Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: nikola_bb on 09.11.2013, Saturday, 19:04:02
-
Многу не се разбирам од електрика, а имам еден проблем. Треба да пуштам кабел до гаража за струја, должината ќе биде околу 50метри, струјата ќе се користи за светло и можеби некогаш за рачен алат како на пример бормашина, брусилица такви работи. Бидејќи и онака немам дома заземјување се мислев да ставам 2х1,5мм2 кабел, но незнам колку потрошачи можам на волку дебел проводник да закачам?
-
Тој кабел е за сијалица некоја да приклучиш или неонка, за брусалица и такви работи не е баш препорачливо. Најдобро стави 2 x 2.5
-
ќе ти брка работа и 1.5 ама подобро е 2,5, јас имам 1.5 и ако брусам слабее светлината од сијалицата. брусалката ми е 2kw
-
1.5mm^2 може да носи струја за 3,5KW потрошувач, а 2.5mm^2 до 5KW може да тера...
-
Поради дожината како што кажуваш под 2,5mm^2 не ставај, поради пад на напон, би ти препорачал 4mm^2 и да немаш мака.
-
Јас би ти препорачал и 5mm^2 може и и со четворкава ама не ти препорачувам оваа може да издржи повеќе струја пошто у гараша може ќе си уклучиш и швајц апарат и други појаки потрошувачи. ;D ;D ;D
-
1.5mm^2 може да носи струја за 3,5KW потрошувач, а 2.5mm^2 до 5KW може да тера...
По кој стандард е ова ???
Што си по професија ? слаткар ;D
Максималното оптеретување на спроводници зависи од нивната околина, ако се слободни висечки од столв до столв можеби и влегле во таа табела на оптеретување, но за кабле каде се двата еден до друг ПГП, потешко, па зависи дали ќе е воздушно или во малтер на ѕид. подобро земи 5х2,5мм и поврзи два по два паралелно, па да нема толку пад на напонот и да земеш нешто да заваруваш.
поскапо ќе биде или земи СКС 2х16мм алумински па терај работа без грижа дека же има проблем, и секако направи добро заземјување, или во најлош случај изедначување на потенцијал, па опшиј ја гаражата со трака поцинкувана и поврзи ја на заземјувањето. Ти ќе си во тој круг на потенцијал на заземјено и нема да има разлика на “дефектен“ уред кој ќе е приклучен и твоето присуство се изедначени па нема да биде така опасно. Ова е случај кога не е можно да се изведе добро зазејување, а исто така и ако немаш во гаражата осигурач, туку само оние на спратното табличе може и нема да исклучи при дефектен уред поради должината и слабо заземјување. затоа мора да имаш и во гаражата осигурачи за секој струен круг, и разбира се ФИД склопка и да не те боли глава !
поздрав
-
По кој стандард е ова ???
Што си по професија ? слаткар ;D
по професија сум студент (ако тоа е професија) а за тоа од кај сум го разбрал тоа, чичко ми е електричар и он ми го има кажано тоа, и спомна дека и должината на кабелот влијае ама кога го пишував тоа не ми текна на тоа :S
-
Земи кабел 5мм*3(2) Стави и немај гајле, со 5мм*3(2) кабли надодавани еден на друг на 250метри далечина сум варел, многу се осеќаше дека е послаб апаратот ама вареше, така да на 50метра ништо не би се осеќало.
-
По кој стандард е ова Молам?
Што си по професија ? слаткар Зеленко
Максималното оптеретување на спроводници зависи од нивната околина, ако се слободни висечки од столв до столв можеби и влегле во таа табела на оптеретување, но за кабле каде се двата еден до друг ПГП, потешко, па зависи дали ќе е воздушно или во малтер на ѕид. подобро земи 5х2,5мм и поврзи два по два паралелно, па да нема толку пад на напонот и да земеш нешто да заваруваш.
поскапо ќе биде или земи СКС 2х16мм алумински па терај работа без грижа дека же има проблем, и секако направи добро заземјување, или во најлош случај изедначување на потенцијал, па опшиј ја гаражата со трака поцинкувана и поврзи ја на заземјувањето. Ти ќе си во тој круг на потенцијал на заземјено и нема да има разлика на “дефектен“ уред кој ќе е приклучен и твоето присуство се изедначени па нема да биде така опасно. Ова е случај кога не е можно да се изведе добро зазејување, а исто така и ако немаш во гаражата осигурач, туку само оние на спратното табличе може и нема да исклучи при дефектен уред поради должината и слабо заземјување. затоа мора да имаш и во гаражата осигурачи за секој струен круг, и разбира се ФИД склопка и да не те боли глава !
поздрав
Многу убаво ви објасни диди како што спомнав и претходно и јас тој и го даде примерот со швајц апаратот.И најубаво ќе биде и фит склопка да си монтираш да не те боли глава со изведување на заземјувањето. ;D ;D ;D.Што си е сигурно сигурно.
-
ќе размислам сепак тие комбинации со подебел кабел веќе значајно повеќе коштаат
-
Овакви инвестиции не се нималку наивни,а ниту евтини.Ако мислиш со 1000 денари да однесеш струја на 50 метра далечина и да биде се безбедно се лажеш,мораш и некои други прописи да примениш,пред се безбедносни ( стеги и држачи за кабелот,цевка за довод над гаражата итн),потоа мала табла со осигурач,евентуално ФИД склопка...Се друго е ризик.Не би смеел да направиш некоја инсталација која може да се запали,да биде подложена на влага или недајбоже да отепа некого! Значи,ако сакаш да немаш главоболки,инвестирај малку повеќе!
-
Така е без поголема инвестиција ништо.Плус се работи за гаража таму може ќе уклучуваш појаки потрошувачи.Барем и една фит склопка да си ставиш бидејќи немаш изведено заземјување и плус јас во претходните постови ти кажав која дебелина на жица да ја користиш.Види ти размислиси ако не уклучуваш јаки потрошувачи ако е само за светло и нешто ситно можеш и со многу потенки кабли но сепак без фит склопка не задолжително таа мора. ;) ;D
-
Имам слична приказна.
Ми треба самоносечки кабел со сајла (бандерашки) 2x1,5 или 2x2,5
Кој може да ми каже кај да купам?
-
Како шо пиша didy, 2х16мм2 алуминиум, поевтино иди така спрема 5х2.5мм2 бакар. Ако си од Битола, а и да не си по Карго праќаат, можиш да си прашаш имат уба цена за каблите.
-
Дали некој знае што е "палирски кабел"? 2х0.8мм или 2х0.5 така нешто е, најчесто едната е бела другата плава или жолта и црвена... Е по ваков на 15-20м вклучуваат брусалка и тоа не од малите... Safety level 963 beyond 0!
-
Телефонски кабел, плаво-бел, полна жица, 2x0.75mm, тој ни под разно нема доволно изолација за да се става на мрежа.
-
0.075 да не е од телефоните ?
-
Не, 0.75mm полна жица.
-
А за таја од централа до дома што иди.
-
Што ОДЕА... минато свршено ;D.
Дали некој знае што е "палирски кабел"? 2х0.8мм или 2х0.5 така нешто е, најчесто едната е бела другата плава или жолта и црвена... Е по ваков на 15-20м вклучуваат брусалка и тоа не од малите... Safety level 963 beyond 0!
Палирски претпоставувам дека е некој неадекватно научен/пренесен термин од „париски“ (не како од Парис, туку како од парица)... јас најчесто со такви мајстори не садам краставици. Само го предупредувам, ако ме послуша, ОК, ако не, чао џаци, видимо се на онај свет.
-
зш, сега што ојт ? па оди од негде до негде.
-
Палирски претпоставувам дека е некој неадекватно научен/пренесен термин од „париски“ (не како од Парис, туку како од парица)... јас најчесто со такви мајстори не садам краставици. Само го предупредувам, ако ме послуша, ОК, ако не, чао џаци, видимо се на онај свет.
Палирски кабел користен од "палир" односно човекот кој го поврзува динамитот со уредот за активирање на динамитот и на крај го "отпалува". Кој работел во рудник или има блиски кои работеле го знае називот.
Правилно би било: -Го активираше ли динамитот, дали беше се во ред? Сите полнења експлодираа? Да, се е во ред.
Заменето со: -Отпали ле? Отпалих.

Интересна информација ;).
Без разлика, тој кабел не е наменет за висок напон и голема струја. Сигнален кабел е, само за праќање/примање на сигнал... и ѕвонење, на старите телефони со ѕвонче, ама не троши многу струја електро-магнетот на тие ;).
-
GigaWatt , со што се сега каблите заменети , оптика?
-
Да, барем во урбаните подрачја, да, оптика е веќе се. По села и рурални подрачја, најверојатно уште се активни бакарните парици.
-
Онда пола држава е рурална средина. Чекав 5 год за оптика и на крај се преселив хехе. Инаку кичево на пример уште не е ни до пола, па затоа ми дојде чудно дека рече беа, мислев се однесува за секаде :)
-
Онда пола држава е рурална средина.
Да, тоа е веќе друг муабет. Не инвестираат во места во кои не им се исплати, со, на пример, 1000 или помалку претплатници. Истите ќе ги опслужат со 3/4G модем и плус ќе им речат дека може кај сакаат да го носат и секаде ќе им работи, а за обичен корисник, тоа е повеќе од доволно, така да... не се замраат. На обичен корисник не му треба upload со брзина повеќе од 2, 3Mbps, а тоа се над 90% од корисниците. 3/4G модем им е „пали вози“ решение, не е потребно менување на претплатничката инфраструктура.