Author Topic: Царински тарифи на Р.Македонија  (Read 3273 times)

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Царински тарифи на Р.Македонија
« Opened on 05.01.2011, Wednesday, 08:19:31 (Edited 05.01.2011, Wednesday, 08:32:11) »
Со оглед на тоа дека многумина можеби ќе ги интересира во врска со тоа колку се царинските стапки за внесување на електронска (и друг вид на) роба во Република Македонија, решив да ги поставам тарифните информации достапни од страната на Царината, во еден едноставен формат.

Повелете...

Code: [Select]
http://www.customs.gov.mk/HTML/Vodic_tarifa11.pdf

Компјутерските уреди се на стр. 687 и започнуваат со шифрата 8471. Сите се ослобедени од царина, и со утврдено ддв од 5%.


Наоружајте се со овој закон, следниот пат кога ќе треба да плаќате царина.

ЦАРИНСКО ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗА ЛИЧНО ВНЕСЕНА СТОКА

Дополнителни информации за роба што не треба да се пријави, или пак не подлежи на царина. Долу го имате целиот текст, но во кратки црти гласи вака:

1. Може да се внесе роба за лична или семејна употреба, или подарок, што не ја применува вредноста од 350 евра.
2. Мора да ја внесете лично (не може по пошта).
3. Робата не смее да биде сомнителна дека ќе се користи за препродажба (пример ако имате 300 лажици од 1 евро, шансите се дека не ви се за во кујна кај вас дома, и ќе ве царинат).



Еве го целиот текст превземен од царинската веб страна:

СТОКИ КОИ НЕ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ПРИЈАВАТ

Ако сте државјанин на Република Македонија или странски државјанин и пристигнувате од странство, имате право на ослободување од плаќање на царина, ДДВ и акциза при влез во Република Македонија за:

- стоки за лична употреба за време на патувањето (личен багаж);
- тутунски производи:
- 200 цигари, или
- 100 цигарилоси, или
- 50 пури, или
-250 грама на тутун за пушење или сразмерна количина на различни наведени преработки од тутун
- алкохол и алкохолни пијалоци:
- 2 литри вино, и
- 1 литар жесток алкохолен пијалок
- парфем: 50 мл, или
- тоалетна вода: 250 мл.

Ако сте државјанин на Република Македонија, имате право на царинско повластување, заедно со претходно споменатите стоки и на:
- предмети чија вредност не надминуваат 350 евра, ако тие предмети се наменети за лична употреба, за семејна употреба или како подарок. Природата или количината на стоката не смее да биде таква што може да укажува дека се увезува за комерцијални цели односно дека истата ќе служи за препродажба.

Патниците помлади од 18 годишна возраст не можат да го користат повластувањето за внес на тутунски производи и алкохол.

Повластувањето од 350 Евра не се применува за производи од тутун, алкохол и алкохолни пијалоци, парфеми и тоалетни води во количина која ги надминува погоре споменатите.

За пратки добиени по пошта, важат следните правила:

1. До вредност од 45 евра (со вклучена поштарина) не се наплаќа царина и ддв.
2. Над 45 евра се наплаќа царина 15% и данок 18% освен ако
(3) Побарате да се распредели во правилната царинска ставка (на пример ако за тој дел се плаќа царина помалце од 15%, или данок помалце од 18%. Треба за ова да се пополни некој формулар/барање.


Еве го текстот од царина:

За пратки примени по пошта, физичките лица се ослободени од давачки доколку вредноста на стоката заедно со трошоците не надминува 45 евра.За други уреди се плаќа царина со единствена царинска стапка од 15% од вредноста и 18% ДДВ (во даночната основица се вклучува вредноста на стоката со износот за царина). 3. Единствената царинска стапка од 15% не се применува доколку за уредот кој го набавувате, согласно Царинската тарифа е утврдена царинска стапла „сл" (0) или кога Вие ќе побарате да се царини со царинска давачка утврдена во Царинската тарифа.

Некои од најчестите уреди што се нарачуваат/купуваат ги имате овде објаснето колку се царинат:


Компјутери и делови за компјутери: Царина 0%, Данок 5%
Часовници: Царина 5%, Данок 18%
Музички инструменти: Царина 9%, данок 18%
Мебел: Царина 0-15% (зависи), данок 18%
Игри (вклучувајќи и видео игри, конзоли итн.) Царина 0%, данок 18%
Спортска опрема: Царина 7%, данок 18%
Слики и антиквитети: Царина 7%, данок 18%
Телевизори: Царина 0-5%, данок 18%
Проектори: Царина 0-5%, данок 5-18%
Облека: Царина 0-10%, данок 18%
Објективи: Царина 5%, данок 18%
Дигитални фотоапарати: Царина 0%, данок 18%
Видео камери: Царина 5%, данок 18%
Мобилни телефони: Царина 0%, данок 18%
п.с текстот не е целосно мој дел е праземен

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Kao годинава ќе ги укинуваЛЕ ЦАРИНИ, АМА НЕЗНАМ ЗА ШТО КАКО...

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Нема повеќе заштита за домашните производи. На 1 јануари истече Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ, со што на нула паднаа царините за увоз на индустриски и земјоделски производи од Европската унија и ЕФТА – Европската асоцијација за слободна трговија.

Без царина покрај земјоделските производи сега ќе може да се увезуваат и минерали, руди, метали, облека, машини и опрема, мебел, возила, козметички производи, детергенти. Некои производи пак, без царина ќе може да се увезуваат само до одредена количина.

но ова е само за од Европската унија и ЕФТА – Европската асоцијација за слободна трговија не и од останатите земји кои не се членки на овии организации

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
a да не знае некој, зошто некогаш ми наплаќаат царина од по 102 денари за плика добиени од странство а некогаш не ми наплаќаат, исто така во ист ден мене ми стига писмо а и на некој друг му стигна писмо ама на мене ми наплаќаат а на другиот не или обратно, а писмата се пратени од ист пракач, во што е ујдурмата? Знам дека "нашиве" прават мучки и злоупотребуваат службена должност и овластување ама тоа е тоа :(
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.