И не е само тоа: АЗОТ - потегот по реката Бабуна покрај Велес има големи проблеми со фаќање на аналогниот ,а секако и дигиталниот сигнал.Поставени се неколку скапи репетитори кои сега ке бидат вишок,Такви уреди ке се јават во голем број во МК и тоа е една страшна загуба на техника,а во пари да не зборуваме.
Ехеееее... ова е одамна јасно
... се прават нови работи за да ги заменат старите, а веќе се фрлени огромни суми на пари за старите
. Тоа е една од оние работи кои не може да се сменат. EU вика „правете вака, дигитализирајте, низ цел свет е вака, ова она“... а и они не се виновни ITU им ги прави политиките, а во ITU се знае како одат работите: која фирма најмногу пари ќе фрли, нејзиниот стандард ќе се преферира... а парите мора да се вртат, некој мора да ќари и мора нешто ново да се воведе кое (по некоја случајност
), ќе биде сосема некомпатибилно со старата опрема
. Ако гледаме вака на работите, и порано, со воведувањето на колор телевизијата, стандардот можеше да биде направен да биде сосема некомпатибилен со старата црно-бела телевизија, па сите кои имаа црно-бели телевизори, да мораа да купат колор за воопшто да може да ја следат програмата, или некаков тип на "set top box" кој ќе го конвертира колор сигналот во црно-бел (монохроматски). Но, тогаш се мислело, се разгледувале опциите и се направил солиден компромис меѓу комплицираноста на на модулацијата и компатибилноста со старите црно-бели приемници. Е тоа е вистински напредок
. They didn't break compatibility
. За разлика од оваа ситуација, Microsoft ја крши компатибилноста со секоја нова верзија на Windows, што воопшто не ми се допаѓа и од тие причини, сериозно мислам да се префрлувам на некоја GNU едиција на Linux.
Истото се случува и сега, со префрлувањето на дигитален пренос. Не може некој да ми докаже дека не можеа некако да го „убутаат“ дигиталниот сигнал во опсегот на аналогните сигнали, при што и истовремено да се емитуваа и двата сигнали, и аналогниот и дигиталниот
... абе ајде
... чуда прават, какви се не компресиони и модулациски техники измислуваат, ова не можеле да го направат
... како да не
. Кратко и јасно, ова му одговара на некои заинтересирани страни и тоа е тоа. Не мислам само во Македонија, туку општо, низ цел свет. А ние само сме послушни следбеници на тоа што се воведува насекаде на запад. Нели, сега капиталисти сме, не сме веќе социјалисти, пробуваме да навлеземе во тие кругови
.
Него и јас ама се расприкажав, а темава не е за ова
. Темава беше околу DVB-T засилувач. Е сега, по некоја моја логика, бидејќи станува збор за дигитален засилувач, во исто време би требало да биде и регенератор на сигнал. Во принцип, засилувањето на скоро сите дигитални сигнали се изведува на следиот начин: приемникот го прима модулираниот дигитален сигнал, го демодулира, пробува да одлучи кои се единици а кои нули од демодулираниот сигнал (ова го прави со разни техники, затоа многу често во дигиталниот сигнал, пред да се модулира, се имплементираат и определени ECC техники), се донесува одлука, сигналот се генерира повторно (во самиот „засилувач“), повторно се модулира и се препраќа по линија (или во етерот). Значи, во принцип, кога станува збор за дигитални сигнали, терминот „засилувач“ некако си го губи значењето. Најчесто, станува збор за регенерација на сигналот... односно, повторно генерирање на истиот сигнал и негово повторно модулирање, со што се елиминира (скоро) целиот шум кој сигналот го „собрал“ по пат при неговото емитување во етерот (или низ кабел).
Е сега, проблемот со овие регенератори е тоа што, во принцип, не може да функционираат на сличен начин како и обичните аналогни засилувачи. Аналогните засилувачи го засилуваат и шумот, но ако во приемниот сигнал преовладува корисниот сигнал (односно, во конкретниов случај, телевизискиот сигнал), шумот ќе биде за нијанса засенет... тоа е барам нашата човечка перцепција, иако, реално гледано, и шумот и корисниот сигнал исто ќе бидат засилени, засилувачот не бира кој сигнал да го засили, засилува се
. Ова е нешто слично на она „нема голема разлика меѓу 500W и 1000W аудио засилувач“
. Да, ако некој каже „јас имам 500W засилувач“, а некој друг каже „јас имам 1000W засилувач“, тоа на нас ни изгледа како... WOW, многу повеќе, односно дупло повеќе
... па си викаме „овој вториот треба да звучи дупло појако“, ама реалноста не е таа
. Човечкото уво нема да го прими аудио сигналот од 1000W-ниот засилувач дупло појако
. Епа слична е ситуацијата и со аналогните засилувачи
. На нас ни изгледа сигналот како појасен, почист, а реалноста не е таа
. Ние го гледаме она што сакаме да го гледаме, а тоа е сликата
. Е сега, бидејќи е засилен сигналот, телевизорот може подобро да се „синхронизира“ со сигналот и полесно да најде каде почнува и завршува frame-от, па не трепери сликата
, иако можеби има повисоко ниво на шум, треперењето на сликата за човековото око е многу непријатно (како и сецкање на аудио и видео сигнал кај дигиталниот пренос), па тоа за нас, субјективно, е подобра слика
... иако, како што пишав, можеби сликата има повеќе шум од претходно
. Кратко кажано, ние сме аналогни суштества
. Да бевме дигитални, можеби и немаше да ни пречи сецкањето на аудиото и видеото
.
Е, токму тука се јавува и проблемот. Ако дигиталниот сигнал кој се прима има прилично високо ниво на шум и демодулаторот/декодерот не може правилно да одлучи за приемниот сигнал дали определено напонско ниво е нула или еден (и ако притоа ниедна ECC техника не успее да ја корегира грешката, односно не успее да му „посочи“ на декодерот дали ова примено ниво е еден или нула), се случува грешка при преносот, пакетот е изгубен (најчесто, повеќето дигитални уреди функционираат на следниот начин: ако се случи една грешка при преносот на пакетот, целиот пакет се отфрла, иако можеби сите останати бити од пакетот се исправно примени), а ние тоа го перцепираме како секцање на аудио или видео сигналот (или и двата
).
Затоа, не може да се направи добар „дигитален засилувач“
. Бидејќи истото што ќе го прими и дигиталниот засилувач, ќе го прими и обичниот рисивер
. Тоа што ќе го одлучи (околу примените податоци) дигиталниот засилувач, ќе го одлучи и дигиталниот приемник, така да, ако сецкала сликата и звукот претходно, ќе сецкаат и сега
. И баталете ги сите тие ознаки на засилувачите (па и кај дигиталните) за осетливоста, итн... во 90% од случаите, ова ми се покажало како „мижи асан да ти баам“
. Производителиве на опрема (општо, било каква, не само дигитална), скоро се ќе пишат само да за ви продадат нешто
. Дури, многу честа била ситуацијата, место уредот да го засилува сигналот, да го ослабува
.
Една работа која можеби би помогнала е скратување на каблите за пренос на сигналот. Има загуби (како и во секој кабел) и можно е да се подобри ситуацијата со скратување на каблите или менување со нови (како што пиша krema, можеби каблите се постари и се до некаде уништени од сонце и други надворешни влијанија). Во многу случаи, дури и кај аналогниот пренос, со промена на каблите, драстично се подобрувал квалитетот на сигналот (субјективно, од слика со многу снег и треперење, со промена на каблите, јас лично имам добиено „џам“ слика
). Така да, не е лошо да се проба и оваа солуција
. Можно е да профункционира и да даде добри резултати
. Пробај
.