Идејата ми беше да направам авион но кога сватив колку е тешко да се лета и колку пати ке го скршам додека да научам да го летам затоа се откажав од праење и направив quadcopter кој е стабилен и доста лесен за управување за разлика од авионот но многу е тешко да се ориентираш додека го леташ
Дронов немаше да го правам се додека не најдов начин како најевтино да добијам голема дистанца на летање само за 10$ до 1км .. купив најобичен трансмитер од некој ефтин хеликоптер потоа купив Nrf24l01 + pa + lna
и го составив си направив трансмситер и како ресивер-еден Nrf24l01 модул и ардуино мини
како контролер на дронот на почеток користев ардуино уно и mpu6050 сензор но после си купив "оргинален" multiwii контролер кој е многу помал и не фаќа многу простор + има магнетометер и барометер што ти дава плус можности пр. за да стои дронот на една одредена висина без да го контролираш и др.
На почеток мислев сам да почнам да го пишувам кодот но се сетил и некој друг пред мене па така да искористив готов програм со мали препрафки се функционираше добро
За дронот користистам ефтини мотори тука најмогу се зафркнав бидејки тие се најбитни во целиот дрон бидејки со овие мотори имам многу вибрации заради кои на почеток имав многу проблеми додека да најдам решение затоа ако некој се одлучи да прави дрон на се може да скрати некоја пара али за мотори нека не штеди и карбонски пропелери поскапи али многу подобри јас користам ефтини пластични.
speed контролерите исто така најефтини кинески али ги репрограмирав со друг програма и работат многу добро.. рамката исто така солидна батерија користам 2200mah сеа купив нова 5000mah сеуште не сум измерил колку ми трае летот али таа од 2200mah не верувам дека е толку и таа беше наефтината коа почнав да го праам.. само едно приметив незнам колку е точно али коа леташ во место батеријата многу побрзо ми се троши отколку коа летам брзо и на сите страни.
исто така купив камера и fpv (first person view) систем со домет до 2км за да можам да си седам да гледам во екран и да летам на поголема далечина
Бидејки имам вишок 5 моторчиња од 3 моторчиња сакам да напраам tricopter и еден авион кој ке го летам со FPV али тоа ке остане за понатака следно се мислам за 3d printer можеби ке потрае додека да го напраам бидејки бара доста прецизност во правењето на конструкцијата али имам време со моиве 17 години да напраам уште многу работи само ми фали некоја пара
На пат е и фториот дрон еве слика од него како би изгледал отприлика
Еве едно видео од мојот дрон не е баш најдобро али ке снимам некое друго коа ке можамF450 quadcopter flightСлучајно ако некој има некоја онлјн работа со неможе да постиге сам можам да работам се и сешто или некоја препорака кај да работам на интернет затоа што мојата претходна работа заврши и веке немам со што да купувам ....
А случајно ако некој сака да донира некој денар нека пише ке му ја дадам мојата пајпал адреса мада неверувам дека некој би сакал
Слики од дронотСлики од трансмитеротСлика од FPV Слика од моторчињата за следниот дрон кој би требал да изгледа вака
еве слика од моите моторчиња за наредниот quadcopter, трикоптер и еден авион