Повратна врска на транзистор ?? Мислеш температурен стабилизатор во сериски спој на отпорник и електролитски кондензатор на емитер со маса.
Не не, мислам на повратната врска. Дали е напонско-напонска, напонско струјна, струјно-напонска или струјно-струјна (претпоставувам дека станува збор за засилувач со биполарен транзистор). Без повратна врска, hfe-то (струјното засилување во динамички режим на работа) на транзисторот ќе варира со зголемување или намалување на температурата, тој параметар кај биполарните транзистори не е константен и во datasheet-овите е дефиниран при работна температура од 20 или 25 степени целзиусови. Затоа прашав како е изведена повратната врска и дали воопшто има повратна врска, бидејќи некои типови на повратни врски кога ќе се употребат во определни кола можат да имаат многу добри, но и многу лоши резултати. Се зависи од тоа дали се примениле на правилен начин и дали добро се пресметани деловите кои се користат во повратната врска. Во некои случаи, дури може да се користи и уште еден биполарен транзистор како дел од повратна врска.
Тоа што ти го спомна, паралелна врска на отпорник и кондензатор од емитер према маса, се користи за дефинирање на статичката работна точка и динамичката работна права на транзисторот кога работи како засилувач во A-класа. Всушност кондензаторот се „гледа“ како краткоспојник кога транзисторот работи во динамички режим, па се прави еквивалентна шема на целото коло за да можат да се одредат определни параметри на колото. Во определени случаи (во зависнот од тоа кој тип на повратна врска имаме употребено во конкретното коло), тој отпорник може да биде дел од повратната врска во колото, па поради тоа може да се смета како дел од температурната компензација на струјното засилување на транзисторот (кратко кажано, има двојна намена)
.