Author Topic: Модуларен компјутерски систем со PIC  (Read 9257 times)

Offline deophorant

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 300
Овие мемории се добри каде што треба да се чуваат податоци и по прекинот на напојувањето, но за често пребришување не се погодни затоа што имаат ограничен број пати (100000). За таа работа е RAM меморијата, па каде што треба и да се зачуваат податоците по прекин на напојувањето а и да има голем број на прбришувања обично користам (а и многу други користат) SRAM со батерија, затоа што е многу брза, и малку троши во статичка состојба. Во овој систем добро е и да се стави еден EEPROM кој ке чува некои сетинзи кои нема често да се менуваат (само со поставување на нов модул или слично), но за тоа тука е внатрешната меморија на микроконтролерот. Сепак кога би требало да биде надворешна (што ми е во план да ја поставам) би била NAND FLASH од 256MB до 1GB. Но и онака целиот систем е дизајниран да може да користи SRAM до 48MB и SDRAM до 1GB што за многу апликации е преголема меморија (освен процесирање на видео или нешто слично).

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
ја завршив мојата РС232 комуникација со модуларниот компјутерски систем со ПИЦ.Па ако мислите дека е добра идеја...Инаку си ја направив РС232 комуникацијта за размена на податоци од компјутер со микроконтролер!Ако мислите дека е добро шеми,слики и плочки ќе поставам!!

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
отвори тема за тоа и стави таму шемите...можеби ке му се најдат на некој...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
ќе отворам само јас да го финиширам! ;D и се ќе направам,ќе отворам тема!

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
И јас ќе правам вакво нешто, ќе се базира до негде на идеата на Борче ама јас ќе си ја модифицирам за мојте потреби :)
сериска комуникација за почеток, па после ќе видиме можеби и на USB ако биде се во ред :)
само некако ова фирмверот ме кочи, ама ќе се снајдам ќе побарам за почеток некој готов или па ќе си приспособам некој готов :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!