Македонски форум за електроника

Останато => Кутии => Topic started by: GigaWatt on 10.05.2010, Monday, 22:28:28

Title: Кутии за компоненти од кутии за кибритчиња
Post by: GigaWatt on 10.05.2010, Monday, 22:28:28
Еве како можете да ги искористите празните кутии од кибрити ;).

(http://img718.imageshack.us/img718/561/sdc10066c.jpg)

(http://img169.imageshack.us/img169/5179/sdc10067x.jpg)

(http://img687.imageshack.us/img687/9867/sdc10069q.jpg)

Кутиите можете да ги залепите една до друга со било каков лепак, јас користев Neostik. Потоа ги пишувате вредностите на отпорниците на фиокичките на кутиите со маркер, по можност перманентен за да навлезе мастилото подлабоко во картонот/хартијата, а со тоа и подолго време да остане на хартијата (да не избледи) ;).

Се разбира, не мора да се користи само за отпорници, може да се направат ваков тип на кути за било какви компоненти, како на пример кондензатори, транзистори (на пример, за определена серија, или транзистори кои често ги користите), операциски засилувачи, диоди, итн. ;).

Не мора да се користат ни кутии од кибритчиња се разбира, може да се искористи каков било тип на кутии, на пример од цигари, само што во тој случај кутиите нема да ги залепите заедно зашто нема да можат да се отвораат (поради принципот на кој работи оворањето на кутиите кај тврдите пакувања на цигарите, се разбира)

Кој сака да ги види сликите во поголема резолуција, еве link ;).

Code: [Select]
http://www.box.net/shared/7svc5c9g1t
Title: Одг: Кутии за компоненти од кутии за кибритчиња
Post by: danix01 on 10.05.2010, Monday, 22:36:33
не знам од кај ги најде толку кутии...идеата е супер ке заштедиш драгоцено време ке ги имас на дофат секој отпорник кој ти е потребен........јас планирам да ја усовршам до максимум твојата идеа ке го направам истото со запалки  ;D
Title: Одг: Кутии за компоненти од кутии за кибритчиња
Post by: GigaWatt on 10.05.2010, Monday, 23:01:20
не знам од кај ги најде толку кутии...идеата е супер ке заштедиш драгоцено време ке ги имас на дофат секој отпорник кој ти е потребен........јас планирам да ја усовршам до максимум твојата идеа ке го направам истото со запалки  ;D

хахахахаха :D :D :D... и ти пуши две кутии дневно па да видиме дали нема да ги собереш толку кутии кибрити... хаахахахахаа :D :D :D


EDIT: Само да напоменам дека вредностите на отпорниците на кутиите се пишувани според Е24 серијата на вредности, значи важи за вредности на отпорници со толеранција од 5%.
Title: Одг: Кутии за компоненти од кутии за кибритчиња
Post by: danix01 on 10.05.2010, Monday, 23:06:56
не пушам........ке пробам истото да го направам со кутии од тоблероне чоколади  ;D
Title: Одг: Кутии за компоненти од кутии за кибрит&#
Post by: nCounTr on 10.05.2010, Monday, 23:15:15
Зошто да не може со кутии за цигсри твди паковања?

Ке земеш ќе ги лепиш исто како оние од кибритчиња со таа разлика што од долу на горе ќе ги редиш скалесто и пак ќе можеш да ги отвораш индивидуално -треба само да ти текне :)

Сепак јас би се одлучил за голема фиока како во логинг што се со прегради со висина од 5-6 цм закачена под плотната од бирото каде се работи. А преградите направени или со акрилик (плексиглас) или со плајвуд (шпер плоча)
Title: Одг: Одг: Кутии за компоненти од кутии за кибрит&#
Post by: GigaWatt on 10.05.2010, Monday, 23:23:33
Зошто да не може со кутии за цигсри твди паковања?

Ке земеш ќе ги лепиш исто како оние од кибритчиња со таа разлика што од долу на горе ќе ги редиш скалесто и пак ќе можеш да ги отвораш индивидуално -треба само да ти текне :)

Може и така, ама во тој случај ќе мораш да ги отвораш наопаку, односно да биде задната страна таа на која ќе се преклопува капакот на кутијата, така да тоа и не е баш најпрактично. Ќе мораш секој пат да подстануваш за да ја земеш компонентата, така да... што знам, јас не би ги залепил, би ги ставил во некоја поголема кутија една до друга и би ги наредил така. Би ги „брендирал“ и потоа би ставал компоненти во нив, па кога ќе ми треба некоја компонента, само ќе ја извадам кутијата која ми треба, ќе си ја извадам компонентата и ќе ја вратам пак назад во кутијата. А ќе заштедам и на простор така одколку скалесто да ги лепам ;).

Сепак не е лошо како идеја, може некој и нешто такво да проба, па да видиме како ќе излезе ;).

Сепак јас би се одлучил за голема фиока како во логинг што се со прегради со висина од 5-6 цм закачена под плотната од бирото каде се работи. А преградите направени или со акрилик (плексиглас) или со плајвуд (шпер плоча)

Добро, ова беше чисто како идеја за "low budget" работилници. Ако веќе имаш „профи“ работилница, се разбира дека подобро ќе биде тоа решение ;).
Title: Одг: Кутии за компоненти од кутии за кибритчиња
Post by: BorceBT on 11.05.2010, Tuesday, 02:31:49
Моите први „фиоки“ во кои собирав и сортирав делови беа баш со такви кутии од кибритчиња! Проблемот беше само што многу брзо се распаѓаа „фиочињата“ од пречесто отворање :(
Title: Одг: Кутии за компоненти од кутии за кибритчиња
Post by: GigaWatt on 11.05.2010, Tuesday, 03:26:45
Мхм, и јас исто забележав, ама не е проблем, ние дома готвиме на плин па мораме цело време да купуваме ќибрити, само ќе ги заменувам фиокичките со нови ;).