Македонски форум за електроника

Останато => Сè останато => Topic started by: Acki2009 on 31.05.2015, Sunday, 09:45:13

Title: Ми треба помош околу цртање на плочка
Post by: Acki2009 on 31.05.2015, Sunday, 09:45:13
Значи ми треба помош за цртање на плочка за регулација на напон од агрегат. Никогаш не сум работел со некои од програмите за цртање на плочки па затоа од вас ја барам таа помош, сега ќе ја прикачам шемата и плочката па ако може некој да ми помогне. Ако е можно да се конвектира и во која програма тоа можи да се направи. Ви благодарам однапред.
Title: Одг: Ми треба помош околу цртање на плочка
Post by: Zan on 31.05.2015, Sunday, 11:48:43
Ги избришав сите непотребни работи од сликата, останаа само водовите.
Треба само да експериментираш со големината на сликата при печатење.
Title: Одг: Ми треба помош околу цртање на плочка
Post by: Acki2009 on 31.05.2015, Sunday, 11:56:21
Во ред е ви благодарам за одвоеното време. Но имам уште едно прашање со шемата отпорникот R11 нема пишано што вредност е, што отпорник би му ставил?
Title: Одг: Ми треба помош околу цртање на плочка
Post by: Zan on 31.05.2015, Sunday, 12:23:48
R11 е варистор. Служи за заштита од превисок напон, односно од краткотрајни шпицови во напонот.
Во нормална работа има голем отпор, а при зголемен напон, во случајов 39 волти, отпорот драстично му се намалува.
Title: Одг: Ми треба помош околу цртање на плочка
Post by: Acki2009 on 31.05.2015, Sunday, 12:25:14
Ок штом е варистор, ги има во нопонските од пц.
Title: Одг: Ми треба помош околу цртање на плочка
Post by: Zan on 31.05.2015, Sunday, 12:25:56
Не одговара, тој е за 250 волти.
Title: Одг: Ми треба помош околу цртање на плочка
Post by: Acki2009 on 01.06.2015, Monday, 22:53:55
Да да не одговара, но каде да најдам во алфа електроник бев нема 39волти, каде би можел да се најди во кој уред го има за да побарам.
Title: Одг: Ми треба помош околу цртање на плочка
Post by: KiloVolt on 02.06.2015, Tuesday, 00:21:37
Code: [Select]
http://www.loging.mk/1257/BrowseProductsМожеби нема точно 39 волти но види некој друг приближен ако ти одговара...