Македонски форум за електроника
Останато => Алат => Topic started by: Zan on 26.03.2017, Sunday, 20:03:41
-
Имам проблем со леткум на топол воздух. Проблемот е тоа што пумпата само брмчи а не дува воздух.
Вака изгледа
(https://www.mediafire.com/convkey/110e/bh3pyx4zbn7smbe6g.jpg)
Видов дека подвижниот дел што е на средина, се заглавува во една крајна позиција.
Откако ќе го размрдам малку лево-десно, работи нормално се додека не го исклучам. На следното вклучување пак стои во една позиција.
Претпоставувам дека проблемот се јавил поради тоа што леткумот на топол воздух не бил користен долго време. Дали некој има предлог како да се реши овој проблем?
На втората слика, подвижниот дел е лево, а на третата е десно.
(https://www.mediafire.com/convkey/687e/7rq1idso8um3d7z6g.jpg)
(https://www.mediafire.com/convkey/0172/tto8ai5r3or36w66g.jpg)
(https://s26.postimg.cc/sfe5qkaah/Pumpa_za_topol_vozduh.gif)
-
залепен е за мембраните подвижниот (белиот) дел?....ако мојш да го извадиш, од работење е некој дел истрошен. И дали оди до крајна десна позиција или центар и лево?(како на гифот)
А ако не е некој “забец“ направен туку заглавува од триење, вазелин малку би бркал работа :D
-
Краевите на белата пластика се конусни, и на нив се навлечени мембраните.
Нема истрошен дел, туку од долго стоење, мембраните станале крути и тешко се поместуваат.
Кога го поместувам со рака, се движи од крајна лева до крајна десна позиција, но кога работи и кога ќе се исклучи, тогаш застанува во крајна лева положба, па потоа не може повторно да почне да се движи.
Не знам од каков материјал се мембраните, претпоставувам дека се гумени. Како може да ги омекнам, да се движат полесно? Постои ли некое средство за премачкување?
-
Пробај со најобични масло за подмачкување на велосипед. Можеби претходно било намачкано со некое масло, но поради долгата не употреба се исушило, така што коефициентот на триење е зголемен. ;)
-
Пробај премачкај ги гумените мембрани со глицерин, тоа би требало да ги омекне, глицерин има во повеќето аптеки...
-
Jaс ставам павлиќева маст за деца ;D ;D
-
Глицеринот глицерин другар батка ме изнасмеа легенда ;D
-
Глицеринот ја јаде гумата, во секој случај пробана е ова маст на детските газиња и нема мака :D ;)
-
Е да јаде гумата точно еден мајстор за да ја подмачка гумата од вакум пумпата секогаш велеше уље али не синтетичко прирородно уље на природна база со што ги мачкаат бебињата а и тебе те мачкале ми вели уље на природна база само велеше какво е тоа уље незнам е само овој совет не сум го послушал бебешко уље да барам додека други се и етанол со калофониум за заштита на плочките или нитро разрегивач и калофониум и така други цаки 8)
-
ахам...значит гумата укрутена е....има еден куп работи шо можат да ја омекнат гумата, ама незнам како ќе влијаат на неа. Со четче со ацетон, глицерин шо рече ЛордЗи...пробај рачно механички размрдај ја, и со нешо на природна база...вазелин, павловичева - Батка кажа....алкохол 96% пробај да намачкаш, тој не е штетен за гума...
Или подгреј ги мембраните со фен едноставно....мислам дека ќе пуштат. То е исто ко еурокремон на зима требит да свиткаш 4 лажички, а на лето е убајна за мачкање ;D ;D
и кажи шо ќе напрајш! :D
-
Никаков алохол,колофониум, глицерин... Очигледно баба Рада често сте ја гледале! :D :D Провери дали е гумата цела, во ред,да н е е скината или евентуално ронлива и напукната. Порано и обична беби крема стававме на ролерите на видеата.Значи никаков алкохол!!
-
Фала за советите.
Мембраните се здрави, не се искинати и не се ронат, само се тврди, цврсти, нефлексибилни.
Павловичева маст мислам дека е скапа. Може нешто друго? Бекутан на пример? :D
-
Во краен случај може и коломаз од колите.Ако имаш некое старо видео со механички запчаници извади од нив силиконската маст,она белата. Ако не - Бекутан! Павлиќевата не е поскапа од Бекутанот! ;D ;D
-
Ептен отидовте, од павловиќева до коломаст... :D
Пак ќе ви кажам - глицерин, медицинскиот глицерин од аптека не е исто со глицерин за кочници, овој медицинскиот се користи доста и во козметика, сапуни и сл., ако не смета на човечка кожа, нема да смета и на гума... ;)
-
Е да баш така па не за џабе глицерински сапун се вика а го користат многу си знаат тие што работат козметика 8)
-
Дувалката работи.
Вчера ја склопив и работеше, денес пак пробав и пак работи.
Фала за помошта :)
-
Станицава за топол воздух почна многу да брчи, да тропа и да се заглавува.
Некогаш дува, некогаш не.
Ми ја тресеше цела работна маса и многу ме нервираше.
Затоа ставив пумпа за воздух за аквариум.
Работи миро и тивко, со намален проток на воздух, но може да се користи.
(https://www.mediafire.com/convkey/202f/x17xpz76kdzh01y6g.jpg)
-
Друга опција би било компресор од фрижидер, со или без регулација....
-
Би требало да може да се искористи регулацијата од пумпата ако се користи мотор од фрижидер... или грешам ???. Евентуално при start up првите 10-тина секунди можеби ќе треба да се изгаси (да работи на максимум), па потоа да се пушти.
Ама па нема поента да се става мотор од фрижидер бидејќи старите мотори и онака брчат многу ;D, а токму тоа му пречело на Zan :).
Како и да е, добра е идејата со пумпата за аквариум ;). И јас мислев некогаш вака да ја преправам мојата SMD лемна станица ако ми откаже пумпата (пу, пу, скраја да е ;D). Инаку, принципот на работа и на фабричката пумпа е идентичен со тие за аквариум, само што поголеми се и поголем проток на воздух имаат ;). Ако сакаш поголем проток на воздух, може да искористиш две пумпи врзани во паралела (заедничка контрола) и со Y сплитер за воздух да ги врзеш па да добиеш (скоро) дупло појак издув од станицата ;).
-
Па ако не се под притисок компресорите за фрижидер (ладилник) и не се кој знае колку бучни. Ги спомнав само како идеја, гледам на ут (UT) прават многу диу (DIY направи сам) апликации, од комплетно диу (DIY направи сам) лемилка на воздух, дувалки за прашина, па до разни воздушни четки, пумпи за гуми, вакуум-пумпи пескари и што уште не. Секако аквариумската пумпа е по елегантно решение ова го спомнав само како идеа.
-
Би можело да се користи и мотор од фрижидер, само не сум сигурен како би работела регулацијата.
Протокот на воздух би бил сосема доволен, но големината на моторот (компресорот) може да биде проблем. Не може да се монтира во истата кутија.
-
Не мора во иста кутија, можеш башка. Регулација, и тоа се решава со вентили. Само, мислам дека нема доволен проток овој компресор. Прави голем притисок, но проток нема.
-
Па, да бидам искрен, MURO мислам дека има најдобра идеја за контролата. Најверојатно контрола со триак, како што е изведено кај класичните лемни станици, нема да работи како што треба кај мотор од фрижидер... затоа и пишав дека можно е да грешам дека може да се искористи оваа регулација и кај мотор од фрижидер. Тој мотор е со стартна намотка и принципот на работа му е подруг од класичните колекторски мотори.
А идејата за контрола со вентили мислам дека е најдобра во ситуација со мотор од фрижидер. Дури не мора да се користат ни посебни вентили за воздух, најверојатно ќе завршат работа и водоводџиски вентили ;).
И за проток, сигурно поголем има од обично компресорче за аквариум. Можно е да не може да постигне поголем проток од оригиналниот компресор, ама од пумпичка за аквариум, сигурно поголем има.
Ама и да нема, не е проблем, и онака во над 95% од случаите, јас барем, не ја користам на поголем идув од 1, 1.5 на скалата (мислам дека оди до 9 или 10 максимум, не сум сигурен), а често знам и на минимум да ја работам... а некогаш и тоа е ми е многу, па морам паузи да правам од по секунда или две, зависи што работам.
-
Имаат проток колу 50 литри, сосем доволно, башка може да настегаатвоздух до 35+ бари, така да и да не работи имаш да дуваш цел ден :)
Самата конструкција од моторот може да се искористи како резервоарче од 0,5л што е сосем доволно за вакви намени.
Инаку има два регулатори за притисокот т.е.. едниот е на кој притисoк да исклучува другиот поточно е за проток на воздух. Само со вентил тешко, мора нешто да го исклучува. Такви регулатори имам гледано на бувљак по 250 денари, а компресорите беа околу 300 ден. па и резервоар до 8 бари може да се искористи од бољер, боца, пп апарат...
Еве неколку изведби за разна употреба
http://www.instructables.com/id/Super-Silent-Compressor-Built-Out-Of-An-Old-Fridge/
http://tech.mattmillman.com/projects/building-a-fridge-compressor-air-compressor/
И еве некој малце што претерал http://img.medicalexpo.com/pdf/repository_me/70529/sil-air-200-100-sil-air-200-100-v-sil-air-200-100-al-78639_1b.jpg
Инаку овој тип на компресори се многу издржливи, поготово на низок притисок еден век ќе трае, може да постигне и висок притисок, минијатурни се а се мулти-функционални, и мислам дека овај тип на мотори влечат струја према товарот по кеофициент на искористеност.
Еве и вакуум пумпа
Get a Vacuum Pump for Free! (Fridge Compressor to Vacuum Pump) (http://www.youtube.com/watch?v=ez0-c3J5xFY#ws)
претежно се користи за менување на фреон кај автомобили и кошта 500 еу + :)
Секако дека може да се искористи за други намени....
Еве имало и на 12Вдц компресорче, јас прв пат гледам
Mini DC Refrigeration Compressor - Oil Charge (http://www.youtube.com/watch?v=aN6IQDzOLfI#ws)
-
Добар е само за нозла од 8мм (незнам на МК како се вика) , за поголема нема проток. Друго, овој компресор фрла многу масло. Во фрижидер ова масло се враќа во компресроот преку усисниот вентил и се меша со фреонот, тука треба одмастувач да ставаш. Може да се користи боца, ама ќе ти треба и регулатор на притисок (мин. цена 50 евра). Се ако собереш на куп излегува поскапо од нова (и тоа квалитетна) лемна станица.
-
Јас не планирам да користам компресор, но дискусијата отиде во таа насока.
-
Далеку од тоа дека треба да се преправаат фабричките станици со компресор од фрижидер, него за "снајди се" ситуација. А ти веќе си се снашол :)