Добро бе луѓе прашајте мајстор за мислење
Бидејќи мене ми е тоа професија и сум ВКВ металостругар дозволете ми мене да ви кажам нешто за оваа машина.
Јас вакви машини имам изработувано, и една за метал што е дури и како поклон ја дадов, 100% индустриска машина за метал маала, мини дребонг, со тие димензии како тој на постот, бидејќи јас работам на стругови што обработуваат 3000 милиметри делови или народски кажано 3 метра должина минимум. Ова го кажувам за да ме сватите сериозно што мислам за оваа машина.....
Ова е добра машина за хоби значи, ок, може да се направи нешто колку толку ама сепак нема прецизност, значи не можеш да мериш десети делови од милиметаарот со ова, не можеш навој да режиш, ама како за хоби и за моделарство кој што има мерак ова е добра машина.
@tomce
Тоа што има вујко ти е торно, пази, разграничете торно и дребонг односно струк. Не е потребно да имаш калап туку имаш длета за различна намена, за да ги правиш тие прекрасни стубови за скали. Торното е убава работа иако е сосема различен занает од мојот, си има свој тежини како и секој занает и треба да си мајстор да го работиш, сепак тоа не смееме да го наречеме дребонг
@Devil
Добро е да научиш ако си во можност да го работиш торното, имаш безброј можности со него, а што се однесува за безбол палките немој. Досега направив 4 такви машини и поради безбол паликите ќе имав проблем со законот, направиле за некој безбол палка а тој на друг главата му ја искршил. Фала богу жив е човекот. Сепак не бев обвинет бидејќи не е кривично дело да направиш самоделско торно.
Во врска со вториот пост да ти кажам дека универзален струг е струг што мора да има две вретена, навојно и влечно, ама не би навлегувал во тоа бидејќи ќе одам многу офф топик и универзалниот струг е сепак само за метал иако се нарекува универзален
@nsu
Некои го велат дребунг а ти велиш дребонг, во двата случаја грешиш, тоа е торно или струг за дрво како сакаш, струг или дребонг е за метал, ама си во право дека е корисна алатка. Не е некоја скапа инвестиција ако погодиш мајстор што нема да те одере, а имаш и фабрички.
Твојот втор пост ме натера да одржам и час по германски јазик со оглед дека германскиот јазик го знам професионално.
Терминот дребног е одомаќинет од терминот Drehbank кое значи вртлива работна маса буквално преведено, сепак и тој термин се користи само народски, правилниот термин е Drehmaschine и рој термин се користи во стручните литератури, во средните машински училишта и машинските факултети.
@Тома
Не се согласувам во делот со дрвото, Универзален струг се вика затоа што може да се користи од најмала работилница до најтешка индустрија, и може да се користи за најразлична намена, на струг се обработуваат најтешките челици, прохром....па ок пластика исто се употребува, месинг бронза....алуминиум и така натаму ама не се препорачува дрво бидејќи пилевината ако навлезе под водилките и ако прими масло, тогаш тешко на машината, ќе закочи машината и може да се направи некој дефект, едноставно не е наменет за дрво иако може да го обработува.
Во врска со термините што ги напиша малку ќе те поправам....
Струг за метал- drehmaschine für metall ок е терминот а може да се каже и metall drehmaschine
Струг за дрво Drechselbank, никако тоа baum не смее да стои таму, оти поимот baum е дрво што е живо значи засадено и порастено со лисја, а не сечено, дрво инаку се вика и Holz, тоа подобро би се вклопило во називот