Намера ми е да направам до Нова година за еден другар активен вуфер и два сателити со сила (1оо вати вуфер + 2х50вати сателити),за една позната велешка меана.Бидејки таму ке оди македонска музика вуферот ке биде под шанкот (вграден),а сателитите во околните тавани
Ако се пониско ,страв ми е некој во занес ке ги бацува сателитите,па на плафонот ми се некако посигурни!
;)Појачувачот за басот е стара,проверена конструкција ,со Дарлингтон транзистори во излез( имам неколку пара на лагер!).Треба да се подеси офсет напон и мирна струја ,која за дарлингтоните јас ја ставам на 40 мА.Исправувачот е +-30В/5А (2х24В/5А трафо).Ке ставам и каснење на уклучување и кулер кој ке работи на определена температура со два БД139 како термо сензори.
За сателитите ке се користи стандардно (класично) излезно лине појачало КЕНВУД (2х50 вати)
Извор на звук : лап топ наполнет(накрцан) со сета расположлива народна македонска изворна музика.Се слуша со пастрмајлија!