Имам купено повеќе парчиња баофенг S888 и извршив мерења на нив како статично на SWR метар така и со шеткарање по улици во густо населено пшодрачје, на отворено и комбинирано, едната станица во населено место а со другата на повисок дел во градот. Од мерењата заклучив дека истите имаат различна снага на различни фрекфенции. највисока снага добив на подрачјето меѓу 423 и 432 мегахерци. Максималната снага изнесува дефинитивно максимум 2 вати на 429 Mhz. минималната на high power е 0,8 вати на ~444 Mhz. нискиот дел, 400 мегахерци е со снага од околу 1,5 вати. Е сега на терен го добив следното.. Во густо населено подрачје домет 300 метри, да токму толку, само 300 метри. На комбинирано, пола пола, од едно ридче во близина околу 1 км, а на отворено, значи во планина каде има оптичка видливост со другата станица максимум 6 километри. Батеријата на стенд бај издржува феноменално, 3 дена. Ги купувам од e-bay и коштаат од 13 до 20 евра по парче. но поштарината ( DHL )за да ги пратите во Македонија е изгор па единствена скромна опција е по луѓе кои слегуваат за МК со возило или авион.