Author Topic: Кабел за програмирање рачна радио станица  (Read 1164 times)

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
Кабел за програмирање рачна радио станица
« Opened on 23.10.2014, Thursday, 20:05:59 (Edited 24.10.2014, Friday, 00:30:40) »
Пред некој ден ми стигна нарачката од ибеј - рачна радио станица Baofeng BF-888S.
Многу евтина радио станица, работи во UHF подрачје поточно на 70 см. и тоа од 400-470MHz. Има 16 канали и дојде програмирана со некои неупотребливи фрекфенции. За да се програмира задолжителен е кабел. Има опции сериски интерфејс или USB. Со оглед на тоа што ако нарачав кабел за програмирање ќе требаше да чекам уште месец дена, се фатив за работа и сам си направив кабел.
Се одлучив за следнава шема заради едноставноста…


 
...проработе од прва.

Велат дека може да работи и со Baofeng UV-3R и UV-5R, Kenwood, Wouxun. Колку да се знае јас го имам пробано само со Baofeng BF-888S.

Иако мислам дека ова можеше и во воздух да се среди, еве како го направив:



Пинот од 3,5мм е лепен со селотејп пошто на првото допирање ми се стопи под прстите. Од квалитетните е  :P

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Кабел за програмирање рачна радио станица
« Reply #1 on 23.10.2014, Thursday, 20:16:01 (Edited 23.10.2014, Thursday, 20:21:00) »
Браво кога ќе се сетам само за станицата Maxon колку тешко најдов шема за програматор и не работеше старите радио станици се терсене се програмирале во DOS oперативен систем со флопиња се пушта програмата и нормално комуникацијата била преку сериската порта на компјутерот.И мораше нормално друг да ја среди стручно лице .Што се однесува до новиве гледам сите одат преку USB и самите програмирања се полесни.Но сепак се уште останува сериската порта но полека гледам сакаат да ја тргнат.Но си има уште голема примена кај сервисерите новите мотороли сега се сите со USB но сеуште луѓето користат постари станици така да и тоа се бара.Во секој случај да не должам ова беше околу станиците темава е за поздрав стварно поедноставни се сега каблите за програмирање и можеш сам да си направиш дури и програматор.Одлично ако некој има ваков модел од корист ќе му биде ;D ;) :)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
За Baofeng станиците ќе останам воздржан. Секој си има свој вкус, нели? И секако сам си одбира радиостаница која му е по мерак. Што се однесува до кабелот за програмирање, можам да речам секоја чест за изработката и имаш од мене реп + Во врска со овој модел сакам да те прашам за какви фреквенции сакаш да ја користиш? Кој фреквенции сакаш да ги програмираш?
Hams do it! With Frequency

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
Baofeng е исклучително евтина марка на радио станици.
До дома стигна дури од Хонгконг (имаше и трекинг) за само 800 денари ... епа сега што повеќе да се каже.
Пази ова... Пред да полагам за радиоаматер имав две Brondi PMR446 кои чинеа 60евра. Значи за тие пари ќе имав 4 кинези. Не дека ми требаат, само правам споредба во цена. Брондито работеше само на 446 MHz. BF-888S работи од 400 до 470 MHz. Брондито на излез имаше 500mW кинезот има 2W. Модулацијата на кинезот му е релативно добра иако на брондито беше одлична. Baofeng-от може да работи и симплекс и дуплекс. Значи може и на репетитор да работи  :D Има и пл тон. И "најважно" од се има flashlight (батериска ламба) ;D
Немој погрешно да ме сватите дека ја фалам станицата, ама за 8 стотки супер е. Играчки нема за тие пари, а ова е профи играчка.

...Во врска со овој модел сакам да те прашам за какви фреквенции сакаш да ја користиш? Кој фреквенции сакаш да ги програмираш?
Прите 8 канали ги програмирав со фрекфенциите за PMR446. Ќе се користат за планинарење скијање и слични активности за комуникација со не-радиоаматери, за да не трошиме мобилен ;)
Наредните 8 канали ги програмирав со фрекфенции за симплекс работа на 70 см. (U-272, U-274, U-276, U-278, U-280, U-282, U-284 и U-286). Кога ќе се врати во функција RU-6 (ако се врати) ќе програмирам и еден дуплекс канал.

За озбилна комуникација на 2 м и 70 см користам Кенвуд дуалбандер TH-F7.

73

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Кабел за програмирање рачна радио станица
« Reply #4 on 24.10.2014, Friday, 00:18:35 (Edited 24.10.2014, Friday, 00:23:32) »
Тоа и ми беше поентата на прашањето. На 70 cm нема скоро никаква радиоаматерка активност. Но за комуникација со останати твој пријатели преку тие фреквенции, таа станица е супер. Гледам дека си упатен бидејќи го спомна RU6 а и спомна дека си радиоаматер. Тој репетитор се очекува наскоро да проработи експериментално, UHF станици имаат само два три радиоаматери и не се очекува тој репетитор да биде кој знае колку активен. Сепак добро е да се постави, тој е единствен репетитор за UHF  во Македонија

73
Hams do it! With Frequency