Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: goran_elektro on 18.01.2016, Monday, 23:04:52

Title: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 18.01.2016, Monday, 23:04:52
Како што кажува насловот собирам делови и во среда почнувам со изработка на засилувачот од 2х500 вати на 8 ома рмс денес ми стигнаа јадрата за трансформаторите два трансформатори од по 650 вати електролитите стигаат во среда , земав плочки грец калај термо црева , во среда ке земам жица за трансформаторите и ке ги намотам , електролитите се од лордзи 10000мф 100в сименс сикорел ладници најдов излезните мосфетови ирфп240 се порачани све е скоцкано во среда ке ставам слики од трансформаторите , и замолувам некој да ми даде шема за дц заштита за звушници ,заштита од краток спој и други заштити што постојат .Фала однапред :)
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: batka on 18.01.2016, Monday, 23:30:49
Прво да кажам дека кај овие појаки појачувачи прва работа е заштитата на звучниците со каснење на нивно вклучување( барем 3 сек.) и заштита од ДЦ напон кој би дошол на излезот,евентуално. Температурна заштита не препорачувам да се прави однапред,бидејќи честопати испаѓа смешно ,кога добар и здрав појачувач ке почне да исклучува на сосема нормална температура. Најдобро е веднаш да си вградиш *сајлент* вентилатори и крај на приказната!! Затоа од искуство препорачувам добро да го направиш и подесиш појачувачот ,а заштитата тогаш може да биде и едноставна,односно со минимум делови.Најмногу внимание ( и пари!) посвети му на добро реле (добра марка,јаки позлатени контакти ....).Еве ти една проста,употреблива и релативно евтина заштита).

Споено мислење: 18.01.2016, Monday, 23:33:32
Жалам ако шемава е под *нивото* за некои членови.
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 19.01.2016, Tuesday, 00:59:49
шемава има каснење на звучки ?
П.С. мозе ли некако да му извадам излези за лед диоди на овој појачувач за повер и клип ?
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: Lux on 19.01.2016, Tuesday, 12:18:34
Другар Горан-Електро гледам одма се фати за опашката,прво направиго појачалото па после за лед и за заштита е лесен проблем,ма да заштита при проба е добредојдена,но прво сакам одговор дали појачалото го правите за дома или за озвучување. еве еден редослед од мене како би било спрема мене добар снагатор.

-Појачало
-Заштита / закаснето вклучување на звучки,дц заштита,заштита од превисока температура секогаш добредојдена,заштита од краток спој на излез.
-Вентилатори,доколку се користи за озвучување пожелно е вентилаторите постојано да вртат на мах.,доколку се користи за дома треба контрола за вентилатори поради при потивок волумен на гласот да нема бучава од нив.
-и на крај се клип лед,или лед ву метар тоа е по твоја желба што ќе ставиш.
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 19.01.2016, Tuesday, 14:16:52
Па се разбира дека е за разглас сигурно дома нема да си ставам засилувач од 2х500 за хај-фај имам хрпа звучни кутии кои се со рцф драјвери ,сателитите се со мид-басс (рцф S800) високи пола со (рцф N850),а другата половина со (рцф N450) ,басовите не ме факајте за збор што модел беа зошто тие се малку мешани два се со електро воис, други 4 со 18саунд,и останатите 10 се со рцф басовите сите се 18-ки, појачала имам рфц HPS серија (1500 и 2500) имам и две qwerty појачала српско производство едното е швајц апарат огромно со околу 3,5 киловати трафо 2х85 волти тука некаде кога е исправен дава 2х110 волти и е со снага 2х1000 ,другото qwerty е мало 2х300 на кое што едниот канал му е рикнат деновиве треба да се поправи ,и во среда стига кралот на опремата dbx driverack pa2 ,ова појачало сакам да го изработам зошто ситемногу го фалат па да видиме што ке излезе  :)
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: Lux on 19.01.2016, Tuesday, 14:53:28
Ама добро се испофале по по по,од швајц до брусалици и слично,а за појачалото имам доста читано за него и се откажав јас од него за изработка ;D
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 19.01.2016, Tuesday, 16:13:01
не се фалам само сакав да казам за што ќе го користам појачалото зошто ти беше многу радознал за што ќе сум го користел. ;)
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: Lux on 19.01.2016, Tuesday, 17:38:45
Радознал -смешно само сакав да те насочам по кој редослед би била добра работата,после онај коментар и прашање за од батка шемата гледам дека си почетник барем во аудио електроника ;D
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: batka on 19.01.2016, Tuesday, 22:09:36
Горане,  веќе сум коментирал вакви градби ,а веројатно самоградбата значи и поголеми пари да вложиш па размисли си ! Имаш веќе за евтини пари половни уреди.На шемата имаш заштита која ти треба,прочитај го мојот одговор.Она за темепературна заштита стои - направи го и подеси добро излезот и  стави без размислување кулери за ладење и терај. Диоди за клипување  и она * повер*( за да знаеш дали имаш напон или што??) не ти требаат,тоа може и после да се вгради.
Само прво размисли и пресметај колку ке те чини градбата! И најди си таму кај тебе некој добар мајстор,па многу работи решавајте ги на лице место,а не со прашања.
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 10.02.2016, Wednesday, 13:13:53
какви се тие диоди (148) на распоредот на делови што ги има на легенд стаге мастер мк2 ?? ако мозе некој да ми казе ?
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: LordZi on 10.02.2016, Wednesday, 13:20:33
Најобични 1N4148.
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 11.02.2016, Thursday, 14:38:54
Дали може наместо мје15034 и мје15035 да користам мје15032 и мје15033 ?? Зошто такви имам  :-\
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: LordZi on 11.02.2016, Thursday, 14:57:20
Може.
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 23.02.2016, Tuesday, 19:54:19
Здраво луге ,денес ми стигнаа и последните делови од логинг значи имам све е сега почнувам да ги лемам компонентите на плочата и гледам плочата ми е наопаку како да е пресликана во огледало ,мислам дека ви е јасно за што станува збор па дали знае и може некој да го заврти цртежот т.е. плочата што е дадена на сајтот на доктор бора и да ја постави во темата или да ми ја прати во пп ?? :-\
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: batka on 23.02.2016, Tuesday, 21:22:29
Батка,ај помисли дали можеш сам да го направиш тоа *појачалиште*?? 8)
Плочката е во .pdf формат и има димензии колку треба да биде оригиналната големина.Направи прво роба да видиш дали димензијата е во ред!
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 23.02.2016, Tuesday, 23:12:48
Батка не е проблем тоа ,и само да те преправам греска верзија си дал мене ми треба стејџ мастер МК2 од 500 вати на 8 ома не 250! плочата како пчоча дадена на сајтот треба да е дадена во превртена форма т.е. кога јас ке го испринтам и со пегла го префрлам тонерот на плочата да дојде како што треба ,зошто така како што е дадена на сајтот кога ке го пренесам тонерот на плочата ,плочата излегува наопаку. Ме разбра ?? значи нацртот треба да е обратен како да се пресликува во огледало за на плочата да дојде таман  :)
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: dr-mr on 24.02.2016, Wednesday, 01:34:01
Ако јас добро разбрав.
Кога ке го печатиш нацртот на хартија  во опциите на принтерот има да печатиш обратно (mirror)

Code: [Select]
https://www.google.nl/search?q=mirror+option+in+printer&client=opera&hs=9u4&biw=1560&bih=790&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ved=0ahUKEwip3KmUk4_LAhXoDpoKHRLrDhsQ_AUIBygC#imgrc=fk5iPcK5R0aYjM%3A
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: batka on 24.02.2016, Wednesday, 16:49:15
По грешка сум ти ја пратил  почетната верзија.Еве ја она плочка што ти треба во инверт  .
Пази на димензиите,ако треба намали ја или зголеми ја,по потреба.
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 14.05.2016, Saturday, 16:05:51
Го склопив појачалото но имам проблем помеѓу масата од кај напојувањето и масата што е за звушникот го имам +напонот што доага од електролитите исто така истиот напон го имам и на + што оди за звушникот диодите 1Н4007 се исправни ,се е исправно проверив 100 пати ,исто така ги полни и електролитите од 1000мф 100в што мислам дека не треба да ги полни со затворен улаз и празен излаз до што може да е проблемот ?
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: batka on 14.05.2016, Saturday, 16:40:10
Прво откачи го исправувачот и мери од маса до +/- пол какви напони имаш и дали е во ред исправувачот.Потоа мери омски колкава  е отпорноста меѓу масата на појачувачот и +/-  точките каде влегува напонот.Ова се прави без вклучен исправувач,на суво.Ако е во некоја гранка краток спој (или мала оторност!),грешка барај во побудата или излезните транзистори.
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 14.05.2016, Saturday, 19:02:12
Исправувачот е во ред 100% ,модулот откачен помегу маса и +- има отпор од редот на стотици килооми


Споено мислење: 14.05.2016, Saturday, 19:05:13
Ги вадев ги мерев сите транзистори и диоди се е во ред
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: LordZi on 14.05.2016, Saturday, 21:53:54
Сликај или скицирај како ти е врзано напојувањето за модулот.
Извади ги сите транзистори, и побудни и излезни и види дали пак ќе имаш + на излезот.
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: batka on 14.05.2016, Saturday, 22:01:43
Ако и тогаш имаш + напон на звучник дефектот барај го некаде на влезот.

Споено мислење: 14.05.2016, Saturday, 22:13:18
Проба ли со тримерот 1К да го намалиш ( балансираш) напонот ? Тој треба да е со барем 10 обртаи !!  И Бора не препорачува обичен тример!!
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 14.05.2016, Saturday, 22:46:41
Може ли да ставам слики директно на форумот па некој после да ги закачи на хост зошто немам акаунт (знам дека тоа не е дозволено ) ама ке ги замолам админите да направат исклучок ако може ?
П.С батка кај виде тример од 1к ?? Има само два тримера од кој едниот е 10к а другиот 200оми
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: batka on 14.05.2016, Saturday, 23:15:37
Добро ,јас ја гледав послабава варијанта. 8) Но, по шемата и тој 200 оми ја има истата функција - симетрирање на напон  на излез да се добие 0 V.Ти ги обележав критичните елементи (транзистори) ,но провери ги и пасивните елементи до нив,како и тоа дали е се правилно врзано според шемата!
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 14.05.2016, Saturday, 23:28:10
Се е проверено тие мпса 92 и 2н5401 ги вадев 10 пати ги мерев и пак ги ставав не се рикнати , значи кога ке го уклучам појачалото на излез на + за звушник го имам напонот од + гранката од исправувачот и кога ке постигне напон почнува да пумпа затеглува струја предтанува пак затеглува пак престанува
П.С имам ставено ламба на 220 на влез

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/Image_001.jpg)

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/Image_002.jpg)
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: batka on 14.05.2016, Saturday, 23:51:16
А покуша ли со 200 ома тримерот да добиеш 0V на излез ? Колку струја дава исправувачот (не напон!)?
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 14.05.2016, Saturday, 23:55:49
Како и да е тримерот на излез за звушник ако имам повеќе од 1в значи имам проблем , така пишува во туторијалот на др бора
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: batka on 14.05.2016, Saturday, 23:57:07
Дали напонот со овој тример се намалува/зголемува??
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 14.05.2016, Saturday, 23:58:16
Два трафоа од по 650 вати

Споено мислење: 14.05.2016, Saturday, 23:58:47
Не функционира тој тример
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: batka on 15.05.2016, Sunday, 00:04:14
Не те прашам за трансформаторите ! Колкав е напонот на исправувачот? Ако овој тример не функционира или е дефектен или нешто наокулу не чини!! Со тој тример се врши подесување на 0V на излез за звучник.Како пиша Лордзи,извади ги сите побудни и излезни  транзистори и пробај со тримерот да подесиш 0V на излез.
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 15.05.2016, Sunday, 15:03:52
Се е извадено измерени се сите компоненти се е добро , кога ке ги извадам двете диоди 1н4007 што се помегу +- и кај електролитите 1000микро 100 волти го немам напонот се е нула ама пак не ми повлекува ни струја од исправувачот што може да е ?
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: batka on 15.05.2016, Sunday, 16:33:08
Се е извадено измерени се сите компоненти се е добро , кога ке ги извадам двете диоди 1н4007 што се помегу +- и кај електролитите 1000микро 100 волти го немам напонот се е нула ама пак не ми повлекува ни струја од исправувачот што може да е ?

Па кога ќе ги извадиш двете диоди нема напон на влезниот степен каде се наоѓа и регулација за симетријата на напонот! Очигледно многу малку познаваш електроника.Ништо од она што го пишав да го направиш ,не го направи.Мислам дека треба да отидеш лично со модулот кај некој помајстор да ти го среди.Ако си од СК договори се со Лордзи.Тој ке знае што да направи. 8)
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 15.05.2016, Sunday, 16:41:39
Па зошто се тогаш двата електролита кога истата функција ја вршат и електролитите на исправивачот ?
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: batka on 15.05.2016, Sunday, 17:15:36
Очигледно е дека имаш многу непознаници тука во овој проект.Долго и на широко  било да ти се објаснува се.Например: тие диоди се заштитни и електролитите се тука за дополнителна филтрација на напонот за влезниот дел на појувачот.Ако тримерот 200 оми не функцонира  тоа значи дека некаде има прекин во напојувањето на влезниот дел на појачувачот.Мора да имаш или нешто погрешно врзано или нешто е прегорено.Ти велиш дека се си проверил,ама сигурно нешто фали, па не работи појачувачот. Ти напишав што да направиш,вака гледано на далечина ,не можам да ти кажам ништо повеќе.И на почетокот неколкумина ти пишавме дека сепак овој проект ниту е едноставен ,ниту евтин за градба,особено ако немаш доволно искуство.
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: darkoveleski on 15.05.2016, Sunday, 22:47:43
Мене ми се има случено да ми пумпа засиливач,се проверував и се беше во ред.но сепак нешто не беше иако казувасе дека е.Имаше зенерка 15v 1w и на инструмен ми кажуваше дека е исправна.Ја сменив во 15волти 1,5вати и пумпањето престана.Пробај со зенерките да ги смениш.
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: LordZi on 16.05.2016, Monday, 09:48:29
goran_elektro, стави слика со добра резолуција од плочката, од горна и долна страна. Провери ја плочката за споеви или прекини, убаво со лупа и инструмент. Не знам дали други успешно ја правеле оваа верзија, провери ја плочката според шемата, да не има можда некоја грешка.
Нацртај како ти е врзано напојувањето за модулот, те разбрав дека имаш + и на GND и на излез за звучникот, на GND не може да имаш + освен ако не ти е нешто погрешно врзано.
Провери дали ти се правилно поставени сите транзистори, особено тие малите 2N... и MPSA..., кај нив често се греши, различни преизведувачи некогаш може да имаат различен распоред на пинови, правери што е што со инструмент. Извади ги сите транзистори и испитај ги - моќни транзистори, посебно мосфети, не се испитуваат со мултиметар, побарај на нет туторијали и испитај ги под оптеретување. Не мора да ги ставаш сите излезни, еден пар ти е доста за проба, кога ќе проработи засилувачот ќе ги ставиш и другите.
И најбитно од се, полека и без нервози, знам дека си вложил доста пари во ова и сакаш да проработи, ама треба со ладна глава да ја бараш грешката... ;)
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: batka on 16.05.2016, Monday, 15:10:13
Најнезахвално е на невидено да ти кажуваме  што да правиш,особено ако немаш искуство со промали појачувачи ,транзисторски пред се,каде треба да се подеси симетрија и мирна струја.Ова што го напомена и Лордзи стои ,да не се повторуваме,особено за распоредот на транзисторите и исправноста на излезните транзистори.И пак ќе повторам-побарај помош од некој поискусен електроничар,кој на лице место ќе ја прегледа плочката.
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 17.05.2016, Tuesday, 08:07:19
Појачалото застана чека мје15033 15032 ,ги порачав од грција во текот на неделата треба да стигнат и кога ке стигнат со нив ке дојде и искусен инжењер можеби некој го знае неговото име е златко што има сервис псм манолев во богданци . Па ке пишам каков звук има и јачина најверојатно ке има и видео на јутуб .
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: batka on 17.05.2016, Tuesday, 15:23:50
Не треба друго да знаеме- доволно е да пишеш каков *боклук* си направил  и кулку се те чинеше. 8)
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 17.05.2016, Tuesday, 18:44:01
Горикнав парот мје 15032/15033  кој го имав,една диода 1н4007 и еден пар излезни мосфети
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: batka on 17.05.2016, Tuesday, 22:54:23
Гледај само овој пост да не стане нешто како *турска серија* ,со доста пресврти.Оди на страната на Бора Јагодиќ,иначе наш член,и разгледај ги упатствата кои тој ги има постирано.
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 17.05.2016, Tuesday, 23:25:14
Батка па што зборам ја цело време ,ја викам го имам + напонот на излез ти ми велиш проба ли да регулираш на симетријата ,сега ти стана јасно што е маката ,тоа што ако на излез за звучка не треба да има напон поголем од 1волт ако нема ништо неисправно  ;)
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: batka on 18.05.2016, Wednesday, 00:53:12
Ти не уверуваше дека - Се е извадено, измерени се сите компоненти, се е добро. 8) А сега велиш дека имаш изгорени елементи! ??? Ако е се во ред со 200 омскиот тример треба напонот на звучникот да биде приближно нула.Значи и се да е добро може да имаш едносмерен напон над 1V ,кој го регулираш со тримерот за симетрија на нула волти. Со другиот тример се подесува 25 мА мирна струја на излезните тр.Гледај  и тука да не згрешиш.
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 21.06.2016, Tuesday, 22:05:46
Здраво, имам еден проблем со појачалото што неможам да го решам, кога ке го уклучам со поврзан звушник почнува да дава звук со некои високи фрекфенции и потеглува нагло струја (симетријата е супер (мирната струја е на 40 мили ампери не слегува повеќе ) има само еден пар транзистори) а кога ке го уклучам па отпосле врзам звушник е добро со намален потенциометар и кога ке пуштам сигнал и малку пуштам од потенциометарот има звук и нема проблем кога ке пуштам појако малце исто така почнува да дава некои звуци со високи фрекфенции и потеглува нагло струја, до што може да е проблемот ? Сите транзистори и диоди ги заменив со нови отпорниците ги мерев сите се добри ,не сум ги проверил само уште блок кондензаторите .
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: LordZi on 21.06.2016, Tuesday, 23:59:26
Ти осцилира засилувачот...
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 22.06.2016, Wednesday, 00:15:24
И чаре за тоа ??
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: batka on 22.06.2016, Wednesday, 00:21:14
Провери ги повторно сите елементи,особено блок кондензаторите, во влезниот степен.Можеби треба да ги зголемиш вредностите на некои блокови додека не престане да осцилира целиот степен.По можност врзи осцилоскоп и сигнал генератор и прати ги осцилациите со промена на вредностите,па ке видиш каде и колку осцилира влезот.

цитирано

*И на почетокот неколкумина ти пишавме дека сепак овој проект ниту е едноставен ,ниту евтин за градба,особено ако немаш доволно искуство.Мислам дека треба да отидеш лично со модулот кај некој помајстор да ти го среди.Ако си од СК договори се со Лордзи.Тој ке знае што да направи.*
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 22.06.2016, Wednesday, 01:30:28
Зошто на шемата помеѓу колекторот и базата на мје15035 има 220 пф блок а на плочката го нема ?
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: nsu on 22.06.2016, Wednesday, 02:37:29
Па пробај стави ги и тие кондензатори ако си во можност. Ех си слушнал ли за Зобелова мрежа стручно најди за тоа и проучија како спречува да дојде до самоосцилации. Мене конкретно и предавател ми осцилирал и се се решавало со зголемување на кондензаторите или правење како филтер коло или зобелова мрежа со кондензатори и шиба. Ако се сеќавате мојот прв предавател кога ве замарав за трансформатори тука за напојувањето кога имав појак трансформатор па работата ја решивме со колото 7815 ми требаше фиксен напон за засилувачот со TDA2030А чиј засилувач го правев исто вака ми осцилираше влечеше голема струја и батка го знае професор во пензија е сега а и јас завршив работа Петре Николовски ми помогна со кондензаторите од него научив доста. Инаку оди кај Lorzi од него пред некое време купив засилувач го спакував во кутија само се џекови и сега имам два можам да кажам лета појачалоно само пали вози беше и толку. Инаку имам правено и појачало за другар со LM3866 и за чудо без само осцилации ни проработе од прва. Па спремивме и еден со TDA7294. Види истражи зошто се јавуваат самоосцилациите и истражи за зобелова мрежа равенки има на интернет се како да го спречиш само осцилирањето. Или што вика батка исконтактирај го Lordzi. :). Бидејќи другар без осцилоскоп ова тешко ќе го решиш за зобелова мрежа ако правиш ќе треба со инструменти да го испиташ првин добро засилувачот да му најдеш горна гранична фреквенција ќе ти треба за во равенката како параметар. Незнам колкавo искуствo имаш за тестирање на засилувачи да им ги пронајдеш сите параметри сум го правел тоа на пракса но верувај без инструменти ништо секако треба и искуство едно време многу бев навлезен и јас во ова но сега кога се откажав од електрониката се како да заборавив. Плус се што имав од елементи а имав многу и алат продадов и нешто фрлив си го продадов осцилоскопот постар беше Goldstar но вршеше работа знаевме од пракса се да работиме со него инаку ќе пробавме да го ѕирнеме појачалово. Но не се бавам со електроника веќе. Што да ти кажам си вложил многу пари во работава со овој засилувач. Не се откажувај сега барај мајстор најди. Пробај најди искусен мајстор ама стварно многу искусен што правел многу многу повеќе од луѓето како мене како Lordzi на пример со инструменти со се што си работи. :)
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 22.06.2016, Wednesday, 06:51:50
Проблемот е бил во тој блок кондензатор што се наоѓа помеѓу базата и колекторот на мје 15035 јас го немав забележано и го имав изоставено пробав ставив 4,7 нано и немаше проблем останува да најдам квалитетен блок од 1 нано да го ставам да ги наредам сите излези и толку
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 26.06.2016, Sunday, 21:45:36
Едниот канал е склопен и свири многу добро само треба да најдам иструмент со стрелка да ја наштелувам мирната струја добро ,ја направив на 130 мили ампери со дигиталниот иструмент ама кога ке најдам аналоген ке ја направам на 150 мили ампери како што треба .
П.С свири исто како појачалото што го има во динакордите 1000-ките
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: Hahahaha on 26.06.2016, Sunday, 22:09:05
не пиша во што беше главниот проблем? дали можеш да пишеш од каде ги набави 5 ватните отпорници и која цена?
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 26.06.2016, Sunday, 22:20:26
Проблемот што осцилираше беше блок кондензаторот на побудниот транзистор ,отпорниците ги порачав од ибеј и беа многу ефтини а башка пишуваше оти не стварале индукција .
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: batka on 26.06.2016, Sunday, 23:55:33
Зошто инструмент со стрелка? Може биас и со дигиталец да се штима без проблем. Само не 150 ,ами 25 мА.
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 27.06.2016, Monday, 00:53:34
25 мили ампери за пар ! А има 6 пара 6х25=150 милиампери ;)
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: batka on 27.06.2016, Monday, 13:57:40
 ;) ;) :D Ти батка на еден пар,во една гранка мериш 25 мА ;) ;) 8) ако е се во ред автоматски и другите гранки треба да добијат по 25  мА.Не е лошо една по една гранка да ги провериш. ;) ;) ;) ;) ;) ;)
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 18.02.2017, Saturday, 17:12:32
Денес засилувачот го испитав со осцилоскоп имасе некое осцилирање но тоа е поради што има грешка во самата шема, колекторот и базата на мје15035 има 220 пф блок, а на другиот побуден мје15034 го нема тој блок кондензатор, им ставив и на двата повудни транзистори по еден нано 500в блок кондензаторчина и сега спие, го пробав на вештачко оптеретување со осцилоскоп и сигнал генератор џам е, инаку благодарност до сервисот на алфа аудио кој ми овозможи да искористам осцилоскопот вештачкото оптеретуванје и сигнал генераторот :)
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: nsu on 18.02.2017, Saturday, 21:27:36
Е така бе другар бе а не ние не мислевме кај тоа отпорникот да не прави спој тогаш јас ти викам стругај е кога нема човек осцилоскоп така е може да претпоставува а тоа се само осцилации само осцилации паметно си ги решил ете и научи и кај најјакиот сервис одиш на пракса бе другар алал да ти е Горан го знам лично и многу има пројдено во аудио делот и испраксиран е ептен.Многу има поминато во аудио делот а и хобиста е ајде братче лупај со него сега може да замислам кој звук го вади и пази си на другарите јако светло рефлектори лајт шоу на диско па и сега пази им го слухот. А алфа аудио се нема збор многу ми е драго што го среди и пари вложи и труд и мака и се во него браво
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: GigaWatt on 19.02.2017, Sunday, 05:39:00
Со здравје да си го користиш ;).
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 19.02.2017, Sunday, 14:00:45
Е сега ми фали уште софт старт некој да ми предложи шема
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: izotop on 17.03.2017, Friday, 22:55:29
Еве проверена
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: batka on 19.03.2017, Sunday, 14:38:50
Не ти треба софт старт,ами заштита со каснење на звучници, за да не го добиеш оној карактеристичен удар на вклучување на појачувачот на звучниците, од кој може и да прегорат истите. Ти постирав таква шема уште на првата страница, да не се повторувам.Едноставна,еафикасна,проверена.
прашање: работи ли сеуште појачувачот?? ( во февруари беше објавено!??)

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/DCPROTECT.png)
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: nsu on 20.03.2017, Monday, 16:14:52
Па би требало уште да му работи на Горан ваљда не го форсира многу или не озвучува по Струмица ваљда доста јак е али го среди го направи има да озвучува сега  ;D ;D
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 22.03.2017, Wednesday, 20:50:35
Нормално дека ке работи батка корне и јас не побарав каснење на звучки пошто тоа го имам од кога го направив засилувачот, убаво си реков софт старт зошто во локали со брзи осигорувачи 16-ки ги бутка  ;)

Споено мислење: [time]22 Март 2017, 20:56:22[/time]
и заборавив да пишам дека го тестирав со свирење нонстоп у клип стигна докај 40-45 степени и не качуваше повеќе температура и немаше маки
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: LordZi on 22.03.2017, Wednesday, 21:03:42
Еве еден софт-старт со триак според шема од APEX, има zero crossing детекција, подобра варијанта е од оние со реле пошто нема искрење на контакти и сл., го имам правено за 1kW тороид и супер си функционира... Триакот е BTA41 или BTA40, каков што ставив јас...
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: nsu on 23.03.2017, Thursday, 07:51:56
Сакав да кажам Горан Lordzi сигурно има  ;D ;D ;D он како го изработи од Eliot тоа неговото едно оргинал тоест повеќе од Еliot има проекти како да имав јас една шема во еден Емитер гледано со реле а никако неможев да ја најдам па и Емитерите ми ги фрлија пола нема кај да се чуваат. Али оваа шема од Lordzi е топ топ. Триакот BTA41 или BTA40 го има секаде најевтин ти е во БТ електроника а во ГАЦ е нешто поскап додека во Логинг дупла им е цената но сепак ти знаеш брат немора да ти се кажува имаш вкус дупло поскап али е RoHs германска направија впрочем и јас купив три од Логинг пред некое време правев лајт шоу со сијалици тро канално. Во Логинг BTA41 е 220 денари а BTA40 е 310 денари. Додека во ГАЦ мислам BTA41 беше 160 денари еднаш на другар му наплатија. А во БТ  за BTA41 ми наплати еднаш 150 еднаш 180 како сакаат така  ;D ;D. Но и ти си мајсториште со колку лајт шоуа си работел рефлектори ротирачки светла ласери од расвета многу повеќе имаш видено од многу други. Па и работиш со електроника имаш елементи многу сигурно може и ги имаш овие тиристориве мада не е страшно вреди за тоа твоето чудовиште. Важно ќе дрма и во шеснаесетки сега удари од шеснаесетникот  ;D  ;D. А му направи ли кутија Горане за овој ѕвер ќе треба добра метална
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: goran_elektro on 23.03.2017, Thursday, 20:03:02
Нормално дека ги знам бта40 и 41, ги користиме во димерите за сценското светло ;) и кутијата е направена оддамна појачалото работи веке 2 месеци  :)
Title: Одг: Изработка на легенд стејџ мастер мк2 во стерео верзија
Post by: nsu on 23.03.2017, Thursday, 20:42:33
Ех познавајките те знам се до најситен детал ќе е уредено