Author Topic: КАЛАШТУРИ И НЕВЕСТИ  (Read 1090 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
КАЛАШТУРИ И НЕВЕСТИ
« Opened on 10.02.2016, Wednesday, 01:27:33 »
Нашите беќарчиња, тргнаа по белиот свет да си бараат невести. Албанки, Украинки,Русинки да ги воспитуваат нашите идни деца. И не гледам во тоа ништо лошо. Подобро ќе ги воспитаат тие, отколку некои лигли кои сакаат да бидат декор у животот на моќникот. Мамините ќерки обично треба да бидат се она што нивните мајки не биле! Старата мајка не сака да признае дека бракот и животот и се срање, па тргнувајќи од својот промашај, ќе си ја воспитува ќеркичката да трча по парите. Таквото воспитување на своите ќерки, најчесто создаваат производ на несреќно омажена невеста која ќе спие покрај некој богат вепар или стара мома која упорно ќе го чека својот принц на бел коњ.

А принцеви на бели коњи одамна нема. Има фраери и сељаци.Има мангупи и дебили. Пари може да има секој, но вредност не.
Баба ми и дедо ми покојни, за мене беа еден многу убав пример. Дочекаа двајцата златна свадба и едно брдо деца, внуци и правнуци да им ги товарат масите и столиците. Знам тогаш,пукаа од среќа иако беа на залезот од своите животи.Како младоста да им се ожари на лицата таа вечер. Се држеа за рацете и му се смешкаа на објективот. Умреа среќни, затоа што позади себе оставија дрво со многу гранки и плодови. А и не верувам дека се мртви. Сигурно парцијално живеат во сите нас, кои сме нивно потомство. Заедно со прекрасната фотографија која како икона ни свети на ѕидот. Љубов за пример, како аманет за идните генерации. Ја тогаш бев копиљ, пиев ракија и повраќав у двор…

А во што сакааат да го потрошат својот живот, нашиве ужалени и несудени невести? Да се омажат тука не им се исплати! Би рокнале као бомбаши самоубијци у таков брак. Да родат некое детенце, па ич никако. Наместо тоа, ќе цвичат дека у љубовта немаат среќа, дека мужите биле педерчиња и слично. Полесно им е да се сопнат на некој катарски шеик или на некој главен фраер од берзата. А кога се они во прашање, принцезите наши се плодни и по 30 дена во месецот. Тогаш не се голтаат пилули за контрацепција и наместо мужот нив да ги зачне, они го зачнуваат него. Право у центар. Со кисела насмевка и деформиран план за иднината. Фоката конечно успева у животот. Кивам и мрсул ми лета право на тастатурата!!!

Колку повеќе и се одродуваат на љубовта, толку повеќе ќе стануваат робови на недуховните и материјални нешта, кои нема никогаш во целост да им ја развеселат киселата фаца. Децата и семејството се најголемото богатство и се друго е споредно и неважно. За да се биде добра мајка и на децата да им се принесе пат кон убав и среќен живот, не се потребни бракој од интерес и разнебитени суштества без морални вредности. Доволно е само да им се пренесе приказната од нашите баби и дедовци. Затоа што тие создаваа семејства кога чизмата на окупаторот газеше по нивните лица. Кога го носеа крстот на чело и во глад и жед, ги добиваа камшиците на своите грбови. Ако тие тогаш, чекаа пари и богатства за деца да воспитуваат, нас немаше да не има и лозата ќе ни пресушеше многу одамна.

У град има еден куп слободни деца и еден куп слободни девојки. Наместо да скролате и да бидете online и наместо да ги сањате глауморот на Катар и шеиците од заливот, пробајте напрајте муабет со фраерите у градов. Запознајте се у живо наместо да се манијачите по ФБ. Затоа што реалниот стискавац е многу повозбудлив и по секси од ретардираниот poke и like…Вистински like е кога ќе се осети кликот во реалноста. Кога чоек ќе стане сигурен во својот соговорник. Е тогаш е се полесно.Патот до својот рај е многу поблиску од било кога…Изборот е слободен! Да се биде цел живот калаштура, фока, или сакана жена и почитувана мајка, нормално…

НАПИША: БУЛЕВАРКО


Статијата е превземена од:
Code: [Select]
http://365.com.mk/218425/kalashturi-i-nevesti
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Одг: КАЛАШТУРИ И НЕВЕСТИ
« Reply #1 on 11.02.2016, Thursday, 11:55:32 »
Одлична и точна статија, ја читав пред некој ден кај Булеварко, алал му вера на човекот, нема влакна на јазик. Една работа само е проблем, има грешка во насловот. Невести не постојат, само калаштури во денешно време. Било да се сиромашни или богати. Перцепцијата за совршен маж им е изопачена и нереална, та и кога би го нашле, не знаат што да прават со него.

Секоја сака и да шета и да скита по цели ноќи и денови, а притоа да биде нечија сакана сопруга на која не би и биле вршени никакви опструкции во "нејзиниот личен живот", се ослонува на феминизмот, а се залага за некоја си "полова рамноправност".

Мајка и повеќе плаче од неа кога ќе дознае дека ќерката прекинала контакт со симпатијата од Швајцарија, татко и секојдневно и тропа како е неспособна да си најде ситуиран животен сопатник и да му се мавне од дома, и така низ целиот живот, па тие уште од мали се научени дека од љубов не бива ништо, и по автоматизам  биваат емотивно осакатени и со погрешни перцепции и очекувања, та дури и да сфатат дека грешат, не можат да се променат, или и да се "променат", тоа ќе се забележи после некоја година во брак и ќе резултира со развод, причината нормално ќе биде: тој ми ја пие крвта, не ми дозволува да дишам, а и ми досади од нормален живот, сакам да си живеам слободно....

Темава е неисцрпен извор за разговор, ама ајде :D

Интересна ситуација имав пред некое време, фати да ми се пушта една наша од Швајцарија, виде една слика на фб кај што сум сликан у Ауди ТТ во сервис кај мене на работа :D и одма почна да ме прашува што како, све фино ок, сече вени, готово, ќе доаѓа и решена е да се мажи, абе да си рече човек оваа светица, едни муабети што ги тераше, си мислиш готово, оваа ќе ја женам :D да ви ги постирам овде има да се скинете од смеење :D

И кажувам дека работам со струја, го добив овој одговор, а не ме ни запознала :)

Code: [Select]
Имам гајле оти сакам да си здрав и жив !
Понатаму следеа типично патетични глупости, велам патетични глупости, затоа што тоа не би го кажал некој што не те ни запознал :D


Code: [Select]
ти си добар човек
многу ми е драго што постоиш за мене


Code: [Select]
Aj штипни се силно и кажи ми дали боли да знам дали навистина постоиш
О јеееии
чек да се симнам од облаци

Code: [Select]
Биди сериозен сега
многу ти благодарам што постоиш за мене
smile emoticon

Code: [Select]
Јагне бело си ми ти
да знаеш

Code: [Select]
Колку што можев јас да те доживеам
и те како си Посебен

Јас те сметам за доста имотен
некој да дели совети бетер од Далај Лама со 29 години
поприлично е имотен

мног зрело размислување имаш за 29

Code: [Select]
никогаш не сум погалила слика на екран smile emoticon
до сега....

Code: [Select]
немој да направиш да се заљубам во тебе , не е фер
И да не го тупам понатака, мислам дека ви е јасно што е работа :D

Е сеа, мене ко шо ме створил Бог шлакнат и не толку наивен, само што дојде во МК, си викам ај бе ќе ја тестирам, па што биде нека биде. Почнав лека полека да глумам сиромав, како ептен сум голтар, живеам буквално од ден за ден и такви ствари без притоа да променам нормално однесување, се како и дотогаш.

Веќе претпоставувате што се случи нели :D одеднаш девојчево се помалку и помалку почна да враќа на пораки, велејќи дека два огна не оделе под исти кров, додека еден ден не ми превре и ја блокирав, а не се ни запознавме хахахахха :D

Ете тоа е таа ситуација опишаната во текстот на Булеварко, или барем слична, и затоа веќе не може на ниедна да и се верува, секоја си има некои скриени мотиви кои кога тогаш ќе излезат на површина.

Доколку модераторите сметаат дека има нешто неправилно или навредливо во мојот пост, слободно нека го изменат.

ПС, а таман решив да се женам бе, ахахаххахахахаххаха ;D ;D ;D

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: КАЛАШТУРИ И НЕВЕСТИ
« Reply #2 on 11.02.2016, Thursday, 15:40:08 (Edited 11.02.2016, Thursday, 15:46:53) »
Голем респект за постот друже! 100% си во право. Сосема е така. Еве баш гледав еден серијал за Никола Тесла и го прашуваат зошто не се ожениш? Тој им одговара: жените не се повеке тоа што беа. Значи ова прашање му го поставиле уште може пред повеке од 100 години кога немало толку лезбо организации, женски шовинизам и сл. а замисли што би рекол Тесла доколку живее денес? :) Никола Тесла бил човек кој што добро проценувал и не грешел во констатациите. Исто така во близина на Софија има еден добар човек, се вика Добри, го викаат дедо Добри. Човекот го сматраат за жив светец бидејки прави чуда. Замислете има сто и една или сто и две години сега. Не можам да се сетам баш нај нај со точните зборови но нешто рече жените се ѓаволи, секако меѓу другите работи во интервјуто. Исто кажа дека телевизијата е многу лоша работа бидејки преку телевизијата се манипулира... извинете малце забегав на друга страна :)

и не толку наивен
Тоа е добро. Мислам дека многу малце ги има луѓето кои што не се наивни према нив. Најголем дел плачат за дупка :) само дупка да има и се е Океј, а дали ке му ги кине живците и ке му го скрати животот не е битно.

Доколку модераторите сметаат дека има нешто неправилно или навредливо во мојот пост, слободно нека го изменат.
Таман работа, се е во ред. Тука има слобода во искажувањето на своето мислење. На кој не му се свиѓа темата нека не ја ни отвара :)

Зирни го ова http://elektronika-mk.net/index.php?topic=6518.msg116312#msg116312
сосема е на место, половината и повеке од пола го имам видено а секако и останатото си е точно.

Како што кажа има многу што да се збори за нив, искрено ако почнам да пишам ке ми треба еден месец :) Ајде еве нешто што прво ми текна.
Познавам неколку девојки на возраст од 27-29 години кои немаат дечковци ама како што самите викаат дека имаат круг од машки заштитници кои се би направиле за нив. Доколку некој ја пипне, врти телефонот и иде говедото без мозок и е спремен се да направи за неа па и да убие човек. Колку пати ке кажат на телевизија се испотепале млаци момци за девојка, било убиено момче за девојка. Тоа е тоа :(
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Одг: КАЛАШТУРИ И НЕВЕСТИ
« Reply #3 on 11.02.2016, Thursday, 18:49:09 »
Море тој Никола Тесла бил неверојатно паметен, и пред се мудар човек, затоа и ден денес цел свет зборува за него, камо да имаше некој таков во денешно време, само и да има, не би просперирал покрај Rihhanna (така ли се пишуваше? :D) ѕвезде гранда, идоли мидоли и слични умомијачки шоуа и бедни ликови.

Марко Чаласан го направија изрод, а детето може да им предава на 80% административци. Фејк било све, ништо не знаело тој, родителите се криви си лечеле комплекси преку него.... Е не, ти знаеш и ти си паметна, по цел ден на фб и со испупена муцка и гз на секоја втора слика, и 300 коментари на една слика од кои ни еден не вклучува нормален збор туку само глупи смајлиња.

Телевизијата дека го пере мозокот, сосема е точно. Ние не живееме по целиот свет, па да сме од прва рака информирани што се случува насекаде, туку мора да се ослонуваме на медиумите кои можат да ни сервираат секакви глупости и невистини, а ние мора да веруваме. Затоа ни не гледам телевизија, освен кога имам желба да видам колку ни е мизерна државата, и има што да видам.
Турски серии, ѕвезде гранда, политика, собрание, алачки да праи мх мх мх колку е убаво јадењево итн итн.

Ајде кога последен пат сте виделе некоја саглам документарна емисија, да речеме од типот на NGC, Discovery, Viasat Explorer и слично, да се емитува кај нас?

Околу жениве, какви само не искуства сум имал, абе нерви сум кинел. Сум одел со жени и од друга националност, и со наши, и со млади, и со постари, дури и со мажени ::)

Сите имале нешто заедничко, а тоа е лудилото на денешницата. На крај краева, се нешто не им одговара, се нешто се они во право, никогаш не се грешни итн итн. Мажот работи деноноќно во странство, секој денар и го праќа, а таа тешко и било што седи дома и се грижи за две дечиња па фаќа да се..... Не знам, не сум толку паметен да одвојам зборови кои точно би го опишале статусот на жениве.

Сепак, кога човек ќе направи сума сумарум и ќе собере некоја мудрост преку искуства, само тогаш може да сфати што створења се всушност жените.

Имам долгогодишна пријателка и сосетка, една година помала од мене. Никаква желба да стане домаќинка, не знае ниту да готви, до лани дури не ја оставија сама дома, не знаеше ни машина за алишта да пушти, никогаш не чисти дома, освен ако не се испокара со нејзините, кои успут се пензионери.
Скита секоја вечер со разноразни сумњиви типови, и на крај заврши да работи во една државна институција :)
Нејзините и поставиле ултиматум да се мажи потхитно и да им се носи од пред очи, кутрата оваа, кој ќе ја земе, се уплашила, почнала се да учи онака колку да знае понешто да сработи по дома. Летоска јас бев да и чистам ВЦ, да да другари, јас и чистев :D
Седнавме послето на ракија и салата кај неа, се напи ко летва, почна да ме прашува, вика ти би се тепал за мене некој ако ми згреши? хахахахахахахха секако викам, само ти јави се :)
Отиде во вц да се исповрати како стока некоја, ми вика чекај ме, одма ќе се вратам, мора да ти признаам нешто. Ајде викам, ок :D
Ете ти ја од вц право у кревет, не можам вика, 15 минути да одморам и ќе дојдам.
Проаѓа пола саат, ете ти ја се дере, ќе ми залетнеше ракијата како ме сецна. Угаси све, и дојди легни до менеееее. Викам, златна, ја све ќе угасам, нема никаков проблем, ама ќе си одам дома, а ти трезни се па утре ќе разговараме. Одма хистерија фати, пак почна да се дере, зимај си ги работите и оди си домаааа... Не се секирај си викам, очи нема да ми видиш :D

Ја немаше две недели после тоа, нит да се јави нит да дојде, и кога конечно дојде, како ништо да не било.

Епа такво ли да земам ја некогаш дома бе другари, да ми ја вади душата и да морам после сам да чувам деца? Што е најлошо, та и судот ќе пресуди во нејзина корист, па после ќе слушаме по вести 40 годишен маж се самоубил таму и таму од непознати причини. А тој што не ја знае, што првпат ја запознава, нема да има претстава со што си има работа, ќе одглуми таа како холивудска глумица, па после ќе ака глава од бетон, ќе пие диазепами и ќе страдаат деца...

Сум рекол, ако некогаш ми проработи татковски инстинкт, има еден куп невини и сироти дечиња без родители што едвај чекаат да имаат родител и некој да се грижи за нив. Ако ми се присака онаа работа, има промискуитетни жени на секој чекор. Друго и не ми треба, сам знам да се грижам за себе и тие околу себе, додатни караконџули не ми требаат.

По фејсбук ги гледам пријателиве, до вчера сме лумпувале заедно, и секого го знам какво ѓубре е, било машко било женско, а претежно женско е. Става слики од свадби, од деца, од семејни собири, само за да докаже на јавноста дека е супериорно суштество, и да си го полни егото правејќи ги другите инфериорни со поставување глупави прашања од типот зошто не се жениш, зошто не се средиш веќе, па време ти е, види ме мене, што ми фали.... И што да и одговориш, а да не ја увредиш и да и дадеш на знаење каква стока е?

Невидено лицемерие владее насекаде, поготово со оваа европеизација, ЛГБТ заедници, полови еднаквости, технологии и чуда итн итн. Ми доаѓа да избегам во некоја афричка земја, да земам некоја со виснати цицки до колена и место обетка на нос носи коска од тасманиски ѓавол, што не е испоганета од овој никаков свет и нема допир со остатокот од лудилото, барем знам дека ќе ме почитува и ќе можам да ја почитувам и да живеам мирно.

Забегав ја со текстов малку а :D

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: КАЛАШТУРИ И НЕВЕСТИ
« Reply #4 on 11.02.2016, Thursday, 19:35:21 (Edited 11.02.2016, Thursday, 20:25:44) »
Ужасно ужасно. Навистина страшно нешто. Таква караконџула има во моето маало, имено во соседната зграда која е оддалечена 50-70m има таква на возраст од 30 години, не е мажена ама за тоа си има еден голем пес (куче) со кое се занимава..... не е битно тоа. Муабетот ми беше дека веке 15 години се случува да им се дере на родителите, толку гласно што кај мене ечи. Тоа е нешто страшно. Не знам како ја трпат.

Што е најлошо, та и судот ќе пресуди во нејзина корист, па после ќе слушаме по вести 40 годишен маж се самоубил таму и таму од непознати причини. А тој што не ја знае, што првпат ја запознава, нема да има претстава со што си има работа, ќе одглуми таа како холивудска глумица, па после ќе ака глава од бетон, ќе пие диазепами и ќе страдаат деца...
Тоа е јасно дека судот (било кој суд во скоро секоја држава) ке пресуди во нејзина корист. Само сети се кои све се судијки па ке ти стане јасно.
Се случува одвреме навреме да кажат на вести, маж се убил (со пушка, пиштол или нож) во својот дом а жената не приметила дека сака да се самоубие :) и затворен случај како самоубиство како оној што го удавија во кофа со вода па рекоа дека сам се удавил а безбедносните камери баш тогаш престанале да работат  :D Треба човек да е етен ретардиран или да му одговара тоа за да "поверува" во тие работи. Доколку се случи жената да биде убиена прво што прави полицијата, го апси мажот/дечкото и го тормози додека ке се докаже дека тој не е убиец туку некој друг. Друг случај дадилката чудовиште што крвнички се иживуваше на бебето доби 14 месеци казна а кога ке одлежи две третини од казната ке ја пуштат а човек земал 150 кебапи и не ги платил па го осудиле како крадец на кебапи и за тоа добил затвор од 3 или 3,5 години затвор. Во моментот ми текнаа уште куп примери но ајде да не пишам се.
Слушам на вести џихадистки се разнеле и убиле 60 невини луѓе а 80 се ранети.

Ми доаѓа да избегам во некоја афричка земја, да земам некоја со виснати цицки до колена
Па затоа земаат жени од Албанија кои се нормално патријархално воспитани. Имам колега од работа кој има жена од Албанија. Значи македонка од мала преспа и христијанка по вера, човекот е секогаш весел, насмеан, задоволен, смирен и среќен. Друг колега што се дружи со овој што има жена од Албанија ми спомна дека кога ке оди на гости кај него има приметено дека таа е голема домакинка, одлично готви, дома е секогаш чисто, нема ни трошка доле на земја, културна и фина е. Од друга страна познавам двајца колеги, ајде да кажам луге ОК, луге на место, еден а потоа и другиот стапија во брак. Не ми се веруваше дека после една недела едниот а другиот малце покасно сосем го сменија карактерот, станаа многу избувливи, кавгаџии, насилни и еве сега си имаат сериозни проблеми со шефовите. Има и колеги кои си ја најдоа вистинската среќа и сега се среќни во бракот или пак можеби така само изгледа, не знам :)

Ке го завршам постот со една песна која беше испеана на почетокот од деведесетите години. Сега во 2016та година работите се уште бетер па доколку би се пеело на оваа тема не знам дали постојат зборови со кои ке се опише денешнинава :)


П.С. Еве нешо од пропагандата на ФБ која се води со исклучително силно темпо.

Palm Springs commercial photography
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.