема некоја голема филозофија, и идејата е следнава, ако јадрото е изведено од динамо лимови (како што е во случајов) тие имаат некоја максимална вредност за магнетна индукција, и јасно е дека трафото несмее да отиде во заситување. Флуксот во јадрото е тој што ја пренесува енергијата од примар на секундар, и тој е производ на површината на напречниот пресек на јадрото и магнетната индукција. И од прилика за сите трансформатори максималната вредност на магнетната индукција е приближна, од што следи дека пренесената моќност од примар на секундар ке зависи само од површината на напречен пресек на јадрото. За оваа површина што е наведена ова јадро максимално што може да даде е 50W. S = 7 cm2, P = S*S = 49W. Без разлика кои се напоните на примар и секундар, без разлика колку излези има, моќноста е таа, и не зависи од ништо друго освен од магнетните параметри и напречниот пресек на јадрото. Од кај е извадено трафото е посебна приказна, и дали тоа појачало има 500W RMS ili PMPO и тоа е дискутабилна тема. Јас само се обидувам да помогнам на понеискусните од мене, за да стекнат искуство па они да помагаат, а кој не ми верува, негов проблем, нека мери, нека пресметува, тоа од тука натаму е негово.