Аналогна електроника > Предзасилувачи

Предзасилувач со TL074

(1/5) > >>

slidermc:
Солиден предзасилувачки степен со TL074, кој дава дисторзија под 0.01%, има засилување од 6dB, графички еквилајзер, со опција за варијабилен одсек за ниските фр. Тоа се изведува така што ке се замени оној отпорник од 180к со потенциометар од 100к и отпорник од 100к. Субсоничен филтер кој ке ги штити и звучниците и засилувачот од ДЦ и многу ниски фреквенции. Може да пушти сигнал, без никакво клипување или дисторзија до +10dB, односно околу 2.5V

Влезниот потенциометар за волумен, треба да биде барем 50к, со што се задржува висока влезна импеданца.

Воедно внимавајте да биде TL074 од ST microelectronics, бидејки има некои лажни или фалични интегралци од Texas Instruments со истата ознака. Инаку ке има многу висок THD.

batka:
 Slidermc ,те цитирам *Солиден предзасилувачки степен со TL074, кој дава дисторзија под 0.001%, ...*.Ни во оригиналниот даташит не стои таа дисторзија,ами 10-пати поголема! Друго е прашањето кој е производителот на тоа TLo74 !?? Ова коло е евтино и неприменливо за она што ти го потенцираш! Со него вистински хај фај нема да добиеш.Плус треба да имаш 100-тина кола и да го избереш со менување она најдоброто! Има други пин-компатибилни кола со NE /МС предзнак со кои може да се игра, ама се скапечки и не се многу лесни достапни,И да се разбереме - секоја дисторзија до 0,2-0,3 % е прифатлива за аматерски конструкции и домашна употреба.И да не се залажуваме дека ке добиеме врвно пп во домашни услови на универзална плочка ,со лемени и прелемувани водови. Има уште многу до вистински хај фај .Еве,со ова
MC 33079  би можело нешто да се направи ,ама со TL074 врвен пп не бидува.
Споено мислење: [time]24 Април 2015, 14:00:49[/time]


slidermc:
Еве и понатамошен предлог за изглед и мерења извршени за истиот предзасилувач:











Ова е всушност активна свртница за звучници, но пред филтрите секогаш го користам овој дел и е докажано добар. Барем 16тина пати го имам изработено овој дел, а со графичкиот еквилајзер, негово изменување и експериментирање, лесно се добива која крива е потребна.

Може истото да се направи со NE5532, и не е воошто скапо! Хај-енд се прави со OPA моделите на Burr Brown или некои од врвните операциски засилувачи на Analog Devices.

batka:
Slidermc не знам што сакаш да докажуваш со овој пост ,ама батка малку одиш во некоја крајност и се заплеткуваш во неа.
Она што си го пишал дека со TL074  на некое мерење си добил THD -0,0015% ја побива и фабричката карактеристика за ова коло ,макар било SGS  или микроелектроник итд. Во ниеден даташит за ова коло нема  low THD tip. помало од 0,01%.Овој аматерски склопен збрда-здола уред ,со куп жици што висат несредено,со аматерски изглед и конструкција,апсолутно не делува како уред кој може да има THD -0,0015%.Со такво изобличување и многу поквалитетни фабрички уреди не може да се пофалат,а не овој уред на сликата.

Gocko:
Slidermc , првин за пофалба е трудот што си го вложил и што ете си направил нешто кое што и не е така за потценување. Искрено , прилично добра изработка на кутијата , со малку поголема забелешка на предната страна , со мало преместување на потенциометрите , прекинувачот и диодата за вклучено , уредот би изгледал многу по ,,мајсторски''. Ги видов и другите проекти на реклама5 ( soundsense ),  и морам да кажам дека внатрешноста на уредите е катастрофа, како свински преплет црева, а морам да додадам и дека не работиш со штампани плочки , што дава дополнителен впечаток на непрофесионализам.
Се сложувам со мислењето на батка , кој рака на срце понекогаш е престрог, ама во овој случај е сосема во право. Мој впечаток е дека од TL074 до ТDА1524 и нема многу разлика, и двата се непрофесионални и не адекватни за квалитетен Хи-Фи уред - каков што на мене не ми треба , јас барав универзален предзасилувач со  тонска стерео контрола за вградување во разноразни аматерски засилувачи со прилично добри перформанси во сооднос цена - квалитет.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version