Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Сè останато => Topic started by: DX-er on 30.11.2009, Monday, 23:37:43

Title: Дигитални ресивери DVB-C или DVB-T
Post by: DX-er on 30.11.2009, Monday, 23:37:43
Ме интересира што е разликата меѓу DVB-C  (Cable) и DVB-T (terestial) само што првиот е 3000 денари а вториот е 6000 денари. Ме интересира дали и со DVB-C може да се гледа и DVB-T (каналите на boom TV) ?
Title: Одг: Дигитални ресивери
Post by: BorceBT on 01.12.2009, Tuesday, 01:30:29
DVB-C и DVB-T во суштина се исти но само во вториот дел во QAM декодирањето. DVB-T има на влез модул за корекција на грешки, значи DVB-Т е кодиран плус со код за заштита од грешки а потоа откако ќе се декодира QAM сигналот го праќа на демодулаторот. DVB-C има само QAM демодулатор без систем за корекција на грешки, затоа е поевтин. Но тоа значи дека двата системи (како уреди) не се компатибилни и дека треба да се избере тоа што го нудат кај нас кабловските оператори. Во Битола на пример кабловските оператори праќаат DVB-T сигнал наместо DVB-C бидејќи имаат големи разлики во сигналите на различни фрекфенции (има и доста луѓе кои приклучуваат по 2 или повеќе телевизори наместо еден) и затоа користат Terrestrial standard наместо Cable standard, бидејќи линиите им се полоши и да има корекција на грешки за да биде сликата добра. Мислам дека е јасно сега што е разликата и цената.
Title: Одг: Дигитални ресивери
Post by: DX-er on 01.12.2009, Tuesday, 02:07:26
Битола на пример кабловските оператори праќаат DVB-T сигнал наместо DVB-C бидејќи имаат големи разлики во сигналите на различни фрекфенции (има и доста луѓе кои приклучуваат по 2 или повеќе телевизори наместо еден) и затоа користат Terrestrial standard наместо Cable standard, бидејќи линиите им се полоши и да има корекција на грешки за да биде сликата добра. Мислам дека е јасно сега што е разликата и цената.
Фала за одговорот, дали ако купам DVB-C приемник ке можам да ги гледам DVB-T телевизиите или тешко?
Title: Одг: Дигитални ресивери DVB-C или DVB-T
Post by: BorceBT on 01.12.2009, Tuesday, 15:13:56
Не, двата тјунери не се компатибилни но има поквалитетни DVB-Т тјунери кои можат да се реконфигурираат (да се исклучи Error correction) и да примаат и DVB-C.
Title: Одг: Дигитални ресивери DVB-C или DVB-T
Post by: DX-er on 01.12.2009, Tuesday, 18:57:48
а имаш ли случајно видено да се продава DVB-T mpeg-4 ресивер со слот за картички? Сакам да купам но не од ONE бидејки цената им е пренапумпана
Title: Одг: Дигитални ресивери DVB-C или DVB-T
Post by: BorceBT on 01.12.2009, Tuesday, 21:15:04
Јас немам такви аспирации засега и не сум во тек. Некој друг да знае?
Title: Одг: Дигитални ресивери DVB-C или DVB-T
Post by: broj09 on 18.01.2010, Monday, 22:25:00
а имаш ли случајно видено да се продава DVB-T mpeg-4 ресивер со слот за картички? Сакам да купам но не од ONE бидејки цената им е пренапумпана


на мојот телевизор има вградено ДВБ-Ц не прима сигнал од ОНЕ (ДВБ-Т) а и кабловските немаат дигитални канали(сеуште) имаше некои обиди од МОБИ ама каналите беа повеќето Германски а Македонските „дигитални “ беа со лош квалитет така да подобро е да се почека со купување на тјунер ке бидат поевтини а и ќе има подобри канали пошто овие сега се за нигде . Сега за сега не се исплаќа да дадеш ни денар за таа технологија но добро што работите се менуваат  ;D
Title: Одг: Дигитални ресивери DVB-C или DVB-T
Post by: DX-er on 31.01.2010, Sunday, 18:11:42
на мојот телевизор има вградено ДВБ-Ц не прима сигнал од ОНЕ (ДВБ-Т) а и кабловските немаат дигитални канали(сеуште) имаше некои обиди од МОБИ ама каналите беа повеќето Германски а Македонските „дигитални “ беа со лош квалитет така да подобро е да се почека со купување на тјунер ке бидат поевтини а и ќе има подобри канали пошто овие сега се за нигде . Сега за сега не се исплаќа да дадеш ни денар за таа технологија но добро што работите се менуваат  ;D
И колку слободни канали има на ONE ?
Title: Одг: Дигитални ресивери DVB-C или DVB-T
Post by: Devil on 31.01.2010, Sunday, 18:37:51
мислам дека има околу 30-40
ама има можности за надградба