Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: angel on 15.12.2010, Wednesday, 15:25:58

Title: автоматика на индустриски машина
Post by: angel on 15.12.2010, Wednesday, 15:25:58
дали може некој да ми каже или да даде било каква информација за контрола на оските кај индустриска машина,утврдување на позициите на оските,нејзино поврзување и комуникација со компјутер...
Title: Одг: автоматика на индустриски машина
Post by: GigaWatt on 15.12.2010, Wednesday, 15:34:38
дали може некој да ми каже или да даде било каква информација за контрола на оските кај индустриска машина,утврдување на позициите на оските,нејзино поврзување и комуникација со компјутер...

Контрола на step мотори?
Title: Одг: автоматика на индустриски машина
Post by: Bojan on 15.12.2010, Wednesday, 19:29:51
убаво вика GW, за таква работа се употребува степ мотор, па компјутер му дава команди накај да иде, дали напред, назад, за колку степени да се сврти и такви работи...а за со обичен мотор (што нема контрола како степ моторот, него цело време врти) неверувам дека може да се направи такво нешто...
Title: Одг: автоматика на индустриски машина
Post by: GigaWatt on 15.12.2010, Wednesday, 19:55:24
убаво вика GW, за таква работа се употребува степ мотор, па компјутер му дава команди накај да иде, дали напред, назад, за колку степени да се сврти и такви работи...а за со обичен мотор (што нема контрола како степ моторот, него цело време врти) неверувам дека може да се направи такво нешто...

Ммммммм... може, ама е екстремно тешко и пак, потребно е да имаш error count-ер кој ќе брои колку чекори се направени, за колку згрешил моторот, па таа врендост да се корегира со микропроцесор/микроконтролер :S... потешко е одколку ако користиш step мотор. На step моторот колку чекори ќе му зададеш да сврти, толку врти (освен ако не е ептен залетан, се разбира, ама ова не најчестата примена на step моторот, да залетува ;D).
Title: Одг: автоматика на индустриски машина
Post by: SKOLS_OLD on 15.12.2010, Wednesday, 19:58:11
немора и степ мотори,ти ако сакаш стави и електрични мотори со редуктори но со брзини.Тие се исто така добри моторчиња,гледав на you tube контрола на вакви мотори преку PC.А Ангел за што поточно ќе ти се тебе,кажи поопширно,кај се наоѓаат колкави да бидат?
Title: Одг: автоматика на индустриски машина
Post by: Devil on 15.12.2010, Wednesday, 21:06:13
може и на обични мотори со броење на вртежите, да се направи нешто со опто каплери, од оние засечените на половина како сензори што се користат, само ќе треба така да се направи да може да мере и кога оди напред и кога оди наназад
Title: Одг: автоматика на индустриски машина
Post by: GigaWatt on 15.12.2010, Wednesday, 23:36:53
Епа значи пак ќе треба да се користи или error count-ер или ротирачки енкодер, едно од тие две... пак, поедноставно решение е да се користи step мотор ;).