Author Topic: DRM  (Read 681 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
DRM
« Opened on 11.10.2009, Sunday, 15:22:32 »
Дали во Македонија има заинтересирани за DRM технологијата..
Дали некој успеал да фати дигитален радио сигнал и истиот да
го декодира DRM со помош на компјутер?
Доколку е некој заинтересиран стојам на располагање...

Quote from: BorceBT
Јас често гледам дека на SW веќе повеќе предаватели навечер зрачат експериментално со DRM (Digital Radio Mondiale), меѓутоа за да се декодира тој сигнал мора да се извлечи сигнал од меѓуфрекфентниот трансформатор (недемодулиран) и треба посебен демодулатор (CQAM) за кој што треба посебен чип кој што погодуваш неможе сеуште слободно да се купи. После демодулирањето дури сигналот влегува во компјутер на декодирање (се работи за AAC, слично како MP3 технологија) Али тоа не значи дека неможе да се изведи на други начини, само сум немал доволно време да се запнам да видам што може да се направи.

Прочитав на нет дека DRM сигналите имаат поголем домет од аналогните сигнали.
Пример ако имаме два SW предаватели кои се исто моќни и имаат исти антени но едниот да емитува аналогно а другиот дигитално тоа што емитува дигитално ке има по голем домет.
Мое мислење е дека секој сигнал без разлика дали е носи аналогна или дигитална информација треба да има ист домет... башка према мене дигиталниот сигнал е по осетлив на шум и интерференции па така да би требало да има и помал домет (на по мала далечина да се слуша)
Какво е вашето мислење за ова? Smile

Quote from: BorceBT
Па вака, значи се работи за ширина на каналот (bandwidth). Кај аналогните AM сигнали на среднобраново подрачје ширината на каналот е 18KHz додека кај DRM ширината на каналот е флексибилна од 4.5 до 18KHz. Од ширината на каналот зависи и нивото на шум со кое мора да се „бори“ приемникот за да го фати сигналот успешно. Значи доколку се испраќа DRM сигнам со 4.5KHz и со иста снага АМ сигнал со 18KHz тогаш приемникот за DRM е во состојба подобро да го селектира сигналот и крајниот резултат би имал 4 пати помалку шум од AM сигналот што иако дигиталните сигнали се понеотпорни на шум би довело и до 1.5 пати поголем домет од AM сигналот. Иначе овде како што гледаш се зборува за два типа на приемници, обичен AM со фиксна ширина на канал и нов DRM со променлива ширина на канал што значи дека ако споредуваме прием на сигналот на ист (стар) приемник со ширина 18KHz на DRM сигналот би му требал помал шум за да биде декодиран отколку што може да се разбере говорот на AM што значи помал домет.

аха значи доколку и АМ предавателот и ДРМ предавателот би користеле иста ширина на канал да речеме 18KHz дометот на сигналот би бил ист но декодирањето на ДРМ сигналот нема да биде можно на тоа место каде што аналогниот сигнал се фаќа едвај?

Quote from: BorceBT
Така е. Иначе колку за информација DRM со ширина од 4.5KHz има квалитет сличен на AM од 18КHz, додека DRM со ширина од 18KHz има квалитет сличен како FM.

Koga sme kaj analogno digitalnite signali nesto interesno razbrav. Nekoj germanski naucnik dokazal deka digitalnite signali se po stetni za zdravjeto od analognite... a kako e objasneto ne znam. kako e mozno toa ne mi e poznato.....

Quote from: BorceBT
Сега ке ти објаснам. Значи дигиталните сигнали се сигнали ON--OFF--ON---OFF. Додека трае транзицијата настанува хевисајдова функција на сигналот (оштра ивица меѓу „има“ и „нема“). Таа оштра ивица - импулс индуцира осцилации на сите резонантни кола во нивната природна резонантната фрекфенција (тоа вклучува и молекули на вода во телата на луѓето и животните) што всушност предизвикува греење. Значи иако мобилниот телефон е на 900MHz тој бидејќи работи импулсно ги резонира молекулите на вода слично како да работи на фреквенцијата на резонанција на молекулот на водата (но во помала мерка) затоа не е ни битно на која фрекфенција зрачи мобилниот телефон за неговата штетност, туку неговата излезна снага и ориентација на антената. За разлика од тоа аналогните сигнали си имаат своја фрекфенција, нема прекини и доколку таа фрекфенција доста се разликува од фрекфенцијата на резонанција на пример на водата немаме проблем (на пример аналогни бежични телефони нема скоро никакво штетно дејство). Се надевам е јасно.

Супер објаснето, фала ти за одговорот... сега пак кога космофон има 3Г мрежа имам направено некои тестови од нај прост тип

Еден вокмен вклучен да чита касета но внатре да нема касета само на празно.
Телефонот во ГСМ мод оддалечен од вокменот 10 метра и кога ке вртам некој број на таа далечина на вокменот се слуша тит тит титт ттттттт..... гласно
После мобилен телефон во UMTS (WCDMA) мод доближен до самата глава на вокменот пуштам да вртам број но се слуша многу тивко и тоа не ттт ттт ттт туку некое си шшшшшшшш а тоа е толку тивко што едвај се слуша за развлика од ГСМто кое би можело да го оглуви човекот.
Како што знам ГСМ900 снагата е 0,02-2W a kaj WCDMA од неколку микровати до 125mW или 250mW (за жал не знам точно колку) Епа сега според мене 3Г е далеку по нештетен од ГСМ иако зрачи на по висока фрекфенција од ГСМ900, па какво е твоето мислење околу штетноста?

И само уште едно прашање, дали дигиталниот сигнал (пример ГСМ) е по вливлив во вода а со тоа да се ствараат загуби во сигналот како кај 2,4GHz? Ако ова е така значи аналогниот сигнал по добро пробива и без загуби кога поминува преку вода, дожд, снег...?

Quote from: BorceBT
Дигиталниот сигнал заради оштрите ивици при импулсите во присуство на голема влага им се одзема од снагата повеќе од аналогните сигнали и се „пеглаат“ и стануваат помалку стрмни но со добар приемник да го реконструира сигналот проблемот не е многу изразен, може 1%.

Борче, за дигиталните сигнали ON--OFF--ON---OFF се мисли на предавателот тоа дека емитува сигнал па прекинува па пак емитува и се така или додека се емитува сигналот во самата модулација се пушта модулиран некој си сигнал па се прекинува па пак се пушта и се така?
Ако е првото предавателот тогаш нели би прегорел со таква работа?

Quote from: BorceBT
Па види, осцилаторот е секогаш активен, бидејќи времето потребно за тој да се стабилизира би било предолго за такви дигитални сигнали, меѓутоа нештото што прави ON-OFF во случајов додека се модулира сигналот од осцилаторот е ВФ појачалото и тука е проблемот што VF појачалото во тој случај дава доста хармоници кој се фаќаат на сите уреди наоколу. Ова можеше да се реши со филтер меѓутоа ќе се изгубеа 2 битни работи: чистината на дигиталниот сигнал (дигиталната разбирливост) и многу побитно ќе се изгубеше во ефикасноста на излезот. Да не правам муабет дека ќе требаше уште 3-4 дела плус :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.