Author Topic: Зошто да давате исправна e-mail адреса  (Read 5796 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Македонскиот Форум за Електроника не е организација за собирање на лични податоци.
Можете да бидете сигурни дека вашите податоци (вклучувајќи го и вашиот e-mail) неможат да бидат достапни на internet скенерите кои би го прочитале вашиот e-mail за потоа да ви праќаат Spam пораки.
Македонскиот форум за Електроника исто така нема да ги користи можностите за масовно испраќање на e-mail на своите членови за никакви промоции, реклами или бескорисни информации.

Но! Се случува поради раскинување на хостинг договор во иднина можеби да бидеме приморани да го менуваме хостот што значи доколку не доставите правилна e-mail адреса да не бидете известени за настанатата промена преку e-mail.

Затоа е од голема важност правилно да ја внесете вашата e-mail адреса кога се зачленувате во овој форум. Не смеете да внесувате туѓа e-mail адреса или да оставате лажна адреса бидејќи се случило досега неколкупати администраторите да „фатат“ ваква измама, да ја исправат e-mail адресата во точна (верувајте адресата веќе ви се наоѓа некаде на интернет :) ) и членот да биде „под мониторинг“ и на првата грешка да биде и исклучен од форумот.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.