Author Topic: Клипчиња  (Read 230243 times)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Re: Клипчиња
« Reply #1455 on 30.08.2019, Friday, 22:00:10 »
Да,да, има знаење, ама циркус  невиден е, дури и омилен е кај овие поборнициве за "фри енерџи", демек појма немлал а кажуел дека немлао перпетуум мобиле.... Имаше јако клипче со гитара, ама на 110в мислам дека беше.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Re: Клипчиња
« Reply #1456 on 30.08.2019, Friday, 22:44:32 »
Тоа што е циркузант е. Ама муабетов беше за Британскиот стандард на штекерите. ;)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Клипчиња
« Reply #1457 on 31.08.2019, Saturday, 03:28:15 »
Безбедноста на прво место кај Британциве  :D

Да ::)... и затоа успеа со 10K/0.25W отпорник да тригерува осигурувач ::)... nice ::)... не би сакал да знам што ќе се случи ако случајно приклучам бормашина или брусилка на таа инсталација ::). За швајц апарат, најверојатно ќе треба да земам струја од трафо станица ;D ;D ;D.

Мое лично мислење, ова е веќе екстремно голема заштита... но, бидејќи станува збор за западњаци, а ретко кој од нив користи мозок или проста логика, можеби и навистина треба вакви екстремности да има кај нив, кој знае ;D.

Јас си се држам до топливите и не би ги сменил за ниеден електромагнетен... па ни склопка. И да менувам инсталација, во никој случај немам намера да менувам топливи за електромагнетни ;).

Овој е циркузант  :)

Да, сум го гледал, врска нема чоекот. Само некои експерименти прави без воопшто да ја провери логиката зад нив ::). „Као“ проверува, ама ај да видиме дали ќе работи ::)... нема... и се разбира, циркуз прави и затоа го гледаат ::).

Да,да, има знаење, ама циркус  невиден е, дури и омилен е кај овие поборнициве за "фри енерџи", демек појма немлал а кажуел дека немлао перпетуум мобиле...

Има некои основни познавања. Омов закон, ова она... толку, ништо повеќе од тоа. Омов закон (би требало да ::)) знае и дете од 6-то, 7-мо одделение.

Тоа што е циркузант е. Ама муабетов беше за Британскиот стандард на штекерите. ;)

Генерално земено е полош во однос на нашиот (т.е. Германскиот) со буксни. Од сигурносен аспект, е за нијанса подобра, но од аспект на коненктор е многу лош (истот важи и за Американскиот и за сите останати кои не користат буксни). Единствен недостаток на стариот германски стандард (што ние сеуште го користиме) се конктактите за маса. Не дека се проблематични, не се, но изработката на новиве штекери е катастрофално лоша... се е лошо изработено, па и контактите за маса. Од денешен аспект (на евтина и неквалитетна изработка), многу подобар е новиот германски стандард каде што масата е изведена со трета (средна) буксна од страната на штекерот ;). Би рекол дека тоа е најдобриот стандард за мрежен приклучок ;).

Генерално земено, секој стандард за приклучок кој нема контактори со кружен напречен пресек, е практично екстремно лош стандард. Ова се има увидено уште многу одамна, но за жал, стандарди како стандарди, особено за вакви работи, кои се стандардизираат на национално ниво, многу тешко се менуваат и поради тоа, се останати онакви какви што се век и кусур :-\.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Re: Клипчиња
« Reply #1458 on 31.08.2019, Saturday, 04:04:11 »
Инженер мислам дека е типов.
Патем, електромагнетните осигурачи имаат и топлив во ними но со повисока вредност, како не би горел на секое.
Е сега мене не ми е јасно како, ако врзиш 3 осигурачи, магнетни, со различни вредности при к.с. сите "паѓаат"

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Re: Клипчиња
« Reply #1459 on 31.08.2019, Saturday, 15:22:41 »
@GigaWatt Човекот е циркузант нема тука грешка, но има доста знаење. Тоа глупостите ги прави пред се за гледаност, но имам гледано од него и сериозни видеа од кои може да се научи доста.

Работа што ме бендиса кај овие Британските утикачи е тоа што внатре жиците кои одат до самите контакти (фаза, нула, заземјување) се со различна должина што значи и дека при некакво случајно откачување на истите тие не би дошле до куса врска. Не се разбирам многу во стандардите за штекери, но ова видеото ме бендиса.  :D

Настрана ова стандардите, мене овие Британски штекери ми се поубави за разлика од овие што ги користиме. Естетски  :)

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Клипчиња
« Reply #1460 on 31.08.2019, Saturday, 15:54:06 »
Мое лично мислење, ова е веќе екстремно голема заштита... но, бидејќи станува збор за западњаци, а ретко кој од нив користи мозок или проста логика, можеби и навистина треба вакви екстремности да има кај нив, кој знае ;D.
Скоро се што користиме е измислено или направено од западнаците (и Германскиот стандард за инсталации), имаат многу добри услови за живот, сето тоа бидејки ретко кој од нив го користи мозокот?
А незападнаците(балканците) со ретки исклучоци имаат лоши или несоодветни услови за живот/работа, на прсти се бројат тие што нешто измислиле/направиле, сето тоа бидејки многу го користат мозокот?

Јас мислам дека е обратно.

Типот од видеото е кловн, не е никаков индикатор за интелигенција на запад, исток или на марс.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Клипчиња
« Reply #1461 on 31.08.2019, Saturday, 21:44:01 »
Инженер мислам дека е типов.

Овој... инженер ???... вака online, само ако покаже IEEE членска картичка, ќе му верувам. Во било која друга комбинација, не верувам.

Патем, електромагнетните осигурачи имаат и топлив во ними но со повисока вредност, како не би горел на секое.

Ова не сум го знаел и е добра информација ;). Во секој случај, ако изгори тој внатрешниот, нема крпење, мора нов да купиш, така :D?

А слика од таков расклопен со делот со внатрешниот осигурувач, имаш? Може да се најде online некаде расклопување и анализа на еден електромагнетен осигурувач? Исто така, имаат ли сите или само некои и како може да познаам кои имаат а кои немаат?

Е сега мене не ми е јасно како, ако врзиш 3 осигурачи, магнетни, со различни вредности при к.с. сите "паѓаат"

Е ако ова се случува, не ми е јасно ни мене... и јас би сакал објаснување за ова, особено ако вредностите на реагирање им се драстично различни.

@GigaWatt Човекот е циркузант нема тука грешка, но има доста знаење. Тоа глупостите ги прави пред се за гледаност, но имам гледано од него и сериозни видеа од кои може да се научи доста.

Имам гледано клипови од него, но искрен да бидам, ништо ново немам научено... ОК, можеби јас имам големи познавања од определени области, можеби интересни би биле тие клипови за помладите, не викам не ;) (малку циркуз, малку наука, малку учење ;)), но јас лично не би ги гледал... ми изгледа како да се „пренемага“... сцените се вештачки преизразени (на пример, како рипнува кога ќе пукне нешто), како да гледам лоша комедија ;D.

Работа што ме бендиса кај овие Британските утикачи е тоа што внатре жиците кои одат до самите контакти (фаза, нула, заземјување) се со различна должина што значи и дека при некакво случајно откачување на истите тие не би дошле до куса врска. Не се разбирам многу во стандардите за штекери, но ова видеото ме бендиса.  :D

Тоа да, тоа е предност, но тоа е само начинот на кој се врзуваат жиците со контакторите. Практично, ако сакам, може да ги направам која сакам должина и остатокот да го набутам во штекерот, така ;).

Настрана ова стандардите, мене овие Британски штекери ми се поубави за разлика од овие што ги користиме. Естетски  :)

Естетски гледано, нема збор, поубаво изледаат ;). Само што се по гломазни, тоа не ми се допаѓа.

Скоро се што користиме е измислено или направено од западнаците (и Германскиот стандард за инсталации), имаат многу добри услови за живот, сето тоа бидејки ретко кој од нив го користи мозокот?

Целта на коментарот ми беше околу (според мене) поддимензионираните вредности на осигурувачите. Дали е по стандард или не, не знам, но, според мене, е*и им мајката на осигурувачи кои реагираат на 10K отпорник во коло ::).

Мада, сега ми текна дека можеби изгорел и отишол во краток спој (што е екстремно ретка ситуација, обично се случува да одат во отворено коло), но тоа не можеме да го знаеме со сигурност бидејќи човекот никогаш не го измери потоа отпорникот да видиме која вредност ја има.

А незападнаците(балканците) со ретки исклучоци имаат лоши или несоодветни услови за живот/работа, на прсти се бројат тие што нешто измислиле/направиле, сето тоа бидејки многу го користат мозокот?

Апсолутно во право си, но исто така, мора да признаеш дека, барем на времето, самоизработувачката (DIY уреди, алати, мебел, итн.) беше на далеку од занемарливо ниво во бивша Југославија. Имаше и неколку списанија посветени на тоа, како и голем број на книги кои беа наменети баш за таа цел. Глупи луѓе, не прават сами работи ;).

А за услови на работа... тоа е стара болка и го знаеме тоа... што, сепак ќе се согласиш, не беше така на времето. Ако некогаш се пазеше за стандарди, тоа беше во времето на Југославија, потоа стана дива лига.

Типот од видеото е кловн, не е никаков индикатор за интелигенција на запад, исток или на марс.

Пак ќе пишам, не го коментирав него, го коментирав начинот на изведбата (димензионирањето) на осигуривачите... и тоа за конкретно таа куќа... не знам како се изведени на други места, можеби се подобро димензионирани, не знам... коментарот го пишав општо, но да, можеби не требаше баш така општо да го пишам.

А за самата инсталација, се разбира, не знам како е изведена, нема слики/снимки од тоа... да имаше па да коментирам ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Клипчиња
« Reply #1462 on 01.09.2019, Sunday, 00:29:16 »
Јас не викам дека на балканот нема паметни луѓе далеку од тоа, но дека ретко кој од западњаците го користи мозокот е тотално неточно доволно е да се види начинот на живот на балканот и на запад, и ке се види кој колку и како го користи мозокот.
  DIY изработката за време Југославија а и сега е претежно копирање и за жал крадење на странски проекти. Мноогу од проектите кои ги имам гледано во SAM, Tehnicke novine и ЕМИТЕР се копирани од странски книги и списанија и претставени како сопствени.
Животните услови и условите за работа зависат директно од луѓето кои живеат и работат во тие услови.

Кај мене се случува истото со осигурачите, имам осигурачи во просторијат за 3 фази посебно по нив има осигурач за сите фази заедно(3во1)  :)  после него кабелот оди на главната табла за објектот таму има уште еден осигурач за сите 3 фази и еден за уземјувањето, доколку направам спој на било која фаза со уземјување паѓаат осигурачите во целата линија, доколку е помеѓу фаза и нула паѓа само првиот. Пробав да ставам по осетлив осигурач на почетокот но не прави никаква разлика паѓаат сите.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Клипчиња
« Reply #1463 on 01.09.2019, Sunday, 01:03:16 (Edited 01.09.2019, Sunday, 03:27:34) »
Јас што најдов во електронски осигурач.
Не најдов топлива осигурач внатре.





Сепак се ВРТИ !!!

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 730
  • Gender: Male
Re: Клипчиња
« Reply #1464 on 01.09.2019, Sunday, 02:02:57 »
^Си налетал на фејк (китајски) осигурувач. :)


Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Клипчиња
« Reply #1465 on 01.09.2019, Sunday, 03:20:25 »
Јас не викам дека на балканот нема паметни луѓе далеку од тоа, но дека ретко кој од западњаците го користи мозокот е тотално неточно доволно е да се види начинот на живот на балканот и на запад, и ке се види кој колку и како го користи мозокот.

За жал, кај нас мозокот го користат и за многу други работи, освен напредок... тоа е последица на нивото на интелигениција... има една крива која покажува колку определена цивилизација е склона кон самоуништување. Според таа крива, ние моментално сме на врвот, а верувам дека кај Балканските држави, овој врв има многу повисок пик. Од моетое досегашно набљудување на Славјанските народи, имам заклучено дека истите се едни од нациите кои се најсклони кон самоуништување. Сметам дека е ова последица на огромен број на погрешни чекори од страна на политичарите, но ова пак, само по себе, е последица на превисоко ниво на интелигениција кај истите. Западњачките нации може да сонуваат за нивото на интриги, местења, упикување, лизни-мазни, итн. за кои се способни Славјаните... а, да бидеме искрени, за ова треба интелигенција... како емционална (EQ), така и класична (IQ).

DIY изработката за време Југославија а и сега е претежно копирање и за жал крадење на странски проекти. Мноогу од проектите кои ги имам гледано во SAM, Tehnicke novine и ЕМИТЕР се копирани од странски книги и списанија и претставени како сопствени.

За списанијата, особено Емитер, да. За списанијата од бивша Југославија... не би рекол. Најголем дел од проектите (без разлика дали станува збор за електроника или не) се авторски. Но, да, има и дел кои се базирани на некои проекти од странски списанија (прилагодени за Југословенски „пазар“).

За книгите... апсолутно не. Можам со сигурност да кажам и поврдам (со факти) дека најголем дел од проектите во книгите за самоизработка (DIY) во бивша Југославија се лични авторски проекти на авторите на книгите. Не треба подалеку да „копаш“ од самите идеи кои се апсолутно прилагодени на условите и деловите кои се имале на располагање на овие простори ;). Да, повторно, можно е да црпеле идеи за дел од проектите од странски списанија и/или книги, но сепак се прилагодени за она што се продавало (се имало „на лагер“) на овие простори.

Животните услови и условите за работа зависат директно од луѓето кои живеат и работат во тие услови.

Апсолутно... се имаме покажано како екстремно инвентивна и издржлива нација (нации) и поради тоа, работодавачите гледаат да скратат каде можат и умеат. Ако секојдневно имаше смртни случаи поради неадекватните работни услови (а ги има, насекаде, барем, како што наведов, сега, по распадот на Југославија), сигурно ќе се воведеа мерки кои ќе беа апсолутно задолжителни... не дека и сега не се, но не се сваќаат работите толку „трагично“ кога ќе дојде инспекција ::)... да не правам муабет за мито, корупција, итн., работи кои на запад се многу добро регулирани за разлика од тука.

Мое лично мислење е дека демократија не е за Славјани. Ние сме премногу „слободоумни“ за демократија. Нас ни треба диктатура, кратко и јасно... benevolent dictator, каков што беше Тито ;).

Кај мене се случува истото со осигурачите, имам осигурачи во просторијат за 3 фази посебно по нив има осигурач за сите фази заедно(3во1)  :)  после него кабелот оди на главната табла за објектот таму има уште еден осигурач за сите 3 фази и еден за уземјувањето, доколку направам спој на било која фаза со уземјување паѓаат осигурачите во целата линија, доколку е помеѓу фаза и нула паѓа само првиот. Пробав да ставам по осетлив осигурач на почетокот но не прави никаква разлика паѓаат сите.

Да не има уште некоја склопка скриена некаде ;)?

Јас што најдов во електронски осигурач.
Не најдов топлива осигурач внатре.

^Си налетал на фејк (китајски) осигурувач. :)

Чисто се сомневам ::). Мислам дека bicikle налетал на некој „нестандарден“, „неверојатно квалитетен“ електромагнетен осигурувач ::)... не знам каков бил, но како што претходно пишав, чисто се сомневам дека сите електромагнетни осигурувачи имаат и еден појак топлив врзан во серија со нив ::). Мислам дека, дури и ако постои таков, тој е исклучок од „правилото“, а не дека тоа е „правилото“ (електромагнетен и, за секој случај, топлив во серија со него).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Клипчиња
« Reply #1466 on 01.09.2019, Sunday, 04:40:57 »
Јас мислам дека кај нас мозокот политичарите го користат многу малко, за лаги, закани и уништување доволно е интелегенција под 80.
Интелегенција е потребна за стварање овозможување и напредување.
Европските а и светските лидери се интелигентни или имаат интелигентни советници, имаат задоволен народ со добри услови за живот а во исто време имаат и огромно лично богатство и моќ и ги нема по весници за глупости. Тука има интелигенција, не кај паразити кои  секоја лага и кражба им ја пишуваат по весници но за жал народот кој тие паразити го бутат кон целосно уништување е поглупав од нив.
Јас мислам дека балканските народи а и другите бившо социјалистички народи се интелигентно неспособни да се самораководат и одлучуваат за сопствената иднина, затоа каков водач(пастир) ке им ДОЈДЕ (не го избираат они) таква им е судбината.
Најжалното е што скоро  сите мислат дека некој друг треба да работи нивните животи да ги направи подобри, и секогаш е некој друг крив  за нивната неспособност.
Имаше некаде на интернет видео од тоа какви стратегии се прават деталите до кои се оди само за една дебата помеѓу политичарите, толку планирање балканските партии немаат направено во целата нивна историја.
Издржливи работници сме да но прости, флегматични и во огромен дел нестручни, а за повреди и смртни случаеви има  во Македонија и на балканот и тоа многу, за држава со толку малку работници. На балканот сеуште се води народот по реченицата: ЌУТИ СИНЕ МОЖЕ ДА БИДЕ И ПОЛОШО !!!.  Си ја скршил раката на работа ќути оти ке останеш и без работа и може да те тужат.
За закони и мерки балканот и Македонија имаат едни од најстрогите во европа/светот а воедно се и едни од најмалку почитуваните од народот. Не се почитуваат бидејки никој не се жали дека не се почитуваат. Некој од Македонските политичари имаше дадено изјава: Во Франција се штрајкува не им одговара нешто, во Шпанија се штрајкува не им одговараат некои услови, во Македонија сите се мирни значи се им е ДОБРО.

Нема други склопки скриени, тој довод од 3 фази беше веке поставен со заеднички осигурач за 3те фази јас само додадов посебни за секоја фаза во просторијата каде уништувам електроника, со надеж дека нема да треба да го подигам осигурачот од главната табла но без ефект.
Осигурачот не е кинески сигурнои, КemaKeur е Холандско производство, можеби бидејки беше постар осигурач затоа нема и термички  внатре.

И тука забега муабетот далеку од видео клипови, доколку може off topic коментарите да се преместат на соодветно место макар тоа било и кантата :)
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Клипчиња
« Reply #1467 on 01.09.2019, Sunday, 14:55:10 »
Јас мислам дека кај нас мозокот политичарите го користат многу малко, за лаги, закани и уништување доволно е интелегенција под 80.

Па, не би рекол... сегашната гарнитура, можеби, но не и некои од претходните.

Европските а и светските лидери се интелигентни или имаат интелигентни советници, имаат задоволен народ со добри услови за живот а во исто време имаат и огромно лично богатство и моќ и ги нема по весници за глупости. Тука има интелигенција, не кај паразити кои  секоја лага и кражба им ја пишуваат по весници но за жал народот кој тие паразити го бутат кон целосно уништување е поглупав од нив.

Дека настана со време оглупавување на народот, апсолутно дека настана... впрочем, бројот на активни членови на форумов е (до некаде) доказ за тоа (иако не би го земал здраво за готово, но да, мислам дека и тоа игра удел). За ова е последица и начинот на кој се образуваат генерациите... а и, се разбира, како се воспитувани од страна на родителите.

Види, не можеш да го занемариш фактот дека имаше драстична промена во општествен и економски систем во сите ex YU држави... генерално, кај нас владее герила капитализам и демократија... и стојам зад тоа дека капитализам и демократија не се за Славјани, не верувам дека некој ќе ми го докаже спротивното.

Европските лидери и државници имаат самосвест... нешто што кај нас (мислам на Балканците, не општо кај сите Славјани) нема никогаш да се развие. Не поради тоа што не сме имале империи со вековни традиции, туку поради тоа што сме „јужњаци“... сите јужњаци насекаде низ светов се тралалајки... ене ги и Шпанцине, Италијанцине, Бразилци, Аргентинци, Мексиканци... сите се со истите проблеми: скандали, корупција, мито. Верувам дека игра и место положбата на планетава улога. Како бе сите северни народи се цакум-пакум ;)? Русија е исклучок, но мислам дека и Славјанскиот ген тука игра улога (склон кон самоуништување) и затоа добро е што пак се најде еден диктатор да ги води ;).

Јас мислам дека балканските народи а и другите бившо социјалистички народи се интелигентно неспособни да се самораководат и одлучуваат за сопствената иднина, затоа каков водач(пастир) ке им ДОЈДЕ (не го избираат они) таква им е судбината.

За жал, да, друг им ги бира водачите... за среќа, во Русија сега не е така, а се надевам дека ќе дојде ден кога и кај нас, Балканците, нема да биде така... еднаш да го избереме правилниот (Македонски Путин), па ако сака нека мести избори дур не умре, воопшто нема да ми пречи ако е како него.

Најжалното е што скоро  сите мислат дека некој друг треба да работи нивните животи да ги направи подобри, и секогаш е некој друг крив  за нивната неспособност.

Тоа е последица на Социјализмот и претходниот начин на уредување. Државата беше одговорна за се, од образование до вработување. Тоа се пренесува со генерации, а на тоа треба да се додаде и нашиот менталитет, и тешко дека во догледно време ова ќе се смени. Мада, искрен да бидам, има позитивни примери кои одат во таа насока, но далеку од тоа дека е станато пракса (младите сами да се снаоѓаат и сами да си наоѓаат решенија за нивните проблеми).

Така да, мислам дека решение е пак некој благ диктатор да дојде на власт, но некој кој ќе се грижи за народот, кој му стало за народот... па и нека мести избори и нека прави дубари, што сака нека прави, само нека има слух за проблемите на неговиот нарот.

Имаше некаде на интернет видео од тоа какви стратегии се прават деталите до кои се оди само за една дебата помеѓу политичарите, толку планирање балканските партии немаат направено во целата нивна историја.

Затоа се прават детални планови за местење на избори ;). Мораш рака да има дадеш за тоа, махери се... за некои од работите кои се прават за време на избори, на никој од западњациве не би му текнало ни во сон ;D.

Издржливи работници сме да но прости, флегматични и во огромен дел нестручни, а за повреди и смртни случаеви има  во Македонија и на балканот и тоа многу, за држава со толку малку работници. На балканот сеуште се води народот по реченицата: ЌУТИ СИНЕ МОЖЕ ДА БИДЕ И ПОЛОШО !!!.  Си ја скршил раката на работа ќути оти ке останеш и без работа и може да те тужат.

Издржливи, да, се сложувам. Прости... зависи кој кадар. Ако правиме муабет баш за обични физички работници, да, во најголем дел се прости, ама па тие не ни треба да се не знам колку интелигентни... генерално, они треба да го работат она што ќе им се каже, а не да попуваат и да филозофираат околу тоа, така ;). За флегматични, тоа од секогаш било така и ова е одлика на Македонците, не на сите Балканци и навистина не ми е јасно зошто е ова вака ???... ќе дадам еден пример за тоа дека ова е навистина вака, но само за Македонците.

Тетка ми, на времето, во бивша Југославија, работела во Ирак (да заработи за домовина, итн.). Како и да е, таму имало работници од цела Југославија, Словенија, Србија, Хрватска, Македонија... генерално, сите си ја вршеле работата на време, освен Македонците ::). Значи, сите треба да станат сабајле во 7 за да одат на терен (се граделе згради) и да се почне да се гради. Словенците најчесто биле електро-монтери и требало да поставуваат кабли. Словенците станати во 7, каблите поставени во 8... Македонциве, тек се будат во 8 и почнуваат да се спремаат, на терен се тек во 9, што значи останативе ги чекаат веќе еден час за да нашиве малтерисаат, бетонираат, што и да е ::).

Така да, ова вака било отсекогаш... не ми е јасно која е точно причината за овој мрзоволен пристап на Македонците кон работата, но изгледа ова ни е карактерна црта... што и не е баш толку трагично, кога ќе размислиш, слични се и Шпанците, па никој не им го зема тоа за грев на нив ;).

Е сега пак, од друга страна, тетка ми исто така ми има кажувано дека Словенците, скоро никогаш не останувале прекувремено бидејќи знаеле дека нема да им биде платено (фиксна плата, толку и толку, ништо повеќе од тоа), додека пак Македонците и Србите, секогаш кога ќе требало да се остане прекувремено на објект за да се заврши нешто на време дента, останувале, иако знаеле дека нема да им биде платено... така да, кога ќе размислиш, работите се компензираат до некаде ;).

А околу смртни случаи и повреди на работни места... сигурен си дека ова е вака? А дури и ако е, ова е најверојатно последица на непочитување на прописи... и да, во многу случаи, за тоа се одговорни и самите работници кои не ги почитуваат и се прават „мангупи“... епа сега, во такви ситуации, си работи и природната селекција... ако си глуп да не носиш заштитна опрема, а ти е обезбедена, кој ти е крив што на крајот си настрадал ;)? Се разбира, само ти и никој друг.

Но, од друга страна, сметам дека најстрого парично (па дури и кривично) треба да одговараат работодавците кои не обезбеуваат заштитна опрема за нивните работници и ги тераат да работат без заштитна опрема. Во таква ситуација, јас лично барем, би дал отказ од работа. Прво, не е мое сам да си набавувам заштитна опрема за на работа. Второ, ризикувам живот ако работам без заштитна опрема, а овој ризик е драстично намален доколку ја користам истата. Така да, сметам дека апсолутно нема оправдување ако работникот работи на работно место и позиција за која е задолжително да се користи заштитна опрема, а работодавецот не ја обезбедува.

„Остај сине, може и бетер да е!“ е, барем мене ако ме прашаш, многу лош совет од страна на родител кој, очигледно, никогаш не ја работел работата која неговото чедо ја работи. Да разбира кои се ризиците на таа работа и она што го работи неговото дете, не верувам дека ќе му го даде тој совет.

За закони и мерки балканот и Македонија имаат едни од најстрогите во европа/светот а воедно се и едни од најмалку почитуваните од народот. Не се почитуваат бидејки никој не се жали дека не се почитуваат. Некој од Македонските политичари имаше дадено изјава: Во Франција се штрајкува не им одговара нешто, во Шпанија се штрајкува не им одговараат некои услови, во Македонија сите се мирни значи се им е ДОБРО.

Можат да си дозволат да штрајкуваат бидејќи имаат високи плати и можат да поминат и месец, два, три без да примат плата (прилично бедно, но сепак, сметки, кирија и храна обезбедено и платено). Ај да те видам тука помини два, три месеци без плата :D. Освен тоа, знаеш како одат работите кај нас, сите кои се бунат/штрајкуваат на крајот ќе го „јадат стапот“ и ќе завршат со отказни решенија, а згора на тоа, работодавците може да се погрижат и никогаш повеќе истите да не најдат работа во таа бранша во државава ::).

Осигурачот не е кинески сигурнои, КemaKeur е Холандско производство, можеби бидејки беше постар осигурач затоа нема и термички  внатре.

Баш ме интересира дали има термички... ако некој има да расклопи од некој понов, би било добро :).

И тука забега муабетот далеку од видео клипови, доколку може off topic коментарите да се преместат на соодветно место макар тоа било и кантата :)

Искрено, не знам кај да сецкам и да пустам, правам... нека стои муабетот тука, и онака оваа секција е за Off-Topic муабети, а сигурно не решаваме прашања за опстанок на планетава со муабетиве :P :D. Си тресеме зелени и си разменуваме мислења, толку :P :D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 730
  • Gender: Male
Re: Клипчиња
« Reply #1468 on 01.09.2019, Sunday, 15:41:26 »
Малку да направам дигресија :)

Која прецизност и храброст.



Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3184
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Клипчиња
« Reply #1469 on 01.09.2019, Sunday, 15:45:19 »
Видеото е лажно, нема шанси нисанот да ја преживее тежината на авионот... ;) :D
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio