@ DX-er
Антени
за Antenna Height ставам 2m земено дека некој испружил раце и ја закачил на првото место кое го дофатил
за Antenna Type оди скоро секогаш Omni пошто не верувам дека има нешто друго по нашиве репетитори освен GP или стап антена.
за Azimuth и Tilt не менувам и останува 0
за Antenna Gain (dBi) е ова е малку дискутабилно. Јас ставам 2, затоа што земам дека максимум за една 5/8 гепејка би одело до 5dBi. Реално за 1/2 и 1/4 e 3dB помалку од 5/8, па затоа ставам 2. Сметам дека тоа е најчестата антена што би се користела.
за Mobile Antenna Height и Mobile Antenna Gain не менувам. Тоа би требало да е приемната станица.
за Frequency ја ставам фрекфенцијата на која емитува репетиторот пример R7 = 145.775MHz или RU5 = 434.725
за Tx power би требало да биде за сите репетитори во Mакедонија:
20W - за аматерски репетиторски станици за примарно покривање,
10W - за аматерски репетиторски станици за секундарно покривање,
5W - за аматерски репетиторски станици за локално покривање
јас во софверот ставам 10W за сите освен 5W за нулите.
Тx line loss, Rx line loss (dB) и Rx threshold (μV) не ги менувам. Ова Rx threshold (μV) евентуално може да се смени каде ова би биле S единиците на кои сквелчот би се отворил. Ако сакате со отворен сквелч, ставете на висина на осетливоста на рисиверот на вашата станица. Пример кај мене е декларирано <0.18 µV.
Еве табела како тоа изгледа S единици во односна µV, dB или снага на поле dBµV/m
Required reliability (%) неам поим што е. Останува исто.
Strong Signal Margin јас го оставам исто. Би значело S9+10 (од табелата) што според мое досегашно искуство ми гарантира дека со 5W од рака, ќе го отворам репетиторот. Не значи дека кога сум го слушал репетиторот со S8/S9 и сум поминувал. Затоа ставам S9+10.
Единствено уште менувам е Maximum range, за пошироко од точката на зрачење, да исцрта на мапата.