Author Topic: Предавателната антена на радио Скопје  (Read 1600 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Предавателната антена на радио Скопје
« Opened on 26.12.2009, Saturday, 02:05:57 (Edited 26.12.2009, Saturday, 02:29:40) »
Ова е антената на овче-полскиот предавател на 810KHz со снага од 1200kW






Интересно е  што предавателот е транзисторски :) којзнае какви се тие транзистори што работат на такви ВФ струи...и којзнае колкави се   ???
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
дечки како да направам сликиве да бидат помали? ???
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Качувај ги на servimg.com, има автоматско правење на мали слики (thumbnails) дури и ти дава да направи resize при upload на 800х600 ама мислам дека попаметно е што дава thumbnails.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Иначе тие се S7HP предаватели од Grass Valey. Се ставаат по повеќе модули (3 максимум и ние имаме 3 максимум за 1.2MW). Иначе со помош на комбинаторски мрежи има можност повеќе мали ВФ засилувачи да се комбинираат да дадат поголема снага (дури и во домашни услови тоа е можно). Така да секој блок е направен од повеќе (многу) нормални транзистори со комбинаторски мрежи. Еве карактеристики на предавателот:

Code: [Select]
http://www.grassvalley.com/products/s7hp
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Предавателната антена на радио Скопје
« Reply #4 on 26.12.2009, Saturday, 02:32:19 (Edited 26.12.2009, Saturday, 14:24:08) »
леле ова е многу интересно, само ме интересира колку илјади ги има на број внатре и дали формата им е како 2SC1971 или 2N3553 и ако би се расипал еден како би знаеле кој е и да го сменат и дали само колекторите на транзисторите се врзани на посебен вод кој води до антената ???

Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Предавателната антена на радио Скопје
« Reply #5 on 26.12.2009, Saturday, 19:13:12 (Edited 26.12.2009, Saturday, 19:18:54) »
Формата им е како 2N3553, постојат јаки такви транзистори за средни бранови што се со таа форма докај 300W парче меѓутоа друг е принципот, овој тип на предаватели со транзистор не е аналоген бидејќи би требале по 1000 транзистори од блок што би било лудо, овој тип е дигитален, работи на прекинувачки режим и има по околу 100 транзистори (веројатно) во банки кои преку некој голем калем-трансформатор генерираат дигитална синусоида кога подоцна ја филтрираат на излез. Друг начин да добиеш толку мал предавател од 1.2MW (со транзистори а не со ламби) нема.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Предавателната антена на радио Скопје
« Reply #6 on 26.12.2009, Saturday, 19:25:22 (Edited 26.12.2009, Saturday, 19:32:38) »
друже не те сватив баш, тој предавател е аналоген и дигитален (ДРМ) да не мислиш на тоа? Оти во моментот работи аналогно со таа снага од 1,2Мега вати. Но за 5 години МРД треба да го исклучи предавателот (аналогниот дел) и да го активира дигиталниот кој е некаде 750-800kW

P.S. пак го прочитав постот и разбрав малце повеке но не ми е јасно, доколку тие транзистори работат со прекини (импулсивно) нели би слушале на радиото прекини (макар и многу брзи)?
Што е целта со генерирање на дигитална синусоида која после се филтрира?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Целта на генерирање на дигитална синусоида е што транзисторите не работат во аналоген режим туку работат во дигитален режим (само on/off) и губат многу малку енергија на самите нив што значи дека може да се постигне поголема излезна снага од помалку транзистори и загубите на енергија ќе бидат далеку помали (околу 10%) додека кај обичен (чисто аналогно генерирана синусоида) би биле и 35-40%. Прекините кои се гененрирани од микрокотролери се премногу брзи за да се слушнат и секој мал прекин се филтрира од филтрите и на антена доаѓа сигнал кој 99.9% личи на аналоген.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
а дали ако на ФМ појачало со 2SC1971 (7W) би му изработил такво коло со пикови да го палат и гасат со огромна брзина и да биде неприметливо дали така ке се заштеди енергија и би се дигнала снагата Х10 или слично?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Тоа (засега) може да се прави само на ниските фрекфенции (до 5MHz) поради ограничената брзина на микроконтролерите, но со кола наречени FPGA (за тоа друг пат) и со високофрекфентни UHF FET транзистори може.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Извини што те давам со ова, како што те разбрав самото треперење на транзисторите (off, on, off, on...) ја зголемува снагата па ако тој дел по спецификации би вадел 1W (МW сигнал) со тоа треперење ке извади 10W? Се убаво објасни ама не можам ама баш никако да сватам какво влијание има треперењето на струјата (пали гаси) со покачување на излезната ВФ струја на колекторот?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.