Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Звучници => Topic started by: batka on 09.05.2017, Tuesday, 21:31:26
-
Ке изгледа чудно ,ама нема каде да ставам една ваква конструкција ,па ја ставив во тема - *звучници*.Ова е уред,всушност музички инструмент - една звучна кутија со бас рефлекс со отвор на предната страна. На него се свири со ударање на предната страница.Некои монтираат и бас педала ( за бас тапан ) на него па држат ритам со нога, а со рака удираат *прелази*. Имав барање да направан еден * кајон* за пријател, па побарав димензии и испадна одлична кутија. Држете се по димензии - 20 мм медијапан и 6 мм шпер плоча за предната страница.Може да се проба и со 8мм тополова ( бела) шпер плоча ,ама не знам како ке звучи.Ова 6 мм беше некоја грчка шпер плоча, не знам од каде набавена.Еве ги димензиите на * кајонот*.Ставете повеќе штрафови за стегање на страниците, доста дрвофикс и удрете!
-
Си имаме секција „Инструменти“ ;).
http://elektronika-mk.net/index.php?board=84.0
-
Да, ама ова не е електронски инструмент, нити има врска со струја, напон - едноставно не подлежи под *Омов закон* :D :D. :D
Личи на звучник, *лупа* како звучник и затоа е тука. Добра работа за слободно време, а немаш нервозни комшии. 8)
-
Таа секција е наменета за секакви видови на музички инструменти, модификации, доработки, електронски, механички... се што не содржи нотни тетратки како attachment, би можело таму да оди ;)... јас барем така ја имам сватено.
Ако гледаме така на работите, и механичките ревербератори не се електронски (со електроника), па пак би ставил тема за изработка на таков аналоген (механички) ефект во секцијата за инструменти.
Како сакаш ;).